Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Не ми е јасно каде ги наоѓате таквите цело време, o_O не знам во какви кругови се движиш ама размисли зошто имаш таков патерн, зависи од кој критериум тргнуваш, луѓе се палат на цицка и после се чудат зошто завршиле со крава...
Да знаеме точно какви се луѓето пред да ги запознаеме ќе беше перфектно.
Сакам само фино и културна девојка што нема да се фолира но среќата ми е поинаква....
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Сакав да ти пишам порака но немаш овозможено па ќе морам тука.
Во кратки црти со последната девојка бев максимално коректен и посветив љубов време и внимание,во очи ми кажа дека ја правам многу среќна за два дена потоа да одлучи дека треба да прекинеме без никакво нејзино образложение.
Прво тргни го очекувањето дека со секоја што ќе имаш нешто, треба да стане сериозно.
Имаш голем дел што се плашат од сериозна врска, и ако те видат со тој памет, ќе те банираат уште на почеток.
Други пак ако веќе влегуваат во сериозна врска, сакаат да исполнуваш одредени услови (висок, убав, пари, моќ и тн.)

Во превод, уживај, терај си го животот, и не влегувај со преголеми очекувања во ниту една врска.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Фин сум,културен,кавалер и секогаш сум коректен.Посветувам љубов,време и внимание но никогаш не го добивам истото за возврат,најчесто ме повредуваат и разочаруваат,никако не можам да најдам некоја со која што ќе се кликнеме и со која се ќе биде лесно.
Ми здосади веќе и сум многу разочаран.
Незнам каде грешам?
Тоа 'кликнувањето' не се бара, едноставно се случува.
 
J

joli1

Гостин
Фин сум,културен,кавалер и секогаш сум коректен.Посветувам љубов,време и внимание но никогаш не го добивам истото за возврат,најчесто ме повредуваат и разочаруваат,никако не можам да најдам некоја со која што ќе се кликнеме и со која се ќе биде лесно.
Ми здосади веќе и сум многу разочаран.
Незнам каде грешам?
Кога ќе посветиш иста количина на љубов, време и внимание на самиот себеси, тогаш мислам дека ситуацијата би ти се променила.

Јас сметам дека ниту една врска не е лесна, секоја врска тражи компромис, меѓусебно разбирање и почит, како и потполна доверба.

Мислам дека имаме малку погрешна перцепција за што тоа е љубов, а што е уствари страст. Многу често кога некој ми опишува што за него претставува љубов одма моабетот ми алудира на страст, а не на љубов. Страста јас би рекол дека е краткотрајна, а љубовта (меѓусебната почит, разбирање, доверба, компромиси, грижа и прифаќање) е тоа што ја движи врската, бракот или заедницата.

Јас би рекол дека е клучно и самото место на запознавање, т.е каде се запознаваш со личноста, мислам дека у голем број случаеви може да тоа да ти каже многу за личноста.

А у врска со разочарување, итн, најразочаран од врска излегува тој што најмногу сакал во таа врска, имај го ова на ум. Покажување и давање љубов е многу убава работа, но не секој ја заслужува.

Биди ми поздравен!
 
Да си жив и здрав најубаво ги образложи работите од сите до сега.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.014
Сакав да ти пишам порака но немаш овозможено па ќе морам тука.
Во кратки црти со последната девојка бев максимално коректен и посветив љубов време и внимание,во очи ми кажа дека ја правам многу среќна за два дена потоа да одлучи дека треба да прекинеме без никакво нејзино образложение.
Мажот треба да има други активности каде што се остварува како личност. Врските со жените се само додаток, релаксација од другите животни проблеми. Најголемиот број мажи ја прават истата грешка, влегуваат во врските како да е тоа местото каде што потполно ќе се остварат, што е потполна глупост. Како што велеше премудриот Ниче, Мажот треба да се воспитува да биде војник, жената треба да се воспитува да биде одмор за војникот. Се друго е глупост.

Не смееш да ги земаш жените и врските премногу сериозно, ништо значајно и големо не се случува реално таму, освен продолжување на врстата. Се друго е лага и илузија.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.227
Мажот треба да има други активности каде што се остварува како личност. Врските со жените се само додаток, релаксација од другите животни проблеми. Најголемиот број мажи ја прават истата грешка, влегуваат во врските како да е тоа местото каде што потполно ќе се остварат, што е потполна глупост. Како што велеше премудриот Ниче, Мажот треба да се воспитува да биде војник, жената треба да се воспитува да биде одмор за војникот. Се друго е глупост.
Совет до мажите.

Еве ова е рецептот според кој треба да се градите. Испринтајте и научете го на памет. Толку е просто :pipi:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.153

Ич не е просто..ова е толку сложена работа, иако делува лесно....но оди спроведи ваква војничка тактика на терен.
Јас не би сакала да сум одморалиште на војникот.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.227
Ич не е просто..ова е толку сложена работа, иако делува лесно....но оди спроведи ваква војничка тактика на терен.
Јас не би сакала да сум одморалиште на војникот.
А што сакаш да си ти на војникот?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.153
Или во превод, одморалиште. :D
одморалиште звучи како паркинг на автопат...не, никако...не е само да се одмори, туку и да се наслади, да напуни душа и очи со љубов....и бла бла.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom