- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Постојат два збора, затоа што може и постара жена да биде девица, но не може и млада девојка (девојче) да не биде девица, освен ако директно не е посочено дека станува збор за блудница, затоа што млада девојка, која не е омажена во имот на тогашниот човек е чиста девица.Штом постојат два збора и за млада девојка и за девица, значи дека и те како можело во тоа време во умот на писателот и читателот да постои и немажена млада девојка која не е девица.
Како што пишам предходно, ниту еден пат, зборот алмах во Списите не се однесува на веќе омажена жена.
На пример, истиот збор „Алма“ е најчесто преведен како „девица“ во песна над песните:
„Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино. Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците (алма)“ (Песна над песните 1:3; Библијата)
Доколку овде младите (немажени) девојки не би биле девици, тогаш текстот и не би имал смисла, би ја загубил својата поетичност, затоа што би се воспевала прељубата, блудството - што е малку контрадикторно со понатамошниот тек на песната над песните. Но затоа пак е логично дека убавото момче било посакувано од немажените девојки во тоа време кои што се молеле тој да пушти стројници кај нивниот татко и да побара некоја од нив за жена
„Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици (алма). Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, “ (Песна над песните 6:8-9, Библијата)
Доколку и тука зборот алма не се однесува на немажени девојки (девици), тогаш излегува дека и гулабицата на момчето би можела да биде една од мажените девојки. Но во описот на девојката низ целиот текст е јасно дека станува за девица која што е заљубена до уши во него.
Иако мал, сепак дел од евреите веруваат во Исус како Божји Син и Син на девица. Впрочем апостолите и првите христијани биле евреи и верувале дека Исус е син на девица, Божји Син чиј Татко не бил Јосиф, туку Отецот Небесен. Впрочем и апостолот Матеј бил евреин, а дури и да не веруваш дека тој е автор на евангелието по Матеј, речиси и да нема упатен скептик што не признава дека еврејскиот литературен стил е запазен во тоа евангелие и истото евангелие изобилува со еврејски пророштва кои единствено би им имале смисла на евреите. Од тука пак следува дека целна група на тоа писмо (евангелие) биле евреи, што е уште еден плус аргумент дека авторот бил евреин (според христијаните Матеј).Уосталом евреите најдобро знат кој збор кај нив значи стриктно девица а кој млада жена. А евреите не веруваат во Исус како син божји и син на девица.
А доколку авторот на тоа евангелие бил евреин, како што и ти велиш: евреите најдобро знат кој збор кај нив значи девица и доколку Алма не значело девица (немажена жена), тогаш авторот на евангелието по Матеј би требало да е луд да го употреби тој збор.
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 17:47 ---
Стар завет и Тора не е исто. Тората е дел од стариот завет кој во себе содржи и други старозаветни книги кои исто така, заедно со Тората, се признаени и од евреите и од христијаните. Евреите не се согласуваат со одредени толкувања на христијаните во однос на стариот завет, но немаат проблем со доследноста на старозаветните кнгии кои ги користат христијаните. Уште во првиот век и во вековите понатака постои таа позната дебата меѓу евреите и христијаните околу целта и суштината на Мојсеевиот закон и Месијанските пророштва. И евреите и христијаните цитираат од истиот стар завет, а минијатурните пред се правописмо варијациите кои постојат меѓу одредените манускрипти се еднакво варијабилни и меѓу христијаните и меѓу евреите. Талмудот (каде што подоцна евреите си го истолкувале стариот завет) им помага во тоа да имаат еден канон на толкувања и единственот околу варијациите. Но Талмудот не е Божји збор. Тој е колекција од рабински текстови.Стариот завет евреите не го признаваат како точен и доследен превод на нивната Тора. Тој е направен и преведен без да бидат консултирани еврејските свештеници и не се прифатени нивните забелешки и предлози. Така да стариот завет врз кој се потпира новиот, е погрешен.