Ми треба помош/совет незнам што да правам, пред едно 5-6 години на едно девојче и се свиѓав, но тогаш таа воопшто не ме привлекуваше па ја имав одбиено неколку пати. Во меѓувреме таа отиде во странство и воопшто немав никаква допирна точка со неа иако секое лето доаѓаше тука. Пред неколку недели ја видов во маало и доста се променила. Е сега можеби е тешко да се каже дека сум потполно заљубен во неа дека тоа се базира на физички изглед ама нешто чувстувам према неа. Незнам дали сеуште се сеќава на мене и дали е слободна. Бидејќи немаме никакви допирни точки освен интернетов(Фејсбук каде што ми е срам некако да ја аднам) незнам што да правам, дали воопшто ќе сака да комуницира. Незнам стварно што да правам, па некој ако имал слично искуство или знае некоја слична ситуација слободно нека каже, секој совет е добредојден