- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Мортиша... мислиш дека ќе освоиш било кого ако се однесуваш или изгледаш како Мортиша Адамс? Или барем ако ти паѓа прво на памет да напишеш на форум како име - Мортиша?!Проблем.. за мене голем. Ми се свиѓа еден дечко и тој тоа многу убаво го знае. 2-3 пати се смувавме и само на тоа остана. 2 пати ми кажа не сакам да те повредам но сега не сакам да имам девојка и со тоа како да стави крај, а мене сеуште ми се свиѓа и не можам да го заборавам, едноставно ми е тешко. Правам се за да ме примети, но некако тешко. Дури и правев будала од себе, му плаќав сметки у кафич 2-3 пати, му шишував пораки на пијано, но ништо. Заедно одиме на сите поголеми организации и родендени и секој пат се надевам дека ќе напраиме нешто ама тешко. Пред една недела ми беше роденден и секако тој беше гостин, се надевав дека барем тогаш ќе се потруди да ми го напраи поубав, но тој цело време и се пушташе на една моја другарка. Избезумена сум и не знам што да правам. Секој вечер пред да си легнам, јас морам да се расплачам и кога ќе станам да изгледам страшно. Некој совет што да правам или како да го заведам ?!
Мажите се визуелни суштества. Тие сакаат добро тело, продорен поглед којшто зрачи секс. Не сакаат мистичност, не сакаат карактер ниту љубов. Сакаат секс, секс, секс, се што зрачи со секс тие го сакаат.
Во оваа фаза, можеби немаш никаков начин да го освоиш, но вреди да ја смениш тактиката којашто до сега си ја применувала. Become slutty. Не преку ноќ, ама работи на себе. Офарбај се плава, купи wonderbra, облечи танга и тесни бели пантолони и најбитно, заведи го другар му. Флертувај со сите, освен со него, make the standard what goes around comes around муабет.
Глупо е ова да го напишам, ама денеска не се осеќам расположен да „лижам“. Ако си грда, а мислиш дека си убава, све е џабе. Ако си грда и свесна за тоа, тогаш имаш шанса, со тоа што ќе работиш на себе да изгледаш привлечно за секој маж. Ако си убава, тогаш само покажи му на светот околу него дека си убава, они ќе го убедат дека треба да биде со него.
Добрата работа од сето ова е што, откако ќе ги заведеш оние околу него, ќе сфатиш дека тој воопшто и не ти е потребен. Само, за тоа треба напорна работа и трпение. Ги имаш?