Здраво на сите
Прв пост на Кајгана и веднаш во љубовни проблеми. Знам дека изгледа патетично, но бар во виртуелниов свет можам да и олеснам на душава.
Ке дадам мала предисторија. Врска од три и пол години, стабилна, многу време вложено во неа и со планови за иднина. Цура од угледно семејство, образована и навидум ретка ѕверка.
Ја третирав како кинеска кралица. Прави изненадувања, купувај штикли, нон стоп по концерти, одмори. Арно ама, работата летово пукна. Ме фати на изненадување, а сето тоа траеше неколку дена. Кога мислев дека дојдовме до степен идеално ми рече дека не е среќна со мене и сака да прекинеме. Пробав да ја ублажам работата, но таа инсистираше. И така се случи.
Поминаа шест-седум месеци и ја уште неможам да ја извадам од мозок. Meanwhile, она си работи на случајот и веќе си има нов потенцијален/веќе дечко. Не знам точно бидејќи не сме веќе во контакт, а и искрено несакам да се замарам. Се најубаво и посакувам, нека си ја најде среќата.
Да и пишам да се видиме не доаѓа во предвид. Прво гордоста не ми дава, а второ нејќам да и го билдам егото.
Сакам да ја заборавам.
Што нети правам. Се отрув од алкохол, нон стоп гледам да сум зафатен, се бавам со хоби, имам друштво и машко и женско и пак е исто. Ке заборавиш на момент, веднаш потоа ти се враќа во мислите. Ке се сетам на некои безвезни работи што сме ги правеле, дали сме гледале ѕвезди цела вечер, или сме расправале филозофија или сме имале секс. Емотивно се сјебав и попуштив на факултет. Не памтам кога последен пат сум се наспал како што треба.
Особено боли кога дознаваш детали за нејзиниот љубовен живот. Сум прошол и порано низ болни раскини, но после 2-3 месеци се враќав во нормала. Секогаш велам дека нема да се затрескам, и пак заглавив.
Знам дека треба да стиснам заби, да издржам машки и да дадам време на времето.
Ме интересира туѓо мислење како да се вратам на колосек? Any hints?
Пријателе, не сум многу по советиве, не ме бива, ама ајде еве еден исклучок.
Три и пол години не се за фрлање во вода туку - така. Морало да има нешто заради тоа што пукнала врската, или тогаш, или претходно некоја нерешена работа, којашто ве држела и двајцата врзани и при секоја расправија сте се навраќале на тоа истото, и никако да се реши.
Многу ми е жал вака кога ќе слушнам / прочитам после толку години заедно, едноставно се завршува, мораме да прифатиме на сите убави работи им доаѓа крајот.
Сигурно сте разговарале после раскинувањето, кога ти кажала дека сака да прекинете, но штом инсистирала, морало да има нешто големо.
Заебаната работа е тоа што ти тие три и пол години животот си и го посветил на неа, и само на неа, си ја третирал како принцеза но не било доволно. Заебано е тоа што секогаш ќе го имаш тоа гадно превртливо чувство во стомакот, кога ќе ја видиш или кога ќе си помислиш на неа и сите ваши моменти, кои ти биле и ти се и тоа како драгоцени.
Колку и да се трудиме, понекогаш и они самите незнаат што сакаат, а верувај ми по ова што го прочитав ти си екстра дечко, и не ми се верува некој друг да ја третира така како тебе, но она очигледно го нема сфатено тоа.
Јас секогаш сум се погазувал и мразел себеси поради мојата ебена гордост, а таа истата можела да реши многу работи, само доколку би ја прошол таа линија, која што ме враќаше цело време назад.
Сакам да ти кажам дека, треба да и дадеш дознаење дека ти фали, штом 6 - 7 месеци сеуште ја немаш извадено од срце, а и цело време ти е во мислите, сеуште ја сакаш, и длабоко веруваш дека нема да најдеш некоја како неа.
Тоа со алкохолот не ти чини, батали го, тоа на никого не му помогнало, друштвото е она што ќе те крене пак на нозе. Само те молам немој да преминуваш од женска на женска само заради тоа што некоја те оставила, па се ти е само за една вечер. Самиот се повредуваш така, а машко како тебе вреди. Еве јас како машко, можам да ти кажам дека таквите како тебе се ретки, повеќето би ги нарекувале "папучари" но не си воопшто тоа, само си им покажувал како навистина се сака девојка.
Можам да ти кажам дека она загубила многу повеќе, тебе ти го распарчиле срцето бидејќи си го дал, а она само го фрлила, така едноставно, како ништо да не било. Она загубила личност којашто вреди, којашто знае што е љубов, загубила личност што знае како вистински се сака.
Викаат " Времето ги лечи сите рани ", јас велам " Дај му на времето, време ".
Се ќе се среди пријателче, Господ кога затвара една врата, секогаш отвара друга, само имај верба во себе.
Добро си почнал, со друштвото, хобито, само не ми се допаѓа тоа со алкохолот, батали го, послушај ме, само си наштетуваш. Мој совет, наместо тоа, земи вежбај, ладно е за трчање, но понекогаш тоа е она што ни треба, ладен, свеж воздух и една празна улица за да ги разбистриме мислите, и да се вратиме на правата патека.
Ќе има уште многу девојки ви животот, тоа биди сигурен дека ќе биде така, само ти треба да си ја задржиш својата вредност, да не преминуваш од една на друга, и така се со цел да си ја намалиш болката. Не успева, верувај, не успева.
Млад си, и имаш перспектива пред себе, доволно е да имаш самодоверба во себе, да знаеш дека си зрел и дека пред девојките стои искусно машко, коешто ќе ги сака како што никој друг претходно не ги посакувал. А со текот на времето, ќе дојде и вистинската којашто ќе ти врати МНОГУдупло за твојата љубов. Имаш искуство плус, скршено срце, болка, камен на душа, болно, но те научи на животна лекција.
Ништо не е вечно.
Покажи и на неа, дека вредиш повеќе од сегашниот нејзин дечко, не со тоа што ќе се правиш фраер и незнам ти што, туку со тоа што ќе ја надминеш таа болка, којашто сега ти е преголема, и ќе и покажеш дека си продолжил понатаму.
Факс, Дома, Друштво, Хоби, Излегување навечер, и за брзо време си вратен на колосек.
Вистината е дека секогаш ќе ја чувствуваш таа горчлива болка, но со тек на време ќе научиш како да ја прекриеш, а кога она ќе го сфати тоа, и ќе види дека нема подобар од тебе, и никој нема да ја сака како тебе, ќе посака да ти се врати.
Ти посакувам се најдобро и се надевам дека ти помогнав.