Малку ми е глупаво што за ист проблем барам совет ама немам каде да се обратам, бидејќи пак ме гуши.
Помина долго време откако поради извесни причини прекинав врска со човек со кој иако завршив и го нападнав на темата јас го сакав искрено и вистински...Мислам дека за прв пат се предадов целосно на човек за кој сум свесна дека не заслужил, ама ете, тие беа околностите, тоа подоцна сфатив. Сакав човек кој за мене не се трудеше како што се труди за неговата моментална партнерка со која планира иднина. Немав добиено внимание и љубов, и тоа што го добивав, беа само трошки, не почувствував дека ме сака, ниту еднаш. Целта на некој начин му беше да ме искористи, и да не е така, така се чувствувам. Тоа што го добива таа од него, јас не го добивав и на некој начин почнав да се чувствувам безкорисно и помалку вредна. Настрана сето тоа, ама се чувствувам како да ми има починато блиска особа.
Што се случува моментално? Откако се случи тоа и поминаа 6 месеци од нашиот прекин, јас не можам се уште да си дојдам при себе, не можам да се соберам и да тргнам напред.
И да започнам нешто со некого, дали во блиска или далечна иднина јас после ова фијаско секогаш ќе се сомневам во партнерот, во неговите намери, во неговата љубов и однос кон мене.
Многу пати зборував и на крајот секогаш завршувало со караница со мајка ми бидејќи таа е убедена дека тој глуми а јас имам свои сознанија за нештата и поради нејзиното лупетање мене ми е потешко. Секогаш кога сакам да заборавам и да одјебам се, таа ќе ме праша за него, и сет постигнат успех да не се замарам и да продолжам напред паѓа во вода.
Се на се, се наоѓам во лавиринт од кој што е тешко да излезам.
Со кого и да се запознаам, со кого и да започнам комуникација, мене ми е тешко да се поврзам.
Има еден дечко кој го гледам секој ден, убав е, мирен, повлечен, работлив, има чувства за мене,
но јас не сакам ништо, не затоа што не сум подготвена туку затоа што во мислите ми се врти нашата последна средба со бившиот партнер и неговите упатени зборови и однос кон мене.
Се трудам да не се замарам, да не мислам, но секогаш ќе се појави нешто што нема да ми даде мир, да ме потсети на него и така се во недоглед.
Утрово започна супер, решена да оставам се зад себе, макар последно да ми е, еден повик ми уништи се.
Од секогаш сум била лојална кон партнер, верна, подготвена да дадам се од себе, но полека сфаќам дека тоа не е клучното за успех.
Се осеќам како кеса полно со ѓубре.