Здраво луѓенца, ве молам за совет, мислење...
Се се случи мн одамна, бев млада и заљубена. Се до еден ден кога дојде со некоја си глупа причина и ми раскина, сосема неочекувано за мене бидејќи се си беше во ред ( мислам дека мајка му имаше замешано прсти). Тогаш бев скршена, дури размислував за самоубиство.
Побарав помош од моите другарки, а тие како со радост да го чекаа тој момент. Помош не добив, дури почнаа и да ме избегнуваат као демек немам дечко па сеа ги барам нив. А не е точно, секогаш секаде ги викав, н.г, 1ви мај, секогаш идеа со мене на почетокот. Потоа почнаа да не доагаат ко демек сум ги искористувала за да се видам со него, и само сум ги барала кога ми требало помош. Секако другарки се за тоа да си помогнеме, денес тие утре јас. Беа безобразни постојано се лутеа и ми замеруваа, јас сум ги навредувала. Нормално нема да седам и да ќутам некој постојано да ме обвинува. Се бранев и јас бев безобразна, но секогаш бев и виновна за сите случувања, бидејки бев една сама, а тие повеќе, па НОРМАЛНО Е!
И, да тиквата пукна, се скаравме, откако јас престанав да викам Здраво, бидејќи сакав да видам дали тие ќе речат. И причина за да се скараме била, дека јас кога сум имАла дечко не сум ги фермала, не ми требале.
Се друго паѓа во вода...
Денес седам и размислувам како само јас погрешив, како тие сеуште се заедно, на кого му сметав, што ми фали мене..
Многу глупаво, осамени и повредено се чуствувам, немам дури апетит за јадење, како да лутам по погрешен пат, скршена сум...
Кога изгубив Се, се запознав со едно момче. Тој Секогаш беше тука за мене, ме ислушуваше и советуваше. И без да ме види тој ме засака. Потоа си разменивме бројче, се слушавме, па на скајп и конечно после 1год се видовме и се фативме. Тој е прекрасен и предобар, поважна сум му од самиот себе, искрено ме сака, знам. Карактерно ми одговара, но физичкиот изглед баш и не... Ппроблемот е што е низок и се вика исто како бившиот, судбина ли е, проклетие ли е?
Размуслувам да му раскинам, да почнам нов пат, каде ништо нема да ме поврзува со минатото, но несакам да изгубам еден прекрасен човек, го сакам. Што да мислам? Што да правам?
** Извинете за предолгиот текст, ама едноставно морав...