Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
25 февруари 2014
Мислења
11
Поени од реакции
1
Ne, bi mi bilo ali ne vo golema mera. Se vo svoe vreme..inaku kolku i da sum dobar karakterno ne davam poveke sansi.. sepak se raboti za cest i ne bi dozvolil nekoj da si igra majtap so mene.

Sent from my HTC Vision using Tapatalk 2
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Па вака сега, значи кога разговаравме во Понеделникот таа [1]ми рече дека е многу збунета, па и требало време да се среди и да размисли. Јас оставив на нејзе, [2]и реков дека ќе бидам слободен за неа во секој момент доколку сака да разговара повторно на таа тема и да видам што одлучила на крај. Еве денес праевме 6 месеци, али ја од сабајле некако со некој активности се обидувам да не мислам на тоа.. Вечерва ќе и се јавам да видам што одлучила на крај и ако не ќе и кажам да ме заборави. [3]Изненадувањето што и го имав спремено ќе и го пратам по другарка нека и стои, мене нема што да ми прави дома :)

[1]
Превод: сексот со тебе не бил како со бившиот, бидејќи тој сексал многу на страна и бил вешт во кревет, ама не толку добар да ја тинтра како ти што си ја тинтрал. И не ѝ е јасно што сака, па би сакала тој да ја секса, а ти да ја тинтраш, барем додека може, т.е. додека не пукне на која и да е страна.
[2] Значи, самиот си ѝ рекол дека може да ти се јавува. Доста кукаш ако *навистина* ти се јавува. Ќе престане да ти се јавува доколку ѝ кажеш експлицитно да не ти се јавува. Ако тоа воопшто го сакаш, т.е.... вака изгледа дека ти всушност сакаш да зборуваш со неа.
[3] Разделени, а ти ѝ спремаш подарок за 6 месеци врска, откако таа му се вратила на бившиот... :facepalm:

Бадијала правиме муабет овде. Оди види се со неа, биди заљубен во неа и најди начин да се смириш следниот ден, кога ќе му се врати на бившиот да ја секса. Само немој да им го трошиш времето на сите луѓе овде коишто сакаат да те насочат на вистнскиот пат, а ти не го прифаќаш. Со други зборови, следните твои постови од стилот „Абе пак му се врати на бившиот“ ќе бидат бришени како одвишни, бидејќи се еднакви на кажување дека 1+1=2; сите тоа го знаат.

Со лесно.
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
41
Поени од реакции
32
Дали би биле во врска со машко кое има најдобра другарка и иде спие кај неа, ја вика кај него, зборуваат нонстоп на фб, на мобилен, слободни се онака му седи во скут и така натаму? Дали вие би можеле да поминете преку тоа и да бидете во нормална врска со него и да му верувате дека нема никогаш да направи нешто со некоја другарка?
Не ми треба никаков совет, бидејќи не сум во таква ситуација. Туку сакам само да слушнам ваше мислење за да видам дали добро размислувам за тоа или сум премногу љубоморна...:facepalm:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин

Ако ја имал таа другарка уште пред да започне врска со мене и ако сум знаела како стојат работите меѓу нив, немам никакво право после одредено време да му префрлам за тоа и да барам од него да прекине да се дружи со истата.
Доколку тоа другарство започнало откако јас и тој сме во врска и доколку мене ми пречи, ќе му кажам дека не ми се допаѓа неговата блискост со дотичната, НО и во овој случај немам право да БАРАМ да го прекине другарството.

Инаку, што знам како би реагирала... Ако гледам дека навистина е тоа само другарство и пред се, доколку и мене ме вклучуваат во барем дел од нивните заеднички активности, веројатно не би кревала прашина околу тоа. Од друга страна, ако избегнува да дозволи да бидеме во близина една со друга и ако поминува повеќе време со неа отколку со мене... не верувам дека ќе преминам преку тоа.

Ми се нема случено досега, така да не можам со сигурност да знам, ама обично интуицијата не ме лаже за вакви ствари, па верувам дека ако тоа „другарство“ е нешто повеќе од другарство ќе препознаам. Секако тука има улога и тоа колку ми се допаѓа неговата пријателка како личност. Ако е некое тешко ороспииште не верувам дека би го оставала насамо со неа. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Дали би биле во врска со машко кое има најдобра другарка и иде спие кај неа, ја вика кај него, зборуваат нонстоп на фб, на мобилен, слободни се онака му седи во скут и така натаму? Дали вие би можеле да поминете преку тоа и да бидете во нормална врска со него и да му верувате дека нема никогаш да направи нешто со некоја другарка?
Не ми треба никаков совет, бидејќи не сум во таква ситуација. Туку сакам само да слушнам ваше мислење за да видам дали добро размислувам за тоа или сум премногу љубоморна...:facepalm:
Кратко и јасно - НЕ.
Значи, да му седи во скут, да си прават спиенки по дома и такви ствари, тоа не ми личи ко прво на другарство, па колку сака они нека се блиски. Не ми смета да има другарки, али овој е некој ептен близок однос, а такви лигавења не трпам.
Значи не би влегла во врска со некој што така си ги третира другарките. Секако, ако му се само тоа.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Abe kaj da ja odnesam ko za prv dejt u skopjevo? Dajte mestenca nekoi:ROFLMAO::icon_lol:
 
Член од
5 ноември 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Значи нигде во скопскиве аптеки не можам да најдам кондоми со помала ширина од стандардната.

Ве молам доколку некој знае дали вакви кондоми постојат негде нека ми каже!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Abe kaj da ja odnesam ko za prv dejt u skopjevo? Dajte mestenca nekoi:ROFLMAO::icon_lol:
"Ќелавата Пејачка“, Кашмир....
Ако сакате нешто да зобнете - Плаза дел торос, Коста Рика.

@mcluckie
Од машка гледна точка, нешто као Џинџер што ти пиша... иако би ти рекол дека работава е отидена уште порано наврат-нанос. Ако пробуеш па уште допрва да им се убавуеш помеѓу....Нездраво ми е освен ако типот не се пали на лезбејки.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Abe kaj da ja odnesam ko za prv dejt u skopjevo? Dajte mestenca nekoi:ROFLMAO::icon_lol:
Зависи од девојката... Има некои си сакаат полуксузни местенца. За други тоа би изгледало како да се правиш важен. Трети најмногу би сакале кино или прошетка во парк. Твое е да процениш каква е девојката со која излегуваш :)
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Дали би биле во врска со машко кое има најдобра другарка и иде спие кај неа, ја вика кај него, зборуваат нонстоп на фб, на мобилен, слободни се онака му седи во скут и така натаму? Дали вие би можеле да поминете преку тоа и да бидете во нормална врска со него и да му верувате дека нема никогаш да направи нешто со некоја другарка?
Не ми треба никаков совет, бидејќи не сум во таква ситуација. Туку сакам само да слушнам ваше мислење за да видам дали добро размислувам за тоа или сум премногу љубоморна...:facepalm:
Е како да бидеш со таков во врска кога он ке продолжи со неа да се ебе!? Плус на маса да седиш со таква со која дечко ти се работел, а голема е веројатноста уште да се работат и покрај тоа што сте во врска :ненене: :notworthy:
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Дали би биле во врска со машко кое има најдобра другарка и иде спие кај неа, ја вика кај него, зборуваат нонстоп на фб, на мобилен, слободни се онака му седи во скут и така натаму? Дали вие би можеле да поминете преку тоа и да бидете во нормална врска со него и да му верувате дека нема никогаш да направи нешто со некоја другарка?
Не ми треба никаков совет, бидејќи не сум во таква ситуација. Туку сакам само да слушнам ваше мислење за да видам дали добро размислувам за тоа или сум премногу љубоморна...:facepalm:
Врска не, но може да научиш нешто од него и/или од неа.

Со други зборови, кажи му нешто како „Еј, абе како онаа девојка ти ти седи во скут? Дај научи ме, зашто сакам и јас така да правам, многу е секси. А има еден што ми се свиѓа максимално и сакам така да го заведам“. Истото можеш и девојката да ја прашаш. Јасно, треба да постои навистина некој тип што сакаш да го заведеш.

Зашто нема теорија да го заведеш *овој* тип, којшто веќе си има типка којашто му седи во скут и преспива кај него или тој кај неа; едноставно нема место во (на) него за тебе, бидејќи другава е далеку поспособна за такви работи. Тебе ти останува само да го научиш тој занает, за да го примениш на своја рака (и не само рака) кога ќе имаш своја пракса.

А ако се покажеш како одлична ученичка, можеби ќе го заведеш овој тип толку многу, што ќе му се посака па ќе те посекса и тебе, кој знае...

Со лесно.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Дали би биле во врска со машко кое има најдобра другарка и иде спие кај неа, ја вика кај него, зборуваат нонстоп на фб, на мобилен, слободни се онака му седи во скут и така натаму? Дали вие би можеле да поминете преку тоа и да бидете во нормална врска со него и да му верувате дека нема никогаш да направи нешто со некоја другарка?
Не ми треба никаков совет, бидејќи не сум во таква ситуација. Туку сакам само да слушнам ваше мислење за да видам дали добро размислувам за тоа или сум премногу љубоморна...:facepalm:
Никако.
Јас лично не верувам во машко-женско пријателство освен ако еден од нив не е геј. Во скут му седи, спијат еден кај друг... Јас не би ни се размислила дали е океј пошто очигледно не е. Не си ја мачи душата, не наоѓај причини да ги оправдуваш а ти потајно да патиш, да се бориш со самата себе. Тргни се настрана или пак ако е долга врската без размислување прави проблеми (под ова мислам да му кажеш дека ти смета и дека не е океј).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
...А ако се покажеш како одлична ученичка, можеби ќе го заведеш овој тип толку многу, што ќе му се посака па ќе те посекса и тебе, кој знае...

Со лесно.
Клучниот момент - се посекса. Зошто викам клучен? Освен сексот, нема друго ништо да еволуира на повисоко ниво. Тој ќе се секса со двете во различен термин. Врска - јок.

Но све нешто ми кажува дека there`s more behind the story на цурава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom