Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
да, ама јас му прам муабет, стварно искрено и од душа, а тој ми прајт имам работа, неможам да пишам се видее твоето. многу го сакам еј, многу бе.. се имам откажано од се во животов за него, од се.другарки,fb,машки контакти, абе ништо ејјј ништооо немам зарди него. го сакам мноооогу многууу мнооогууу:toe:
Терај си даље девојко, нема аир, и да се вратите заедно ќе биде чисто од корист.
Батали го.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Како што самата кажа, дечкото ја изневерил 2 пати. Овој филм со правење на љубомора и фикција како да она може да живее без него нема да запали кај таков тип. Тоа гарантирам. А и шо ќе и е таков?
A демек тоа туку така ќе го реши, да се откачи од него ?
Или ќе се откачи ако дома седи сама ?

Тоа не е љубомора, тоа е начин да си помогнеш сам на себе. Што има лошо во тоа да си ги вратиш контактите, да излагаш и да се забављаш ? Тоа не го правиш за да го направиш љубоморен, верувај тоа се познава а и глупо изгледа :helou:
 
H

^HITMAN^

Гостин

Нема ништо лошо во тоа, но ти рече ќе видиш резултати. Се сомневам дека ќе види некакви резултати, освен тоа што ќе си помогне себе си. За тоа си во право. :smir: А и нема ништо тешко да се реши некој. Го откачуваш и чао пријатно. Полесно здравје.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Нема ништо лошо во тоа, но ти рече ќе видиш резултати. Се сомневам дека ќе види некакви резултати, освен тоа што ќе си помогне себе си. За тоа си во право. :smir:
Нигде не спомнав веднаш :smir: Муабетот е дека ќе види резултати порано или покасно. Најверојатно кога дотичниот ќе го надмине мислењето кое и тебе прво на памет ти падна, дека таа се прави за да го направи љубоморен.
 
Драга sexi... :) Ако тој ја изневерил 2 пати претходно, тоа значи дека таа нему не му значи ама баш ништо.Тој само ќе се смее на таа работа. Такви се мажите. Вистина е дека некогаш таа работа пали кај некого, но треба тој навистина да ја сака или барем некогаш да ја сакал или нешто слично. Со дечково не е така.
 
H

^HITMAN^

Гостин
E aма се навикнал на нејзиното внимание. А некако потешко им оди одвиката од истото, кога ќе го снема :)
Ако ти така викаш, ок. :) Зависи од фраерот, ако има резерви и други кои му се при рака секогаш, нема да му падне ич тешко, но има и такви за кои ти зборуваш.:smir:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
да, ама јас му прам муабет, стварно искрено и од душа, а тој ми прајт имам работа, неможам да пишам се видее твоето. многу го сакам еј, многу бе.. се имам откажано од се во животов за него, од се.другарки,fb,машки контакти, абе ништо ејјј ништооо немам зарди него. го сакам мноооогу многууу мнооогууу:toe:
Жал ми е што мора ова да ти го кажам но мора да раскинеш. Тој всушност ти направил услуга со тоа што ти раскинал. Всушност и не ти раскинал туку тоа е само кавга. Па има парови каде целокупната комуникација му е како вашиот дијалог кој тој го смета како причина за раскинување. Тоа не би требало да е повод за кавага а камоли за раскин ако има љубов. Очигледно нема. Плус те ограничува, да не контактираш со други ни со мачки ни со другарки ни со фб. Тоа е диктатура девојче. Ајде ништо страшно ќе си најдеш друг со кој ќе бидиш посреќна. Олку силни емоции имаш затоа што ти бил прв во се. Затоа ти е тешко, но на сите ни било така. Па ретко кој останал со првиот. :wink:
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
:toe:..љуге, искрено ептен ептен сум некако несигурна за прв пат во животов и морам да побарам совет, се надевам ке ми помогните пошо ептен ми е гајле за дечково, едноставно ми е прв во се.бевме заедно 8 месеци, и имавме се што може да се има во една врска.бевме ептен поврзани и се правевме заедно.едноставно се заврши само со еден збор кој го каќав бидејки тој ме навреди пред тоа иако несвесно.ама стварно мислам дека не е доволна причина за да раскиниме и сакам да го вратам.ве молам за помош..Фала однапред
Значи според кажаново треба да седнете и одново без нервози да си направите муабет...можеби он ти раскинал во афект...во тој момент човек знае се да каже...
едноставно му кажав дека од нашколо ке ојме скопје
и тој: ooo orgy ке прајте таму ех ех дури и жаре да си го викниш.
јас:да, обавезно како можам да одам ск и да не се видам со него, пфф..

и ми раскинааааАА:tapp:

а важен е фактот дек имам простено две варања?:smir:
Ако те познава добро ќе ја познаел твојата иронија во исказот, ама во него се јавила љубомора... Можеби фактот што те изневерил два пати, а ти си му простила кажува дека он тебе може да те врти на мало прсте и со тебе може да прави што сака( со твојата психа мислам)...

да, ама јас му прам муабет, стварно искрено и од душа, а тој ми прајт имам работа, неможам да пишам се видее твоето. многу го сакам еј, многу бе.. се имам откажано од се во животов за него, од се.другарки,fb,машки контакти, абе ништо ејјј ништооо немам зарди него. го сакам мноооогу многууу мнооогууу:toe:
Најубаво би било да престанеш да го бараш ако веќе те откачува така...ако сака да се видите да разговарате кажи му дека знае каде може да те најдеи дека у секое време ке бидеш спремна да разговарате точно за вашето раскинување, за вашата врска, за убавите моменти па и за неубавите...
Едино би ти предложила кога ке разговарате кога ке ти рече како може да одиш у скопје и да се видиш со тој ти да му речеш а ја тебе можам да ти простам неверство така!? :)
Епа поздрав и со среќа...батали љубов глеј си тебе арно да ти биде, а чувствата со текот на времето ке поминат...од искуство ти кажувам:smir:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
да, ама јас му прам муабет, стварно искрено и од душа, а тој ми прајт имам работа, неможам да пишам се видее твоето. многу го сакам еј, многу бе.. се имам откажано од се во животов за него, од се.другарки,fb,машки контакти, абе ништо ејјј ништооо немам зарди него. го сакам мноооогу многууу мнооогууу:toe:
Исто ме има снајдено!
Мавни му ги клоците да се чуди колку боли !
Патем, можеш да му го кажеш сето она што те нервирало кај него ама си го криела. И така сочно и злобно да му го кажеш тоа! Ќе го боли до смрт. Заеби дека го сакаш. Љубовта е минлива работа. Гордоста е таа што те прави човек, а ти во случајов си ја газиш гордоста ради некој што те има и изневерено. Значи веќе те има згазено како гомно. Биди цврста, издржи. Во упорноста е успехот. Ќе видиш дека ќе се исплати. Ќе помине време, ќе почнеш да го гледаш со омраза кога веќе ќе престане љубовта. Верувај дека е така. Не му попуштај добро ги знам тие врсти на машки мислат светот околу нив се врти. Со тек на време избегнувај врски и мувања... Знам дека е тешко и дека си сама, кажа дека се си изгубила ради него. Но и тоа не е толку страшно како што изгледа. Ќе си најдеш друштво. Сигурно имаш братучедки или некои блиски роднини на твоја возраст, можеш да се дружиш со нив.
Излегувај, шетај, фокусирај се на други работи во животот. Пиј ако ти се пие и тоа помага. Можеш без него, верувај, кога ќе видиш колку е убав животот кога сама си го кроиш а не некој сосем трет што има проблем сам са собом и со својата самодоверба. Неможеш без здравје, пари и љубов од родителите и блиските, без него лесно е. Ќе се најде некој друг што ќе го замени и ќе те прави среќна во животот. Некој кој ќе те цени и почитува таква каква што си без да прави љубоморни испади.
Секое добро јас верувам дека си доволно силна да го поминеш овој период. Биди само упорна и ќе видиш дека се исплати.
Еве ти подарок од мене...
:smir:
 
Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Луси,

Ти ќе процениш најдобро - битно е се да биде спонтано и ненаметливо - спонтано да се зближите и да поминувате повеќе време заедно
Нема штета и да се дружиш повеќе и со неговото друштво, веројатно тие негови другари имаат девојки ... или доколку излегуваат на пијачка да одиш и ти ... ќе земеш другарки и сите заедно ќе се зезате ... јас сум либерална по тоа прашање и досега така сме ги решавале работите (потребите) со партнерите ... и за среќа сум немала никогаш проблем за тоа

Поззз и пиши како оди

Епа јас донекаде и успеав да ги спојам друштвата. И со девојките на неговите другари добро стојам. И либерална сум и и јас сакам слобода и несакам на никого да вршам притисок и да го приморувам на некои работи. Само ми е страв дека не сме доволно блиски со оглед на нашата 2 месечна врска. Незнам, се надевам ќе се подобри со тек на време, ќе почекам уште пред да одлучувам.
Благодарам многу на советите.
:)
 
V

Viktor g

Гостин
вака барам ваше мислење имам “врска“ и се беше ок на почетокот цело време ни одеше добро но она нагло го смени односот ме избегнува на фб , не ми одговара на повиците и смс пораките ме избегнува на скајп итн . Ја видов вчера конечно тргнав кон неа а таа се сврте и си замина ко да не ме познава. Незнам и не разбирам во што е проблемот барем може да ми објасни и да знам заедно сме или не:nesum:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
вака барам ваше мислење имам “врска“ и се беше ок на почетокот цело време ни одеше добро но она нагло го смени односот ме избегнува на фб , не ми одговара на повиците и смс пораките ме избегнува на скајп итн . Ја видов вчера конечно тргнав кон неа а таа се сврте и си замина ко да не ме познава. Незнам и не разбирам во што е проблемот барем може да ми објасни и да знам заедно сме или не:nesum:

Немаш врска. Само кога ќе успееш да ја прашаш тоа и официјално ќе го дознаеш.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
вака барам ваше мислење имам “врска“ и се беше ок на почетокот цело време ни одеше добро но она нагло го смени односот ме избегнува на фб , не ми одговара на повиците и смс пораките ме избегнува на скајп итн . Ја видов вчера конечно тргнав кон неа а таа се сврте и си замина ко да не ме познава. Незнам и не разбирам во што е проблемот барем може да ми објасни и да знам заедно сме или не:nesum:
Ова виртуелна врска имавте?:)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
вака барам ваше мислење имам “врска“ и се беше ок на почетокот цело време ни одеше добро но она нагло го смени односот ме избегнува на фб , не ми одговара на повиците и смс пораките ме избегнува на скајп итн . Ја видов вчера конечно тргнав кон неа а таа се сврте и си замина ко да не ме познава. Незнам и не разбирам во што е проблемот барем може да ми објасни и да знам заедно сме или не:nesum:
После вакво одбегнување сеуште мислиш дека сте заедно?:uvo:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom