Кога ќе посветиш иста количина на љубов, време и внимание на самиот себеси, тогаш мислам дека ситуацијата би ти се променила.
Јас сметам дека ниту една врска не е лесна, секоја врска тражи компромис, меѓусебно разбирање и почит, како и потполна доверба.
Мислам дека имаме малку погрешна перцепција за што тоа е љубов, а што е уствари страст. Многу често кога некој ми опишува што за него претставува љубов одма моабетот ми алудира на страст, а не на љубов. Страста јас би рекол дека е краткотрајна, а љубовта (меѓусебната почит, разбирање, доверба, компромиси, грижа и прифаќање) е тоа што ја движи врската, бракот или заедницата.
Јас би рекол дека е клучно и самото место на запознавање, т.е каде се запознаваш со личноста, мислам дека у голем број случаеви може да тоа да ти каже многу за личноста.
А у врска со разочарување, итн, најразочаран од врска излегува тој што најмногу сакал во таа врска, имај го ова на ум. Покажување и давање љубов е многу убава работа, но не секој ја заслужува.
Биди ми поздравен!