Здраво дечки имам еден необичен проблем на кој што сакам да ми дадете ваша перспектива, ја видов темава и гледам најразлични луѓе одговараат на најразлични начини и можеби нешто од ваша страна ќе ми светне во глава.
Воглавно проблемот ми е со искажување на привлечност(директност) кој девојки, на било кој начин, секогаш сум имал страв до точка што се вика да е парализирачки, на кој било налин дали е аднување и пишување на фејсбук, во живо и тн. Сум имал безброј прилики и секогаш бидјеќи не дејствувам на шансите губам, многу ретко сум ексалиран и да се случува нешто. Мислев дека проблемот е некој физички или мана во карактерот, ама сите докази покажуваат спротивно. Од физички и како карактер се сметам себеси за атрактивен, читам доста, редовно вежбам, имам сериозно машко лице, висок сум, имам интересни хоби, имам многу пријатели и општо социјални активности. Поради сето ова баш и сум имал доста прилики со девојки кој сум ги поебал, очигледно било до точка каде што на девојките му е преку глава и оние комуницираат директно со мене за нешто да се случува, сум слушал дека можам која сакам да ја имам во локалот, ми давале броеви свои, ме аднувале на фејсбук, жена во брак ми се нудеше 3-4 пати на најочигледен начин, и јас нормално незнам што да правам и ништо не се случува. Ова не ми е редовна состојба, некогаш сум па сосема спротивно, одам правам што сакам, барам девојка, си поминувам преубаво, али воглавно состојбата е таа каде што сум закочен. Незнам зошто, али немам храброст во овие работи, се занимавам со хоби и општо активности каде што треба храброст и машкост а кога ќе дојде до ова, опашката во газ и бегај. Самодовербата можеби ми е проблем, понекогаш се чувствувам како дека девојка не би покажала интерес во мене, дека ако би и пишал или општо пристапил дека би и сметал, а истовремено ги препознавам овие мисли и одма ми се сменуваат чувствата во спротивно, дека не е така, дека вредам и сум атрактивен, дека би била среќна да биде со мене и тн. Понекогаш ме фрустрира оти гледам убави девојки каде што одат со сељаци, а јас заглавен во главата ништо не правам а знам дека би можел, кога ќе направам споредба со какви луѓе општо се задоволуваат двата полови, како да им е од мрза или од менталитет на ајде што има врска арен/а е, незнам зошто го имам овој проблем, понекогаш и јас сум проблемот што имам некои поголеми очекувања за каква треба да биде некоја девојка, и многу лесно ги дисквалификувам некои деовјки, највероватно поради што сето ова премногу го мислам направено ми е во главата како нешто сериозно и огромно и дека треба така да се третира. Можеби и највероватно е до моето детство, покрај мојот жед за натпревари и успех, не сум добил ништо подалеку од негативнен или критички коментар од домашните, посебно од мојот татко, кој никогаш не ми направил некој позначаен муабет, и секогаш беше како подалечен. Овој проблем го анализирам, го мислам, веќе многу време, се повеќе и повеќе се закопувам во својата глава и веќе неможам да го трпам, ми се чини дека сите можни причини ги имам размислено, а сепак мојот аналитички и перфекционистички мозот сеуште работи на себеси, на градење на себеси(можеби и егото) дека треба уште малце од нешто, дека не е доволно, се би направил освен очигледното а тоа е да покажам интерес редовно со девојки кои ми се допаѓаат, на било кој начин.
Ова е некој рандом опис и нема баш некоја структура али сепак мислам дека се држи на поентата. Ви благодарам од напред.