Очигледно тебе единствена цел ти е да го оцрниш името на ЈС!
Видеава што си ги ставил... нема потреба да ги гледам. Ја имам прочитано оргиналната пресуда од судот. Мислиш не знам? На дечкото, кој патем веќе 20-тина и повеќе години не е ЈС, после 30 години односно во 2012 му текнува дека сака да тужи за тоа што му било направено. Целата негова изјава е изразена ’отприлика’. „Отприлика 1983 или 1984 година се случи тоа“, „отрпилика 1985 или 1986 се случи ова“. Ма немој. Не е важно, да не испадне дека сакам да кажам дека не се случило тоа. Се случило. Можеби. Не сум бил родел тогаш. Но размисли вака, дали има резон, на темел на случувањето на една група луѓе што се вклучени во некој скандал, да обвиниш народ од преку 8 милиони?
*За болдот. Зошто јас би ја бранел религијата, кога тука станува збор за индивидуална ситуација во која се вмешани група луѓе што се бројат на прсти? Религијата како религија крајно го осудува тој чин. Дури издала и статии за тоа како да се заштитиме од сексуално вознемирување. (
линк1,
линк2)
Ајде да не речеш дека ги игнорирам сега и коментарите од погоре. Ти гарантирам со главава дека на ниту една сала од ЈС нема да најдеш никаквно национално знаме. Зборувај што сакаш, какви сакаш слики поставувај, јас сум безкомпромисно сигурен дека ниту една сала нема да има национален симбол.
П.С. Јас имам живот во којшто само мал дел од денот посветувам на интернет, форуми итн. Не сум должен да пребарувам теми само за да проверам дали некој напишал некој пост којшто се однесувал на мене. Доколку не ме тагнеш, јас нема да ти вратам!
Поздрав!
Да ти кажам андрејчо од сите ЈС што ги знам само ти им го обелуваш образот. Другите до сега да беа ќе избегаа ко попарени
....
Андречо многу ми е жал за твојот начин на размислување. Имаше причина што ги постирав видеата. Требаше да ги гледаш.
Прво, го правиш истото што WT го прави те ја обвинуваш жртвата наместо извршителот. Тоа се слушило 1986 кога тој имал 6 години. Да тужи? Тоа сакаш од дете на 6 години???? Жртвите на злоставување не се свесни за тоа до покасно во животот понекогаш до 40 и повеќе години и какви лоши последици има за нив. О андреј детето го направило тоа што било поучено од вас да го направи и пријавило на старешините кои се на позиција на доверба во вашата религија. И наместо да го заштитат му се заканиле нему и неговите родители дека ќе биде екскомунициран. Го натерале да мисли дека е тој сам крив за тоа и наместо да го пријават случајот во полиција тие ја заташкале работата што понатака водело да ГОНЗАЛО КАПМОС силува уште 20 +деца по собранијата каде што одел. И повторно во ниту еден случај не е пријавено ниту едно дете не е заштитено. Џабе издавате литература. Битно е како ја употребувате литературата. Андреј зошто не кажеш што имате напишано како да се постапи во ситуација кога ќе биде откриено во книгата "organized". Требало да има најмалку 2 сведоци на случајот на злоставување???
Кој педофил ќе земе некој да го гледа додека врши злоставување??? WTF??? Не е ни чудо што американските судови ја казнуваат WT со цел да биде сменето ова правило. Ама ваш висок член на судот има изјавено "Ова никогаш нема да го смениме"
И
звештај од случајот.
Епа на здравје новите 13.5 милиони кои не WT туку Јеховините сведоци ќе треба да ја платат, покрај 28 милиони во Кандис Конти случајот. Во тек се 20 други случаи еј. Имате системски проблем со педофилија повеќе отколку католичка црква.
Интевју со адвокатот на детето!
Него друго сакав да потенцирам.
Што има изјавено Герит Лош кога беше повикан да сведочи. Во документот кој е објавен во некоку точки има изјавено некои работи како ти како ЈС треба да се подзамислиш.
имено 9 точка дека WT нема никаков ниту имала некаков авторитет врз него.
Пример ти да речеш вака . Јас верувам во библијата јас сум јеховин сведока ама WT нема никаков авторитет врз мене. Што ќе се случи со тебе?
Претпоставувам ќе те подберат малку. Или малку повеќе. Ако утре од тебе се бара да сведочиш на суд имаш прво библиска(марко 13:9 (Мт. 24:9-14; Лк. 21:12-19) 9 Исус продолжи: „Внимавајте на себе! Ќе ве тужат на судови и ќе ве тепаат во храмовите. Поради вашата вера во Мене, ќе ве изведуваат пред управници и пред владетели. Но тоа ќе биде за да им се посведочи и ним.) , a и општествена обврска да излезеш во одбрана на својата религија. Понекогаш од тебе ќе се бара дури и во најтешки случаи да го направиш вистинското и да дадеш сведоштво, па дури и како треба да бидеш тепан , исмеван, малтретиран, па дури и убиен, (читај малави кога од ЈС таму се бараше до смрт да бидат силувани и тепани и масакрирани и да не ја компромитираат својата вера заради тоа што законски се бараше да имаат партиска книшка), а кога станува збор за некој од највискоките рангови на ЈС , кукавички да не излези да сведочи па уште да каже дека дефакто тој нема никаква одговорност кон организацјата која тој сам ја предводи притоа со таа постапка да го навреди судот и да ги остави ЈС на милост и немилост да плаќаат страшни казни додека тој се покри и притоа ги прекрши самите принципи кои тој ги постави. Ми е жал што не можеш да видиш дека едни правила важат за тебе а други за него.
Сликите од халите на кралството се автентични. Превземени се од про-ЈС
сајт кој исто така се прашува зошто WT не ја плати казната од 200 долари и да нема знамиња по халите.
Џабе гарантираш со глава доказите зборуваат сами за себе. Се работи за закон во Чиле кој обврзува поставување на знамиња неколку дена или тоа или казна од 200 долари. Очигледно некои хали не сите во Чиле одбрале да постават знамиња наместо да ја платат казната. Според тој сајт ова се случува веќе неколку години.