....
....
Другарче, сега девојката знае дека може да те има кога ќе посака и дека си луд по неа, и сега ти си официјално една играчка со која се заебават со другарките кога им е досадно. ( не знам што си и напишал на фејсбук, или каде и да сте пишувале, ама стварно требало да си досаден или да ја повторуваш реченицата ајде да излеземе на кафе секоја секунда )...
Значи, тоа ти е првата опција, ако си наишол на 15годишна " нафурана " девојка, од друга страна пак, спомена дека не си ја видел никаде низ град, можеби девојката е повлечена, никогаш порано не била на " состанок ", немала дечко..., па сега не знае како да реагира од твоите коментари " од каде знаеш толку за мене ", си го протолкувала како " овој знае дека сум немала дечко, па сака да ми биде прв па да се фали на другарите "...
Значи, тука ние може да погодуваме со часови, денови и месеци, да измислуваме ситуации и теории, ама не те знаеме ни тебе, ниту пак девојката па не можеме никако да ти помогнеме. Мене лично ми е чудно да флертуваш преку интернет и да прашуваш некој дали сака да се види со тебе, а никогаш не сте се запознале... Уште една работа, не знам од кој град си, ако си од скопје ќе биде малку потешко, ама ако си запнал толку по девојката како две магариња што не можат да се разминат на мост.. види кои и се другарки, штом толку знаеш за неа од фејсбук, ваљда лесно е да процениш кои и се другарки, распрашај се каде тие излегуваат и прошетај се некоја вечер до таму и надевај се на најдоброто, а тоа би било: нов почеток, далеку од фејсбук : ))