Кент
Професионалец
- Член од
- 16 февруари 2010
- Мислења
- 255
- Поени од реакции
- 15
Здраво Марија (претпоставувам дека се викаш Марија ).нема ни да се јави ни ништо завршено е (((((( не сакам крај (
Ти ги читав мислењата и имам неколку прашања за тебе:
1. Велиш дека сакаш да го вратиш и дека сте биле заедно година дена. Некако не ја сфатив приказната зошто сте се скарале.
2. Дали тој те оставил тебе? доколку случајот е таков, не се обидувај да го вратиш. Само ќе се повредиш и понижиш сама себе. Може ви било убаво, НО... (да да секогаш има НО). Но, тоа веќе завршило. Крај. Точка. Да, вистина е дека ќе ти фали. Вистина е дека ќе сакаш да биде покрај тебе. Но, исто така вистина е дека штом тој се одлучил на ваков чекор има причина. Исто така вистина е дека сега те повредил. Вистина е дека може и нема да сака да те види или слушне. Можно е да е вистина и дека уште те сака. Но, исто има и една поголема вистина: Никој не знае што има додека не го загуби.
Обиди се да си продолжиш со животот. Може ќе се запознаеш со некој подобар од него. А во моментот кога тоа ќе се случи, типот ќе сфати што имал и ќе ползи по тебе. Но, тогаш ќе биде доцна.
Тоа е се што имам да те советувам.
п.с. Не зборам на памет. Знам точно што ти кажувам :smir: