leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Не сум по давањето совети но ова со бегањето од проблеми ме погоди,и морам да ти пишам нешто за такви луѓе:smir:G-Nigga напиша:Billa Bong-nemozam tuku taka da se vratam vo MK,mojata idnina si ja pisuvam sega tuka,moram da ostanam tuka use 2 meseca.A ona ako tolku me saka kako so mi vika treba da mi dava podrska,da mi vika deka me saka,da ima doverba vo mene,da mi veruva,i da ne pravi neso so ne e vo red,so znae deka ke me iznervira,da ne se karame i taka se ke bide ok.a ona ne pravi taka.ja ne dobivam podrska od nea,ne mi veruva celosno(100%)i neso ke i kazat bez vrska ili ke ja izlazat i ona odma se luti,ne znae da go resi problemot ona bega od problemot.ne znae da razgovara smireno toa me nervira mn. a toa sigurno e deka nema da i kazam tocen datum koga si idam.ke bide iznenaduvanje ama loso ili ubavo ke vidime...
Претпоставувам дека во моментов се однесува незаинтересирано,не ти вика веќе Те сакам,има се повеќе и повеќе обврски,нема толку време за мсн,смс,тел и слично.Далечината од тебе им е уште поголем мотив, на таквите особи кои бегаат од проблеми,да кажува причини милион зошто е таква ситуацијата а ни една не држи вода.Од мое искуство,ако почнеш да се понашаш исто како неа,она ќе стане уште поладна,ако почнеш да бараш од неа да ти искаже љубов и тоа ќе биде бледо.Тоа се вика комплицирани особи кои незнаат како да си го решат тоа што им смета во моментот,а најмногу боли што не знаат ниту да разговараат со особата која ги сака за да може барем да ги свати,ако неможе да им помогне.
Мој совет е никогаш не се откажувај од неа ако ја сакаш,секогаш кога имаш можност кажи и колку ти недостига и дека нема уште долго да бидете разделени.Не го прави ова секој ден,но пожелно е и да и кажеш што чуствуваш во моментот и да побараш да ти каже што и е проблемот за да ја разбереш.Стегни заби и прашај ја дали ќе и биде полесно без тебе,и дали тоа ќе ја направи среќна,па ако тоа го сака дај и пауза да се договори самата со себе што сака во моментот.
Се надевам дека ќе има среќен завршеток проблемов,а за останатите еден совет
Не бегајте од проблеми,соочете се со нив,зошто секој проблем има решение и може да се реши само ако се сака искрено.Никој не знае колку може да направи за особата која ја сака додека не се појави потежок проблем,да види колку е храбар.