Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
ХЕЛОУУУУУУ РАЗЛИКАТА СЕ ГЛЕДАААААААА
немој некој ни случајно да ми рече дека 30 годишник и тинејџерка исто размислуваат па се вљубиле
нити тој сака нешо фазла од нејзиниот паркинг за својот јагуар нити таа има моќ да го употреби својот мозок
џабе се совети, зошто ТАА ГО САКА остај ја нека се опече па ке свати
така оди тоа искуството е најдобар учител
 
rkalo88

Били Талентиран
Член од
26 август 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
тежок проблем ... претежок ...

Еве вака ... иам една другарка ... иде со инвалид ... ама она има идено со него и порано ... ама раскинаа ... и сеа типов кога се утепа она пак се фати со него ... од жал ... колку да му пружи поддршка ...
Е сеа ... време е да се разделат ... а знам дека типот не ја сака ... туку очаен е ... и му треба некој ... а другаркава не го сака него ... и ми бара совет од мене како да му раскине ... ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ ШТО ДА И КАЖАМ ЕЈ ЌЕ СЕ УБИЈАМ ВИШЕ !
:tapp:
 
babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92

Епа сега за колку да се рече ако се фатила пак со него , незнам што уствари и бара помош од тебе кога самта да не речам ама си го барала.
Можела фино лепо ако ете толку сакала да му помогне во тешките мигови да се постави поинаку, пријателски а не да иде со него па сега да незнае како да го откачи......А и он ако не ја сака како што кажуваш , само ја искористил ситуацијата , аја искористил и добрината на другарка ти..

јас мислам вака ако некој друг мисли поинаку ке ти каже.
 
се согласувам со тебе ... ама финтата беше ... не да ги осудувам сеа зошо се фатиле или било што ... туку ... како да му кажеш на инвалид дека сакаш да раскинеш со него ?
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ако и` сметало што е инвалид не требало воопшто да се фаќа со него. :toe:
Значи сигурно има и причина плус, а кога ќе му ја каже, автоматски тоа ќе станe "начинот на раскинување". Просто и едноставно.
Плус, не знам зошто ова толку тебе те засега - нивна работа, или нека си ја решат или нека кршат глава.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Нека му рече “Другар ми ќе се убие ако не ти раскинам.“:pipi:

Не озбилно, има и други начини да пружиш поддршка, доволно е и да кажеш “Ок е, тука сум ако ти треба било што“, наместо “летс мејк аут“.
И многу е лејм да бидеш со некој од сожалување. На страна “Мајка Тереза“ моментот дека не е фер спрема таа личност, туку треба да си мазохист за да се обврзуваш кон некој со кој реално не сакаш да бидеш.

Така да, нека е искрена другарка ти.
Не мора да се во љубовна врска за да му биде поддржка.:toe:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Нема потреба од осудување и мудрување. Детето само побара мислење за проблем на некој негов близок, што по мене е за пофалба.
Во врска со проблемот штом се фатила девојката на орото нека го доигра достоинствено до крај.
Не кажа каков е ставот на дечкото кон неговата инвалидност. Колку и како ја поднесува (со оглед на фактот дека претходно бил без инвалидност колку што прочитав). Многу влијае дали и колку и какво е оштетувањето (инвалидноста). Влијае и кога се случило и колку дечкото е подготвен психички да живее со тоа.
Ако гледа во неа начин да преброди некои моменти девојката може чисто човечки да биде околу него одреден период. Не постојано, не на сметка на откажување од сопствениот живот, туку одредено време додека и он стане свесен дека немаат заедничка иднина. Постепено нека пробува да го оддалечува од себе, ама постепено и внимателно.
Не мора се` да се сведе на љубов, понекогаш може и човечноста и сочуствувањето кон состојбата на другиот да биде мотив да поминеш одредено време со другиот.
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50

..ова ти е најбољи совет...:helou:
 
Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
После толку размислување дали да пишам еве денес одлучив.
Еден мој другар оди со девојка му 2ипол години. Кога ке ги здогледаш како се шетаат среќни одма на ум ке ти падне - Ке има нешто од нив, тие се создадени еден за друг, но по неколку разговори што ги правев со другар ми не е така.
Тој ми се жали дека сеуште не спиел со девојка му, или поточно сеуште немале секс а се во врска значи колку што кажав.
Ми се жалеше оти како и секое машко има потреба, и има веке 20год. а сеуште немал односи со никоја (а тоа е вистина 1 женска му е).
Прв пат за таа тема зборувале со девојка му кога биле 8 месеци во врска но таа му рекла дека сеуште не е спремна и почнала да плаче (имала 18год.)
Тој ја сватил и и рекол: Дека ја разбира и ке исчека уште многу време за да биде спремна оти ја САКА а не или дај ми или раскинуваме. Значи тој сакал тоа од љубов да го стори а не да ја искористе.
Тие беа 2 год. на одмор, повеке од 20 денови имат спиено заедно ама до сексуално задоволство никогаш не дошло. И кога тој ке се обидел барем да ја бакнува на интимните места таа му рекла - АЈДЕ НЕ ВЛЕГУВАЈ ВО ФИЛМ!? А инаку девојка му како што ми раскажуваше другар ми многу малку знае за овие работи, не се интересира и не и е важно тоа, таа мислела оти многу ке боли, имала страв да не остане бремена... и секогаш ја прескокнувала оваа тема на разговор.
Мојот другар сеуште ја сака многу но таа во последните неколку месеци уште повеке се променила станала по-дива, многу ретко да покаже интерес да го бакне на другар ми, секогаш тој инсистирал на тоа...
Продолжува...

А да кажам уште дека мојот другар е многу добро дете никогаш не и писнал на девојка му а за друго да не правиме муабет (мислам за тепање) секогаш и ги исполнува нејзините желби ама и на него му ,,пукнал филмот,, и и рекол: САКАШ ЛИ ДА РАСКИНЕМЕ? Таа му одговорила НЕ!
А врската им е озбилна, се знаат дури родителите на другар ми со родителите на девојка му. Таа оди кај нив на гости а тој е бил кај нив 5-6 пати.
Во заблуда е другар ми не знае дали да и раскине или да продолжи да си чека, и да си чека... А секоја вечер да го боли срцето оти таа одбива да спие со него.
Па на крај крајови има и други женски!
И уште нешто тие се иста генерација (по 20год.) ни другар ми ни девојка му немале претходно други врски а нормално ниту секс со други.
За девојка му: таа е мирна момичка, секогаш кога другар ми не излегува го прашува дали таа може да излезе, секогаш му помага на другар ми за секакви потреби од животот, работна момичка, не гледа по други машки и си стои на својот став дека таа има дечко и не сака да го менува бидејки го сака!!!

Мој коментар:
Ако го сака зошто одбива да имат секс а нема здраствени причини!?
Па не е малку 2ипол години?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Зашо осеќам дека девојка му во слободно време растур се праи некаде на страна... не мора да е вистина, ама... :toe:
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Нема врска. Ако на друго место прави растур, би правела растур и со дечко и. Очигледно е дека се плаши. Ама тоа „не влагај у филм“ па не ми штима. Не знам, чудно е. 20 год. има а вика „не влагај у филм“ ? Има страв дејчето (=
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Alien_sr напиша:

Ако го сака зошто одбива да имат секс а нема здраствени причини!?
Па не е малку 2ипол години?
Нека седнат на убав разговор и да и каже сега тој, таа да излезе од филмот, да ја праша што и е проблемот, зошто очигледно го има, а ако почне да му се мутилави и да цвика нека си замине, има и други кои би биле со него и би му возвратиле на љубовта и сите НОРМАЛНИ чуства и потреби проследени со неа, па и сексот.

Ај на облог дека ќе му рече: се чувам до бракот, мама така ми рече.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Alien_sr напиша:
Мој коментар:
Ако го сака зошто одбива да имат секс а нема здраствени причини!?
Па не е малку 2ипол години?
Се плаши дека ќе ја боли, гарант :)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Се плаши дека ќе ја боли, гарант :)
да ама никој не умрел од тоа :)

Јас мислам дека треба да разговара со девојката, нема ништо страшно во тоа, сексот е дел од љубовта и од една врска. Девојчето очигледно се плаши пред се од бременост и од несакани последици. Но постојат толку заштитни средства така да треба да се разговара друг начин нема. А дечко и ако постојано молчи и не ја спомнува таа тема на разговор тогаш прв пат ќе имаат за прва брачна ноќ. А може и тогаш страв ќе и е. Плус тогаш ќе ја боли дупло повеќе отколку ако сега има односи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom