ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
ЈОГАТА И ЕСТЕТИКАТА
Убавината во јогата има повеќе извори. Постои убавина што извира од знаењето, постои убавина што извира од смиреноста и од хармонијата. Постои убавина што извира од здравјето, од рамнотежата на телото и умот.
Системот на јогата се состои од голем број техники кои не доведуваат поблиску до себе, кои создаваат хармонија во телото и во умот и во нивниот меѓусебен однос.
Онаму каде што постои знаење, мир, задоволство и здравје, постои и убавина. Естетската слика на човекот се засновува врз доброто функционирање на организмот, врз доброто функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и ендокриниот систем. Секое нарушување на здравјето го нарушува и естетскиот изглед на човекот. Болеста, стресот и заморот оставаат видливи знаци врз нашиот изглед. Исто така, врз тоа влијаат погрешните и лошите навики, заморот и недостигот на сон. Недоволната и неправилната исхрана, алкохолот, пушењето и кафето исто така оставаат белези врз нашиот изглед.
Кога умот и телото доживуваат состојба на радост, задоволство, психички мир, спокојство, се забавува нивното стареење. Психичката рамнотежа го зајакнува организмот со тоа што ги зајакнува функциите на одбрана и обнова на организмот, на клетките, и конечно го намалува нивното трошење.
Јогата ја дополнува и помага работата на еден козметичар, но не ја заменува. Но личната заштита, состојбата на телото и на кожата, е и наша работа. Рацете на професионалниот козметичар можат да го почувствуваат и да го именуваат проблемот со самото допирање на лицето. Козметичарот може подобро и полесно да си ја изврши работата ако и ние самите придонесеме за тоа. Колку поотворени и порелаксирани ќе бидеме толку повеќе ќе придонесеме неговата грижа да биде поуспешна.
ЕСТЕТСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА ТЕХНИКИТЕ
Сите основни групи техники на хата-јогата имаат естетско влијание. Тука спаѓаат крија -техники на внатрешна хигиена, асаните - телесни положби, мудрите - комбинирани психофизички техники, бандите - невромускулни контракции, и пранајамата - техники на дишење. Списокот може да го заокружиме со техниките на релаксација и медитација и со внимателен начин на исхрана, елементи што играат важна улога за внатрешниот и за надворешниот изглед на човекот.
МЕДИТАЦИЈА
Медитацијата го комплетира и заокружува патот на барањето на убавината. Таа не учи дека изворот на вистинската убавина е внатре во нас, онаму каде што се наоѓа нашето вистинско јас. Таму е нашата вистинска природа. Таму го откриваме изворот на убавината. Само кога некој го открива своето вистинско јас, ја наоѓа и самата убавина. Од тој момент патот на таа убавина однатре кон надвор ќе биде без пречки, директен и спонтан. Ќе ја видиме убавината во очите, во насмевката, во смиреноста, во природноста на сите нешта што ги прави човекот и во она што го зборува. Медитацијата со нејзините различни форми е како враќање дома, враќање кон нашето јас. Претставува пат на враќањето кој ги брка сенките на незнаењето, на несигурноста, сенките на стравот. Стравот најмногу од се друго го блокира осетот за убавина. Треба да ги победиме нашите стравови, свесни или несвесни, стравовите од успехот и од неуспехот. Кога не сме исплашени, не сме стегнати од комплексот на помала вредност. Кога сме немирни, исплашени, незадоволни, тогаш не можеме ниту да дадеме убавина ниту да ја примиме. Стравот не прави неспособни да ја доживееме убавината. Не блокира да ја изразиме кон надвор. Она што една жена или еден маж ги прави поубави е сигурноста, удобноста, смиреноста. Човекот ќе биде допрен од убавото доколку претходно ги победи своите стравови.
ДУХОВНОСТА И УБАВИНАТА
Убавината е израз на духовноста, но и обратно, духовноста е израз на убавината. Со тоа одиме неколку чекора понатаму од она што го наведовме погоре: "Убавината е во окото на оној што гледа". Тука убавината е нешто повеќе. Произлегува од оној што ја има збогатено својата душа по пат на духовна практика, по пат на читање на филозофски текстови. Затоа убавината е во окото на оној што не гледа само околу себе туку знае да гледа и во себеси. И она што може да го направи човекот подобар, може да го направи и поубав. Затоа јогата има примена и во естетиката.
Има некој на форумов кој иде на јога?:wink: