Како повеќето од тука .. и јас имам проблем. Всушност,сите ние сме имале некој љубовен проблем. Но,не е поентата во тоа,туку во тоа што незнам како да го решам проблемот. Пробувам на секаков начин,но не ми оди .. да не должам,ова е мојата приказна:
Бев во врска со дечко кој на почетокот дури и не ми се допаѓаше. На почетокот сето тоа беше план со мојата најдобра другарка и секако тој не го знае тоа,а и не сакам да дознае. Но,како времето поминуваше се заљубував се повеќе и повеќе. Времето со него ми беше најубаво,со никој од претходните бивши не сум имала толко убаво поминато време. Се беше добро,до нова година .. Таа вечер се испокаравме многу така што наредната вечер тој не сакаше да дојде ниту да ме види. Поради тоа,се расплакав но ме виде неговиот најдобар другар и му се јави. Тој дојде,но јас секако не покажав никаква слабост пред него. Единственото нешто што ми остана од сеќавање за моите солзи,беа неговите зборови: Не сакам никогаш повеќе повторно да плачеш за мене. Сабаљлето кога се разбудив,незнам зошто .. му пишав дека би требало да завршиме ако не му значам доволно,а тој на тоа врати дека му значам,но не толку колку што треба за да продолжиме. На другарите им има кажано дека не сакал да ме повреди и дека подобро е вака,тој не сакал да патам и да плачам за него .. но,јас секако дека плачам..и тоа секој божји ден откако ми ја пиша таа порака. Ми беше преубаво со него,но завршивме на таков глуп начин. Пробував да го освојам,но тој се правеше како да не ме приметува ... сега му се допаѓа и друга,а тоа е факт со кој неможам да се помирам. Поради тоа,се правам силна дека не го сакам и глумам ладна,но ужасно ми е . Колку и да се смејам пред другите,во душата плачам. Што да правам,како да продолжам ? навистина ми треба некој добар совет
Ја ќе ти даам асален совет, али немој да ми ја бараш раката да ти ја подадам коа ќе бидеш долу.
Сакаш слушај ме, сакаш не.
Прво, многу е битна сериозноста на врската во која сте биле.
Не го сфаќам тоа ваше пренемагање „Он мене многу ми значи, ама ја глумам ладна пред него да не си помисли нешто“. И? Ко демек јака си сеа? =.=
Дечко ти е, не ти е некој шо го знаеш 3 дена, па да глумиш лудило пред него. Стварно не ги сфаќам ваквите врски. Ова ми е знак дека сте несериозни.
Друга ствар, тоа шо му се допаѓа друга, не е никаков битен фактор и тебе не треба ништо да ти значи тоа.
Тоа што те игнорирал, И ТЕ КАКО е битен фактор.
Го имаш гледано "He's just not that into you"? Ако не, гледај го. Ако да, гледај го ПАК. И научи ги сите quotes, ко домашна работа. И примени ги у животот твој !
Ај да ти цитирам една, што треба да ти биде повеќе од јасна:
So trust me when I say if a guy is treating you like he doesn't give a shit, he genuinely doesn't give a shit. No exceptions.
Сакаш превод?
Веруј ми коа ти велам, ако дечко те третира ко да не го боли за тебе, него СТВАРНО НЕ ГО БОЛИ ! (се извињавам на речник, само преведувам)
И немој да си се тешиш со крајот на филмот, пошо е холивуд режија и напраено е да вие женските се топите in front of the screen.
Филмот е тоа шо сакам да го научиш. Лекција.
Типот не те сака, типот само те искористувал. И заради тоа, ти треба него да го мразиш и да сакаш да му отидеш и со сета снага што ја имаш у тебе ко жена, да фатиш и да го млатиш толку силно, силно, да го боли ! (секако, да не ти паднало на памет да го напраиш ова, само почувствувај го задоволството додека си ја замислуваш сценава). Треба да настапиш агресивно, а не да се повлекуваш во себе и да кенкаш. Само се уништуваш и правиш да ти биде потешко и потешко.
Всади си идеја у главата дека „Убаво ти е. Седиш, слушаш музика, читаш книга и одмараш на убавово февруарско сонце со цвикери на глава.“, што уствари, е вистина. Седни на сонце, пушти си музика, земи си книга, стај си цвикери и chill = the act of doing nothing without being bored.
Го нема него у приказнава, приметуваш?
Ова во коешто си ти, се вика период на жалење (така ја си го викам). Лигавење без никаква цел. Не ти треба. Прескокни ги мрсулите и тешкото дишење навечер.
Што побрзо го направиш тоа, подобро за тебе.
Не контактирај со него, не му пишувај, не му ѕвони, не искачај со него извесно време. На другарките кажи им да го вреѓаат и да ти зборат дека е лош за тебе и дека не го бива (што и верувам дека ти го зборат, немораш ни да им кажеш). Јас еднаш имав договор со моите друшки, по 100 денари од секоја порака што ќе му ја пишам прва. Само еднаш ги частев xD
Кога ќе видиш дека ни он не ти се замара многу, дека не ти пишува, не те вика да искачате и останато, самото по себе ќе ти дојде да го заборавиш.
После тоа ќе можеш и да се гушкаш со него и да не чуствуваш ништо, и да не се каеш што сте раскинале, бидејќи многу си научила од тоа.
Ако некогаш, откако ќе ти помине овој период и ќе го преболиш, се осудиш да му пишеш, иди мавни си ја главата од ѕид, бидејќи, во тој момент, тоа е единственото решение да ти дојде памет. Може?! -Може.
Е фала.
А кога некој ќе ти пише дека му значиш, и дека и покрај тоа шо вашето фаќање било плод на некојси план со некоја си другарка, МАЖИ ГО ! (ако е паметен и ако е убав xD)
Читај го постов со истиот тон како кога се караш со некој, пошто да ми беше другарка, додека ти го зборев ова, ќе ти се дерев !
Не се заљубувај во секој !
Ќе ти помине ај
<3
Се надевам ти помогнав на некој начин...