Читајќи ги коментарите на
LanaDelRey имав слична ситуација каде што девојчето премногу избрза и јас на некој начин ја дистанцирав. Разбирливо можеби премногу и се допаднав, мене ми се допадна на почеток ама после тоа брзање го изгубив чувството.
Девојчето сеуште е "загреано" за мене, само е потребен позитивен сигнал.
Но, сега јас не чувствувам ништо конкретно кон неа, дали би требало да пробам.... односно да и кажам уште на поочеток да не се надева на ништо т.е. дека со тек на време можеби и јас ќе ја засакам...
--- надополнето: 18 септември 2013 во 20:43 ---
Да се надоврзам, зошто беше причината од којашто се "уплашив" на некој начин... само што и го дадов бројот таа ми ѕвонеше барем по 3-4 пати дневно, па што ли ќе биде
ако ми биде девојка??
Прво, од каде знаеш дека нема да ја засакаш? Можеби во кревет ќе се покаже тигрица и ќе те излуди, па нема да знаеш како се викаш без таа да е до тебе.
Како и да е, ако си сигурен дека не сакаш ништо повеќе со неа, т.е. ако тоа е твојот тековен став, редно е да ѝ кажеш. Ако таа моментално се согласува со тоа, терајте. Потоа може ќе си го смениш мислењето, па ќе сакаш повеќе со неа, но и таа може да го смени мислењето, па да не сака повеќе со тебе. Сè бидува и затоа е важно постојано да комуницирате.
Јас имам едно вакво правило, што не мора да е точно, но (мислам дека) е добро како генерален принцип: еден секс = запознавање, два секса = врска. Со други зборови, ако два пати (два различни термина; не зборам за две сеанси во текот на една вечер) имаш секс со типката, може да сметаш дека сте во врска и дека ти е девојка. И тогаш веќе ќе може и да ѝ кажеш да не ти се јавува до толку, т.е. ќе може да ѝ кажеш како треба да се постави во однос на тебе. Можеш и сега да ѝ кажеш, но нема никаква гаранција дека ќе те послуша. Тогаш веќе ќе ѝ бидеш дечко и ќе имаш некакво влијание врз нејзиното однесување; за сега си ѝ само многу интересна прилика.
На крајот на краиштата, многу е веројатно дека сака да ѝ влезеш и дека тоа ѝ е примарно и најважно. Каква ќе биде откако тоа ќе се случи... треба да ѝ влезеш, инаку нема начин да дознаеш.
Со лесно.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 22:40 ---
Здраво...
Нов сум на форумот и гледам овде решавате љубовни проблеми... па да го споделам и мојот
Ми се допаѓа една девојка. Ја знам многу долго, куќни пријатели сме, често фамилијарно одиме по одмори, викенди... Се нема случено ништо повеќе, иако
и двајцата сакаме. Кога ќе се вратиме дома односите се заладуваат, немаме речиси никаков контакт, единствено само кога ќе се сретнеме низ град разговараме доста долго. Последно кога бевме заедно, бевме доста блиски, но не отидов чекор по напред бидејќи знам дека
има дечко... Свесен сум дека и се допаѓам, но не знам дали на мене гледа како на пријател или нешто повеќе... сепак има нешто... некој совет?
Од каде знаеш дека и двајцата сакате, а таа има друг дечко? Си ја прашал ли?
Ако фамилијарно одите на викенди, а потоа заладуваат сите контакти, тоа е веројатно знак дека таа *не* е заинтересирана да има повеќе контакти со тебе, дотолку повеќе што има друг дечко, што ѝ го одзема вниманието и времето. Сепак, долгите разговори може да се знак дека нејзе ѝ е грижа за тебе и дека сака со тебе да го поминува времето.
Во даден момент, треба да истапиш напред и да ѝ кажеш дека ти се допаѓа и дека би сакал да имаш нешто повеќе со неа. Не е битно што има дечко - таа ќе зборува само со тебе, тогаш и таму. Со други зборови, ти неа ја гледаш како потенцијална девојка, а нејзините други врски со други луѓе се само нејзини, не твои, па таа ќе си ги реши како што знае и умее.
Од искуство: ако сакаш да имаш нешто со неа, а не ѝ кажеш, таа *нема* да го знае тоа. Остави ги на страна тие чувства што *мислиш* дека ги има за тебе; ако дојде момент да бира меѓу тебе, кон којшто има (веројатно) пријателска блискост и дечко ѝ, со когошто има физичка блискост, секогаш ќе го избере дечко ѝ, што ја исполнува физички. И немој да мислиш дека ниту нејзиното семејство ниту кој и да е ќе ја спречи - ако го избрала него, со него ќе биде.
Твое е да ѝ кажеш дека може да те избере и тебе и дека си спремен да бидеш во врска со неа. Јасно е дека тука ќе има веќе моменти на семејни работи, па секоја ваша кавга семејствата ќе ја знаат итн итн. Со други зборови, ако сакаш да ти биде девојка, тоа е голем потфат и ќе влијае на сите.
Имаш ли три чисти за тоа?
Ако да, кажи ѝ дека имаш. И пушти ја и нејзе да одлучи, дали и таа е спремна на тоа. Биди спремен дека можеби не е и дека можеби ќе остане со дечко ѝ, но тоа не е веќе твој избор. Твое е само да ѝ кажеш што чувствуваш за неа. Останатото е нејзино, како ќе изреагира.
Со лесно.