- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Лепотице, јас многу добро ги знам верувањата на Јеховините сведоци, но исто така многу добро ги знам и верувањата на православните и затоа имам смелост да кажам дека православните шират 10 пати повеќе невистини отколку сведоците и дека православните се 10 пати подалеку од Библијата.доволно е да сватиш дека има голема разлика од тоа што го пишува во библијата,
Дали ја имаш прочитано Библијата? Можеш ли да се сетиш каде во неа се спомнува иконата на Мојсеј? Иконата на Авраам? Или можеби иконата на свети Илија? Дали се сеќаваш каде Исус и апостолите користеле икона од било кој светец? Некој стих каде што осветувале икони, каде што се поклонувале пред икони, каде што бакнувале икони итн?
Дали се сеќаваш на некој библиски стих каде што Исус или апостолите осветувале водичка и потоа истата ја продавале?
Дали се сеќаваш на некој библиски стих каде Исус или апостолите запалиле свеќа за живи, за мртви, за здравје, за бериќет, за било што?
Некој библиски стих каде што се поклониле на Марија мајката на Исус? Некој стих каде што ја обожавале, каде што и се молел, каде што ја нарекле заштитничка? спасителка? Владичица? Пресвета? Господарка? Војвотка? Најголемата? Или некоја друга богохулна титула со која ја нарекуваат православните?
Дали се сеќаваш на некој библиски стих каде што Исус и апостолите (или првите христијани) продавале икончиња, бројаници, крстчиња, и ред други амајлии и правеле бизнис во црквите?
Дали се сеќаваш каде во Библијата е забрането брак на епископите? Можеби во овој стих:
"епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена," (1 Тимотеј 3:2)
Дали се сеќаваш некаде во Библијата христијаните да користеле ценовници по црквите и да наплаќале за своите услуги?
Дали се сеќаваш каде во Библијата е кажано сексот да се користи само за репродукција и дека секое негово практикување надвор од репродукцијата е грев?
Да редам уште? Ајде, да видиме дали ќе најдеш некој од горните посочени евентуални стихови во Библијата, па ако сакаш ќе продолжам со листата.