- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.719
- Поени од реакции
- 13.438
Lad... во многу лесна но за жал болна состојба се наоѓаш. Од една страна лесното е што веќе си ставил крај на едното (технички). Болното е што и како понатака. Веќе ко што гледам си сфатил дека е крај, така да from now on there`s no turn back. Кризите ќе ги имаш, но од време на време ќе се разретчат. 3 ипол години врска? Очигледно ти треба уште време.Болдот го сфатив кога веќе се изгорев, за жал. За друга женска искрено размислувам ама незнам до каде ке оди работата. Гледам да се преиспитувам себеси, да учам од грешките, и ова да го сфатам како тест за мојот карактер. Нејќам да се вплетам во работи од типот: „Она со дечко? Ја одма од инат ке фатам друга“, а без да оладам со емоциите барем малку. А варирам и со расположението. Еднаш се чувствувам изигран и бесен, друг пат ме тепа носталгија за времето поминато заедно. Несакам тоа да го пренесам на трета особа. Ако ми се укаже прилика што не се пропушта, можеби.
Сепак ми е потребо време да се средам. 3 и пол години не се малку. посебно ако приказната дека ти си совршениот човек за неа ти е продадена беспрекорно. И после дознаваш дека уствари she doesn't give a damn about you. Но тоа е, живот пише романе.
Инаку фала за советот. Тоа и ми беше целта поради која што пишав на форум. Да ги видам искуствата на другите луѓе, како поминале низ вакви тешкотии.
Некои горе ти рекоа да се пробаш според стариот рецепт - клин со клин. Ова е еден од поуспешните обиди, првично затоа што вака си ги зголемуваш шансите да најдеш некоја саглам. Така да сеа ме наведе на болдот што сакам да ти го потенцирам;
Нормално е дека после 3ипол годишнава врска ќе гледаш далеку попретпазливо. Но тоа не те спречува да гледаш.
Второ и многу битно. Сигурно во таа претходна врска имаш стекнато заеднички пријатели со/од неа. Тоа што ти ќе бараш нова цура посекако ќе биде тема за разговор во нивниот круг. Значи можно е но и не мора да значи дека бившата ќе дознае дека ти бараш нова. И тука нема ништо страшно. Посебно ако она го има ставено крајот. Значи немој ништо да те спречува ако се прави некаков муабет за твојот личен живот. People talk anyway. Само дистанцирај се од твоја уста многу да не излезе на таа тематика кога си со тоа друштво. Не ради тоа дека има гладни уши да чујат, туку затоа што твојот успех сеуште не е постигнат - да се стабилизираш ти самиот конечно и да ставиш конечен крај на ова. А конечен крај се става сеуште по тој стар рецепт - клин со клин.
Друга опција е да се посветиш на кариерата/школо. Но за тоа треба огромна челична воља, што кај некои не иде баш. Посебно ако таа воља била поткрепена од врската во која предтоа биле.
Тоа е овака што може да те посоветувам... Тоа со клинот не се откажувај, работи на случајот, не мора усилено, но кога имаш желба за искачање, направи го во своја полза.
И пробај со повеќе клинови. Додека еден не успее да го извади оној `рѓосаниот кој ти напраил гангрена.