Vljubenost vo zenet covek,kako da prekinam so ovaa zivotna igra i da se smiram sebe si i da se ubedam deka postoi SREKA i podaleku od sredbite so nego!
Ve molam bidete seriozni!
Конечно проблем шо вреди да се размисли...
Луѓето, жените особено, имаат една пасија односно фалинка у глаа, да сакаат да го имаа она што не смеат. Шо вика Д чоусен уан, и у библија го има истото спонато, делот со јаболкото, ти текнува.
Е сега, совет неможе ниеден форумџија да ти даде како да се ослободиш од тоа чувство. Ако си тип на човек кој сака да ужива во животот потешко ќе ти биде, ако си принципиелист и пресечеш во еден момент и решиш да не го гледаш, ќе ти помине полесно.
Е сега (2), не ја гледам пак причината зошто би требало да се откажеш од нешто што ти се допаѓа. Ако е женет не значи дека е неспособен да те прави среќна, напротив. Твое е да разбереш (од себе) што сакаш ти од него. Сметај на тоа дека ти за него си само ослобудвање од стегите на бракот и ужива во сексот со тебе. Можеби секогаш ќе останеш за него само девојката на страна со која може да се опушти и ужива. Секако, може да те засака па да ти се посвети комплетно и да се разведе, но тоа не е твој проблем воопшто. Не размислувај за морал (јас не би), затоа што тој е должен да го чува својот брак, а не ти. Значи ризик постои, како и секогаш, ако сакаш да се забавуваш, продолжи, ако сакаш сериозна врска, биди уверена дека си се заљубила во погрешен човек. А тоа за мене не е воопшто љубов, тоа е лудост... заљубеност е кога двајцата партнери го чувствуваат истото, во спротивно не е Љубов по дефиниција.
Животот носи разни проблеми. Некој е педофил, некој се заљубува во ист пол, ти си заглавила со женет човек. Проблематично е знам... но што можеш?