Поздрав до вас.
Потребен ми е совет, бидејки јас неможам стварно да ја укапирам оваа ситуација, ни па можам да најдам решение.
Значи, запознав една девојка пред, отприлика 3 недели.
Првите денови зборовите, како да и ги влечев од уста, но потоа после некое време кругот се сврти..
Често прво почнуваше да го започнува разговорот на фејсбук, еве и кога бевме на Мај, секогаш ми пишуваше, ме бараше на телефон, значи се гледаш дека виде нешто во мене, почнавме и полека полека да се отвараме еден кон друг. Но еве, пред некое време, дознав дека имала некој друг, но сеуште не биле фатени, ни па имало нешто помеѓу нив. Значи дечкото бил заинтересиран за неа, а таа сеуште не била спремна т.е сигурна дали да се фати со момчето. Во голема заблуда сум, дали да продолжам со тоа што сум го започнал, бидејки слушнам муабети као демек многу често се слушале, ово оно, па сега не сум сигурен дали ке постапам правилно додека одеднаш ме снема, или со тек на време да се отргнам, или пак да продолжам со тоа што сум го започнал, па што биде нека биде.
Дали во најбрз можен рок да и кажам дека чувствувам нешто повеќе за неа, или пак да го скријам тоа длабоко во мене, па со тек на време да го преболам.
Но доколку и кажам, мислам дека ништо не губам.
Ви Благодарам.