Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Не ми се читаат сите постови, ги скролнав набрзина.

Постовите, т.е опциите што ги доби се одраз на зреаноста на луѓето и твојот избор ќе те дефинира и тебе. Имено, најлоша опција да ја избереш е да си тераш додека ти е убаво. Имаш 25 и мора некогаш да зрееш и да сносуваш одговорност, сте се плеснале, океј, тебе ти било потребно, нејзе исто, но безразлика како дошла до таа ситуација, ситуацијата на девојката е различна и нормално е да има различни приоритети како барање озбилно нешто за во животот. Воопшто не е фер на некому во таква ситуација да му го трошиш времето само оти ти е убавo, терај додека било убаво... како бе така, пиче се наоѓа со 3 инстаграм муабети, не биди/бидете очајни.

Вторите предлози за проблемот се океј и не треба да се судат. Откачување. Тука имаме пак незреаност но во сосема позитивен контекст, уште си дете и млад и во друга фаза на животот и рано ти е за фамилија, поготово со веќе родено дете. Toa значи дека уште се оформуваш и созреваш и некаде натаму нема да го гледаш таквото дете на нечија жена како проблем. Да не глумиме светци, сепак.

Третата страна е прифаќање на детето и си веќе во зреана фаза. Всушност прифаќањето или не е дел и од првите предлози, ситуацијата е таква што од старт ти налага прво да го решиш тој проблем, дали ти е океј и дали го прифаќаш, па согласно со одговорот на тоа прашање ќе го добиеш одговорот на сите. Aко го прифаќаш, прифаќаш од старт врска која носи повеќе одговорност и треба така да се понашаш. Ако не си спремен за такво нешто од старт, батали.

Другата страна на проблемот не може никој да ти го реши, бидејќи секое мислење ќе биде субјективно и стереотипно. Некој ќе ти каже батали ја курвиче е, а некој ќе ти каже сакај ја, и таквите мајки заслужуваат љубов и може било наивна ненамерна бременост и девојчето е срце. Тоа е веќе расудување на карактер и треба само ти да си го направиш базирано на твоето искуство со девојчето. Утре може да те извара а може да биде и жената на твојот живот.

Со среќа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
Колку е лесно да се суди од страна, за сите знаеме да кажеме, да залепиме етикети а ние сме светци, безгрешници.

Другарка ми, остана трудна, се зеде со типот после 2 години врска , на него преку ноќ му текна да ја остави бидејќи не бил подготвен за да издржува фамилија, и ја остави, сама, не го гледа ниту детето, не му беше ниту на роденден. Си седи дома со мајка и татко, 30 години има и го мрзи да крене потешко од вилушка.
Кој е виновен тука? Пак женското кога се ебавало без заштита?
Сега сите треба да ја гледат како еден вид терет и никој не смее да ја погледне зошто има дете?

Вистина е дека две недели е краток период за да знаеш дали е некој вистинскиот за тебе, ама додека им е убаво нека тераат.
Не знаеме што се случувало, зошто детето не е прифатено и ред други работи ама престанете да вадете теории и да си вртите како што ви одговара.
Ја знам неколку случаи вакви ко на другарка ти, и во сите тие случаи познато беше со што човек си фаќаат работа. Значи вината е кај двајцата партнери, ниту некој сосила и го избрал дечкото ниту ја затруднил. А дечково што бара совет, нема никаква вина во оваа ситуација.
Ако не е спремен дете да чува, има и други девојки. А и за девојката има поспремни машки што нема да киднат коа ќе згусне.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Не ми се читаат сите постови, ги скролнав набрзина.

Постовите, т.е опциите што ги доби се одраз на зреаноста на луѓето и твојот избор ќе те дефинира и тебе. Имено, најлоша опција да ја избереш е да си тераш додека ти е убаво. Имаш 25 и мора некогаш да зрееш и да сносуваш одговорност, сте се плеснале, океј, тебе ти било потребно, нејзе исто, но безразлика како дошла до таа ситуација, ситуацијата на девојката е различна и нормално е да има различни приоритети како барање озбилно нешто за во животот. Воопшто не е фер на некому во таква ситуација да му го трошиш времето само оти ти е убавo, терај додека било убаво... како бе така, пиче се наоѓа со 3 инстаграм муабети, не биди/бидете очајни.

Вторите предлози за проблемот се океј и не треба да се судат. Откачување. Тука имаме пак незреаност но во сосема позитивен контекст, уште си дете и млад и во друга фаза на животот и рано ти е за фамилија, поготово со веќе родено дете. Toa значи дека уште се оформуваш и созреваш и некаде натаму нема да го гледаш таквото дете на нечија жена како проблем. Да не глумиме светци, сепак.

Третата страна е прифаќање на детето и си веќе во зреана фаза. Всушност прифаќањето или не е дел и од првите предлози, ситуацијата е таква што од старт ти налага прво да го решиш тој проблем, дали ти е океј и дали го прифаќаш, па согласно со одговорот на тоа прашање ќе го добиеш одговорот на сите. Aко го прифаќаш, прифаќаш од старт врска која носи повеќе одговорност и треба така да се понашаш. Ако не си спремен за такво нешто од старт, батали.

Другата страна на проблемот не може никој да ти го реши, бидејќи секое мислење ќе биде субјективно и стереотипно. Некој ќе ти каже батали ја курвиче е, а некој ќе ти каже сакај ја, и таквите мајки заслужуваат љубов и може било наивна ненамерна бременост и девојчето е срце. Тоа е веќе расудување на карактер и треба само ти да си го направиш базирано на твоето искуство со девојчето. Утре може да те извара а може да биде и жената на твојот живот.

Со среќа.
Две недели интернет комуникација се виделе еднаш два пати и детево прашува на форум што понатака.
Емоционално созреан колку штотуку испилено пиле.
Не е проблемот во тоа што прашува се е тоа ок, ама па од друга страна со девојка која што веќе има дете, не дека детето е некаков проблем но овие што ти ги нарекуваш не зрели имаат поинаков начин на размислување, зошто некој би чувал туѓо дете поготово ако и тоа дете падне на негов финансиски товар. Очајни самохрани мајки има се повеќе и повеќе, и од како ќе слегне меден-месец фазата детиштава што го брцнеле у млада мајка не знаат на кај да фатат.
Да е ситуацијата поинаква, тоест тој да ја оставил бремена после толку краток период ( и тогаш дискутабилно ) за каква созреаност и прифаќање се работи тука ?
од лично искуство што подалеку од самохрани. Пред многу години мене ми се случи после само две три недели познавање и 5/6 пати гледање да ми каже дека и касни. Знаеш ли кој стрес беше тоа ?
А имотна, со бизниси со недвижности и што ти уште не, мене спермата ми удри у глава а таа се понадева дека нашла татко за нејзиното 10 годишно дете. Ветуваше и пари и фирми и чуда. Тестот за бременост испадна негативен ( за среќа ) за после два месеци седење у буквално никаква врска, почна да ми товари обврски околу детето, носење на фудба земање од школо и слично, на крајот си избегав пошто татко му кој живееше на 2 км и беше цитирам скот гад психопат не се грижеше за него, е арно ама имало и зашто тој не се грижел за него ( секој пат кога ќе дошол да си го види детето имало сцени тепачки, пријавување киднапирање во полиција итн итн )
А самохраниве ите како се радодајки и не чекаат да за да се плеснат, па ако може и да врзат некое наивно глупо при процесот уште подобро, не им е срам дури и детето да го употребат за да те врзат емоционално и да ти набиваат вина после да не ги оставиш.
Ситуацијата само он си ја знае, иако мислам дека таа да нема дете ни HI немала да му пише на фб, али ако слободен дечко без обврски е спремен да прифати личност со понеска сексуална и опшествена вредност од неговата ( уствари кој го знае и него каков е во рл ) нека тера и нека му е со среќа.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Абе не спомна детето дека сака да ја жене одма. Ама драма сте направиле.Нека си ужива детето додека трае убавината и разбира се со памет у
...важно спомна дека САКА да ја „жене“ !
Таа и пред мене се гледала со неколку луѓе и тоа ме става во мисла - да ја земам за жена (во иднина), а да ме изневерува?. Хм....
... важно со две недели познанство веќе помислува дали да ја зема за жена или не (во иднина) која за него ќе биде сегашност ако не се откачи!
А @bijons дај молим те не ставај меродија у секоја манџа, посебно не у вакви теми. Ти си последна личност која треба да дава совети некому. Желна си за центар пажња. Отвори си там некој блогерај па пишувај до миље воље.
...како член на форумов имам право да коментирам секаде освен каде сум банирана, оти и да сакам не можам таму, нели? инаку за другото што пишуваш нема да коментирам, ТИ си знаеш и твој карактер е! (y)
На пример, јас би обрнала внимание на тоа како женава се однесува со детето - ако е мајка што го воспитала и се посветила на него, тоа зборува многу позитивно за неа.
... тоа го прашувам и јас колкаво е детето и штом го родила станала „мнооогу позрела од порано“ а имала повеќе „луѓе“ за тоа време т.е. двајца со по година и пол? и сега решила „да не си игра и да не лаже“ и отишла самоиницијативно на гости кај членов?
...прашав со детето отишла или без него? и колкаво е.. бебе ли е? големко ли е? која мајка ќе пушти бебе само и ќе оди сама по своја воља кај маж која го знае само две недели и тоа не од ист град? а?

...тоа е тоа.... ама нема одговор од дотичниов член, ни пикна тука чивија со негова молба за совет и „исчезна“ од форумов ама присутен е ги чита коментарите ама не возвраќа со коментар...баш ме интересира зошто? :toe:
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Ниту јас ги прочитав сите мислења, стварно делува краток период (2 недели). ама јас и мојата партнерка се земавме по само 2.5 месеци врска.
Да сум ви пишел на форумов тоа време сигурно ќе сте се шлогирале и слични коментари ќе сте имале. Па како си ја земал за 2.5 месеци, па она е 6 години постара, ти си детенце...амааа, еве, три ипол години потоа сме сеуште заедно и јебеш га, завчера праеше тест, ќе имаме дете.
Можеби и стварно не треба да брза момакот, стварно 2 недели е краток период. Ама ако нешто од внатре те тера да си со нејзе, слободно и нема што да бараш совети на форум каде ќе добиеш илјада најразлични мислења.
Јас би го советувал @Jordanco djani 1 да размислиш како што треба и без никој да ти се меша, сепак, ти си тој што ќе го живее тој живот.

Пак ќе повторам, 2 недели е краток период за вакво нешто ама на некој може и да му се доволни, може она има се што он бара.
 
Член од
14 јуни 2018
Мислења
77
Поени од реакции
36
Фала на сите форумџии на квалитетните совети, а фала им и на оние кои буквално ме однесоа на стрелање. Од кај ви се собрала толкава омраза и зла крв, јас не знам. Едноставно пбарав совет - како вие би постапиле во мојата ситуација. А не да ми солите памет дали сум јас ненормален, дали девојката е неодговорна мајка или не знам што.

Бидете поздравени и злобата ваша да ја сеете на друга почва :)
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231

Зошто толку дрскост? Побара совет и ти го дадоа, тоа што не го прочита она што го сакаш е друго.
Секој ти даде мислење од својата гледна точка и треба да го прифатиш туѓото мислење.
Ако мислиш дека вреди оди со нејзе, нека ви е со среќа, ако мислиш дека не можеш да се сносиш со одговорноста тогаш барај ја среќата на друго место.
Се зависи од тебе но и од неа како ќе течат работите.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Фала на сите форумџии на квалитетните совети, а фала им и на оние кои буквално ме однесоа на стрелање. Од кај ви се собрала толкава омраза и зла крв, јас не знам. Едноставно пбарав совет - како вие би постапиле во мојата ситуација. А не да ми солите памет дали сум јас ненормален, дали девојката е неодговорна мајка или не знам што.

Бидете поздравени и злобата ваша да ја сеете на друга почва :)
Па јас и не знам зошто овде побара помош кога се знае колку осуда и омраза има кога некој ќе избере некоја со дете, друга религија или боја на кожа, најубаво е кога сам ќе си размислиш, а не да слушаш туѓ совет.

Овде само жени светици бараат и не прават деца пред брак.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Фала на сите форумџии на квалитетните совети, а фала им и на оние кои буквално ме однесоа на стрелање. Од кај ви се собрала толкава омраза и зла крв, јас не знам. Едноставно пбарав совет - како вие би постапиле во мојата ситуација. А не да ми солите памет дали сум јас ненормален, дали девојката е неодговорна мајка или не знам што.

Бидете поздравени и злобата ваша да ја сеете на друга почва :)
Covek, koga veke se mislis dali ti se cuva dete, treba da si bar spremen na mislenja od drugi luge, da ne prajme muabet deka prasa za mislenje. Ova se mislenja so ke gi dobies od luge I vo tvoja okolina, nz zaso se bunis.
Ne sum iznenadena, ovde 99%vaka reagiraat ko tebe, nit prv nit posleden.

I treba da znaes deka sekoj trgnuva od svoe iskustvo koga dava sovet. Eve nekoj sklepal dete pred brak, pa moz go brani toa. Nekoj nejke deca pred brak, nekoj nejke deca so ne se negovi. I site iame pravo vo glava kaj nas, zatoa ti treba sam da znaes na so si I da si teras po tvoe.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Вие давате совет, а немате свое искуство.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Ќе ве замолам сите мислења на темава да бидат избришани, само оние на членов да останат, пошто тој е едини со искуство.
@Ilumious
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќе ве замолам сите мислења на темава да бидат избришани, само оние на членов да останат, пошто тој е едини со искуство.
@Ilumious
И моите нека ги избришат различни се од вашите сфаќања. Па немате ни ти ни сите што коментираа и го осудија, ни пак кај членови од потесно семејство, а тоа ви се гледа по вашите мислења.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Малку ми е глупаво што за ист проблем барам совет ама немам каде да се обратам, бидејќи пак ме гуши.

Помина долго време откако поради извесни причини прекинав врска со човек со кој иако завршив и го нападнав на темата јас го сакав искрено и вистински...Мислам дека за прв пат се предадов целосно на човек за кој сум свесна дека не заслужил, ама ете, тие беа околностите, тоа подоцна сфатив. Сакав човек кој за мене не се трудеше како што се труди за неговата моментална партнерка со која планира иднина. Немав добиено внимание и љубов, и тоа што го добивав, беа само трошки, не почувствував дека ме сака, ниту еднаш. Целта на некој начин му беше да ме искористи, и да не е така, така се чувствувам. Тоа што го добива таа од него, јас не го добивав и на некој начин почнав да се чувствувам безкорисно и помалку вредна. Настрана сето тоа, ама се чувствувам како да ми има починато блиска особа.
Што се случува моментално? Откако се случи тоа и поминаа 6 месеци од нашиот прекин, јас не можам се уште да си дојдам при себе, не можам да се соберам и да тргнам напред.
И да започнам нешто со некого, дали во блиска или далечна иднина јас после ова фијаско секогаш ќе се сомневам во партнерот, во неговите намери, во неговата љубов и однос кон мене.
Многу пати зборував и на крајот секогаш завршувало со караница со мајка ми бидејќи таа е убедена дека тој глуми а јас имам свои сознанија за нештата и поради нејзиното лупетање мене ми е потешко. Секогаш кога сакам да заборавам и да одјебам се, таа ќе ме праша за него, и сет постигнат успех да не се замарам и да продолжам напред паѓа во вода.
Се на се, се наоѓам во лавиринт од кој што е тешко да излезам.
Со кого и да се запознаам, со кого и да започнам комуникација, мене ми е тешко да се поврзам.
Има еден дечко кој го гледам секој ден, убав е, мирен, повлечен, работлив, има чувства за мене,
но јас не сакам ништо, не затоа што не сум подготвена туку затоа што во мислите ми се врти нашата последна средба со бившиот партнер и неговите упатени зборови и однос кон мене.

Се трудам да не се замарам, да не мислам, но секогаш ќе се појави нешто што нема да ми даде мир, да ме потсети на него и така се во недоглед.

Утрово започна супер, решена да оставам се зад себе, макар последно да ми е, еден повик ми уништи се.

Од секогаш сум била лојална кон партнер, верна, подготвена да дадам се од себе, но полека сфаќам дека тоа не е клучното за успех.

Се осеќам како кеса полно со ѓубре.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410

Шест месеци трае твојава состојба????:confused::oops:

Знаеш како велат луѓето, колку долго ке трае маката зависела од тоа колку ќе инвестираш во себе:)

Љубовта не боли, во љубовта нема мака, а штом тебе те боли и те гуши, посреди е друга причина:unsure::unsure:повредена ти е суетата, но нема човек на планетава земја кој не бил заљубен и летал високо во облаците со раширени крила и оддеднаш шлап, треснал на плочки:shok2:
како прво, и маката има рок на траење, ке помине, но мораш да се освестиш( се надевам дека си емоционално позрела особа) и да ги согледаш причините за прекин, па повторно да се ставиш самата себе на прв план, самодоверба, воља за живот исполнет со радост, смеа и забава..па не е единствен тој маж за да плачеш по него:lut:
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Шест месеци трае твојава состојба????:confused::oops:

Знаеш како велат луѓето, колку долго ке трае маката зависела од тоа колку ќе инвестираш во себе:)

Љубовта не боли, во љубовта нема мака, а штом тебе те боли и те гуши, посреди е друга причина:unsure::unsure:повредена ти е суетата, но нема човек на планетава земја кој не бил заљубен и летал високо во облаците со раширени крила и оддеднаш шлап, треснал на плочки:shok2:
како прво, и маката има рок на траење, ке помине, но мораш да се освестиш( се надевам дека си емоционално позрела особа) и да ги согледаш причините за прекин, па повторно да се еставиш самата себе на прв план, самодоверба, воља за живот исполнет со радост, смеа и забава..па не е единствен тој маж за да плачеш по него:lut:
Давам искрено се од себе за да ми помине ситуацијата, намерно сум зафатена со обврски за да не мислам.
Причината за прекин е недоволно вложување од него во врската, ако можам така да ја наречам, себичноста и незамарањето бидејќи во секој поглед јас ја носев врската на свој грб а тој ништо не правеше.
Трпев долг период, постојано велев ајде можеби ми се причинува и си правам филмови, за да еден негов голем кикс да уништи се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom