Ви пишував еднаш за мојот проблем. Е сега вака ми треба помош. Со дечково почнавме да се гледаме редовно и почесто, излегуваме и постојано комуницираме. Во врска сеуште не сме, мислам дека и тој не сака да брза и јас не сакам. Ама сега почна да Пишува со други женски на фејсбук, лајкува слики и јас се изнервирав и направив лажен профил со слики од еден манекен од Чешка и сама се додадов и си пишував коментари и лајкови ставав само да му вратам. Па тој ако пишува со други можам и јас нели. Можеби згрешив зашто откако ја искоментирав сликата од манекенот не ми пишува повеќе. Ама тоа го направив на нервоза когаа видов лајкал една женска полугола и остана цела ноќ онлајн на фејсбук да пишува со нејзе а мене не ми пишуваше. Леле ќе полудам не знам што да правам. Знам дека не сме во врска ама нормално ли е да пишува со други женски а вика дека јас му се свиѓам и се гледа со мене? И зошто се налути што јас пишував со друг кога и тој истото го прави? Не знам што да правам сега мислам дека уништив се а и јас имам некаква гордост па нема да го барам прва. Тој прво почна со овие закачки. Помогнете мми ве молам.
Сега за сега единствено што треба да те интересира е тоа, зошто се уште не сте во врска. Јас сега ќе ти одговорам зошто. Ти сакаш врска со него, но тој не. Доколку дечкото те смета за материјал за девојка, досега ќе му беше. Изговорите од стил : Не ни се брза, се клише. Денешните дечки ако видат нешто што им се допаѓа се обидуваат да го добијат. Е сега во твојот случај, дружите, комуницирате, се гледате редовно, можно е и да се подмувнувате по малце, ама тоа за него не е ништо сериозно. Доколку сака нешто повеќе со тебе нема да има потреба да лајка полуголи слики на фб барем не на почеток пред да почне врската.
Мислам ако размислиме логично и искрено, посебно момците, доколку сакаат да си ја фатат девојката што некое време ја шмекаат, нема да ја „турнат“ настрана со тоа што ќе лајкат туѓи слики на фб. Јас не велем дека има нешто лошо да имаш фб пријатели и да им лајкаш слики, но моментално така им функционира женскиот мозок на повеќето девојчиња, па затоа дечките не ризикуваат ништо. Ако сакаш некоја да ти е девојка и се посветуваш целосно првиот месец додека ја ќариш и после ако си имаш фалинки ќе излезат на виделина.
А тебе девојче не те сметаат за ништо повеќе освен една обична мувачица со која тој си го исполнува времето кога нема ништо друго што да прави.
Ова што си го направила со лажните манекените од Чешка е крајно жално и патетично. До толку ли нема некој од вистински профил да ти лајкне нешто? Сама се поставуваш во непријатни ситуации после машките ти се виновни. Јас мислам дека колку повеќе типот те игнорира толку повеќе ќе се вљубуваш во него, се до моментот кога ќе дојде денот да се заедно како пар и да сфатиш дека не е тој ништо посебно и дека за џабе си трошела време со него.
Circle of life...