Крусер
Мување значи секс без обврски.
Nessa Alcarin
Сексот не е решение за се, ама решава многу работи.
Благодарам што ме просветли. Најсериозно. Во денешно време, очигледно термините се редефинирале. Јас цело време мислев дека „мување“ значи само бацување, а тоа до секс дошло.
Сепак, тоа е во контраст со следната твоја реченица (според мене). Ако сексот решава работи (т.е. со помош на него се согледуваат работите), треба посериозно да му се пристапува и повеќе да се размислува за него. Ако се смета како секојдневие, луѓето нема да размислуваат воопшто за него и ќе се чудат од каде им настанале проблемите. Со други зборови, кој очекува да му се решат или разјаснат работите кога мие заби, на пример?
[ВонТемата] Ова само кажува колку може да се најдат посебности во секојдневните активности и колку треба да си го цениме секој момент во животот [/ВонТемата].
--- надополнето: 13 август 2012 во 16:09 ---
zna4ii vaka raskinavme poveke zaradi tretii osobii...mn podobro mi besee koga se muvavme samoo..kolku pomalce ljuge znaat deka si srekjen tolku poveke si srekjen taka nesto doaga toa..sakam jas povtornoo taka da si se gledam no mi e strav deka posle vrska e malce potesko a mn mn mi falii toa vreme
Глупости. Колку повеќе луѓе знаат дека си среќен, толку повеќе си среќен, освен ако луѓето не се љубоморни на тебе, па ти ја цицаат среќата, или ти си љубоморна, па не сакаш да споделуваш со нив.
Воопшто не е потешко да се вратиш на тој живот после врска, напротив, може да биде само полесно бидејќи имаш повеќе искуство (обрати се до @
Stef Angel за повеќе инструкции). Можеби си во таков период да ти треба секс без обврски, па барај начин да си го исполниш повеќе. Најверојатно тоа веќе нема да го постигнеш со истиот (сега веќе бивш) човек, но има многу такви надвор и сигурно ќе успееш да најдеш некој.
Само внимавај: доколку имаш секс со некого, тоа е веќе врска, сакала ти или не. Најбанално гледано, треба да се договорите околу местото, времето, како ќе ви биде, дали ви е убаво, колку ви трае итн. Повеќето од овие работи се договараат на лице место (т.е. во текот на чинот), но се сепак *врска* со друг човек, бидејќи се базираат на *договор* со него. И како пристапуваш кон сексот и партнерот во сексот многу кажува за тоа каков однос имаш кон себе. Со други зборови, дали ти значи тој човек? Дали ти е убаво со него? Дали му го кажуваш тоа? Дали се грижиш за тоа да испадне убаво или веднаш го оставаш заради друг? Дали други луѓе можат да ти кажат како да се однесуваш со него и ги слушаш? Дали ги слушаш другите луѓе дури и ако мислиш дека не се во право? Итн, има многу прашања.
Во секој случај, овој период искористи го за *тебе*. Никој нека не ти кажува како треба да се однесуваш (дури и овој совет може да го игнорираш ако сметаш дека не чини) и потроши малку време да се откриеш самата себе и што сакаш. А кога ќе се запознаеш себеси, следен чекор е да им дозволиш на компатибилните луѓе со тебе да ти пристапат, но за тоа потоа/
Поздрав и со лесно.