B
babsyy
Гостин
Не може чувства да не исчезнат после толку долго време, на прилично кратка (не долгогодишна врска). Проблемот е што долго време си била, ете осамена и на некој начин бараш вентил за издувување.Не ми се верува дека дојдов во оваа ситуација....Значи со бившиот мој (прва љубов) одевме неколку месеци или една година ,не ми текнува пошто беше пред точно 6-7 години ( јас имав 14 тој 18)...сега по толку години ми пишува порака на фб да се видиме...јас сум ни угоре ни удолу бидејќи ми се случија мн работи...машко немам допрено одамна...Инаку тој има женска и одат скоро 5 години ( откако се скара со мене,се фати со неа).Мислам дека имам сеупте чувства за него..осеќам..никогаш не ни исчезнале...за жал...рече да се видиме и бевме в кола заедно....онака исто како пред 6 години,ми недостигаше,нависитна.Немавме секс,но му дозволив да ме гали и да ме допира...Ми вели:Опушти се и не се стегај,осеќам дека сакаш..а јас нз навистина....си поправивме муабет.што било-како било,што е сега...како сме....Му кажав дека не сакам да се мешам таму во врската и не сакам да бидам искористена како изневерување...како и е на девојчето сега?Навистина имам чувства за него...само морам јас напред,вака ќе ми дојди како утеха тој,......а ме познава најдобро од кој и да било...Му кажав дека претходно имаш лош секс со бившиот по него и дека баш не се осеќам најдобро во врска со тоа...ТОЈ:Ајде дојди овде,треба да се случи еднаш..дојди кај мене...ќе се осеќаш подобро...ако саакаш во ред,ако не ОК..само сакам ти да се осеќаш убаво и да бидеш добра...
Знае тој јас како дишам,ме сеќава....
ДАЛИ ЗГРЕШИВ ШТО СЕ ВИДОВ СО НЕГО?
Кај нас женските е поинаку, меѓутоа машките кога ќе осетат монотонија во врската, се муваат, имаат секс (you name it), само за да ја разбијат. И тоа може да биде со девојка што им се допаѓа физички, ги провоцира и слично.
Во случај девојка му да дознае, тој ќе направи се' за таа да му прости, и ќе каже дека ти си била девојка со која што бил само ради- реда. Тие најверојатно ќе се смират, а ти ќе бидеш лошата во приказнава, пошто си сакала да расипеш врска. Девојките, посебно тие што се во врска ќе те критикуваат заради тоа што ти си наводно тип што сака да презема зафатени машки, а другиве те осудуваат како си наводно "лесна", а дечкото наводно е жртва, како ли само не можел да одолее на бивша девојка од пред 6-7 години.
Не те осудувам, критикувам, а не треба ни другите се дур не се на твое место. Најверојатно дечкото има некакво (барем мало) значење што прави да се чувствуваш убаво, посакувано, па затоа не си го одбила.
Знаеш и самата дека се' додека не ја раскине врската со таа девојка, тој не сака ништо повеќе со тебе.
А 5 годишна врска не се раскинува тукутака, јас на твое место, доколку имам чувства према дечкото и дури ни веднаш по раскинување не би била со него. Пошто тоа е долг период, и во тебе само ќе ги бара особините на девојка му и ќе биде период на преболување.
Освен ако не сакаш да си пројдеш само фино време, ама сигурна сум дека не би сакала да бидеш искористен материјал за нечие пополнување време.
Флертувај со други дечки, мувај си се од забава, и ќе ти пројде. Ама емоционално врзување со типов- не.