Ја укинуваат ТВ претплатата

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Србија ја укинува ТВ претплатата, а РТС во иднина ќе се финансира од државниот буџет.

Радиодифузната агенција во иднина ќе се нарекува Регулаторно тело за електронски медиуми , ќе има пошироки овластувања и ќе биде поефикасна во отстранувањето на недозволените содржини.

http://www.smedia.rs/vesti/vest/110325/TV-pretplata-RTS-Ukida-se-TV-pretplata-DEFINITIVNO-SE-UKIDA-TV-PRETPLATA-ide-na-budzet.html

Но, ЕУ е против државното финасирање

за да се обезбеди правото на објективно информирање и независност на јавните сервиси - ЕУ се противи да истите бидат финансирани од државата и препорачува токму спротивното- систем на наплата на РТВ претплата.
Висината на претплатата зависи од платежната способност на населението на една држава , па во европските земји е вообичаено таа да биде во висина на месечна претплата на дневните весници.

Начинот на кој се наплаќа во земјите од ЕУ се разликува и таа се спроведува од посебни специјализирани агенции , преку поштенската администрација , државите органи, или пак самостојно.
Земјите во кои јавните сервиси се финансираат од државен буџет се : Андора, Естонија, Лихтенштајн , Луксембург, Монако, Шпанија , додека пак во Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Холандија, Португалија и Кипар е укината
во Црна Гора таа е укината пред 4 години поради неадекватниот систем на наплатување како и поради малиот број на лица кои ја исполнувале оваа обврска.

Во Унгарија претплатата официјално си постои , но од 2002 г владата одлучила да таа се финансира од страна на државата.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.913
А Македонија ??? дали е државно или ???
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Но, ЕУ е против државното финасирање.
"во Црна Гора таа е укината пред 4 години поради неадекватниот систем на наплатување како и поради малиот број на лица кои ја исполнувале оваа обврска."
А нели е ЕУ против фрлање на пари во грчкиот бунар без дно? Сега истото се случува и со кипар и они најделе да кажуват како се воде држава. Да не е германија до сега ЕУ ќе беше замината во историјата исто како југославија.
И кај нас ретко кој ја плаќаше ама сега во диктатурата сакам-нејќам морам да плаќам иако до сега МТВ немам никогаш гледано.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Значи, знаеме каква беше мизерна состојба на МТВ кога добиваше пари од буџетот. Сепак, откако се воведе претплатата мораме да признаеме дека состојбата е далеку подобра, дури можам да кажам дека Прва заедно со Алфа се најдобрите телевизии во моментов. Единствено тие даваат нешто поразлично од само турски серии, репризи на турските серии, итн. Конечно по неколку години видов ФИЛМ на нашиве телевизии и тоа го гледав на Македонска телевизија. Јас искрено сум сосем задоволен од насоката кон која се движи телевизијата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
^
за 300 денари претплата од цела држава може и од холивуд премиери да носат место во кино, а може да го ангажираат и Чак Норис да води вести :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не гледам ТВ многу, ама кога веќе гледам наши програми, гледам или Телма (кога ќе начекам документарец) или МТВ. Од причина што знае да се погоди и на МТВ по нешто.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
македонија има 2 милиона луѓе - да рачунаме дека просечно семејство се по 4 члена - претплата по 150 денара тоа му доаѓа месечно по 75000000 денари или изразено во евра 1200000 ЕВРА - епа со МЕСЕЧЕН ПРИХОД ОД МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА треба да бидат пред сите телевизии!!! па дури и премиери да пуштаат - ама како што знаеме кај нас некој мора да мавне пари од некаде како и да е....
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
не е 190ден? и тие милион и нешто евра, не ги лапа бе МТВ, тие пари се распределуваат на СИТЕ медиуми кои зрачат во етер, и онаа тв во село прчизакачи со 5 жители зема дел од колачот.да дека МТВ зема најголем дел, ама треба са сватиме дека не треба да ја поврзуваме давачката само со МТВ. и да, насловот нема веза со реалноста, авторот на темава како по дифолт ги отвара така, без врска, делува како ОВДЕ да е укината тв претплатата. треба да се потенцира дека ВО СРБИЈА се укинува.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Шо почнавте да си правите филмчиња, во Србија се укинува не во Македонија..
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
гледам дотичниот garmin или- заборавил дека темава е во Свет- или нешто не разбира:eek: велејќи дека „насловот нема веза со реалноста„:pos:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
не е 190ден? и тие милион и нешто евра, не ги лапа бе МТВ, тие пари се распределуваат на СИТЕ медиуми кои зрачат во етер, и онаа тв во село прчизакачи со 5 жители зема дел од колачот.да дека МТВ зема најголем дел, ама треба са сватиме дека не треба да ја поврзуваме давачката само со МТВ.
Грешка.

Член 145 (од Закон за радиодифузна дејност):

Средствата за покривање на трошоците за создавање и емитување на програмите и за техничкотехнолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, за одржување, употреба и развој на јавната радиодифузна мрежа, за регулирање и развој на радиодифузната дејност во Република Македонија, се обезбедуваат од радиодифузна такса.
Радиодифузната такса е јавна давачка.
Од средствата на радиодифузната такса се финансираат следниве корисници:
- ЈП Македонска радиотелевизија;
- ЈП Македонска радиодифузија и
- Советот за радиодифузија.
___________________________________________

Член 149

Средства од наплатената радиодифузна такса се распоредуваат на следниов начин:
- 72% за МРТ за покривање на трошоци за создавање и емитување на програмите;
- 4,5% за МРТ за техничкотехнолошки развој;
- 16% за МРД за одржување и употреба на јавната радиодифузна мрежа;
- 3,5 % за МРД за развој на јавната радиодифузна мрежа и
- 4 % за Советот за радиодифузија за регулирање и развој на радиодифузната дејност во Република Македонија.
Од вкупно уплатените средства од радиодифузната такса МРТ задржува износ во висина од 0,5% на име провизија.


Ниеден медиум не може ни да ги помириса парите од радиодифузна такса, освен државната МРТ, и тоа во износ од над 76%.
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
МТВ се финансира од три извори, покрај радиодуфузната такса добива одредена сума и од Буџетот на РМ и плус се дозволи да може да емитува реклами(како дополнително финансирање со рекламите им се нанесува неправда на приватните телевизии бидејќи тие се финансираат само од реклами а МТВ и од други извори)
Не ме интересира за другите телевизии ако на нив не им смета, никој до сега се нема пожалено. Неправда е нанесена на граѓаните бидејќи радиодифузна такса се плаќа секаде. Еве на пример тато има приватна продавница во којашто нема телевизор или радио, а мора да плаќа радиодифузна такса секој месец па каде го има тоа...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
македонија има 2 милиона луѓе - да рачунаме дека просечно семејство се по 4 члена - претплата по 150 денара тоа му доаѓа месечно по 75000000 денари или изразено во евра 1200000 ЕВРА - епа со МЕСЕЧЕН ПРИХОД ОД МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА треба да бидат пред сите телевизии!!! па дури и премиери да пуштаат - ама како што знаеме кај нас некој мора да мавне пари од некаде како и да е....
Не ти ја бива математиката. Ти фалат претплатите од фирмите. Секоја фирма плаќа РДТ и тоа минимум една, а како натаму оди пресметката дали беше на 20 вработени по една и сл. не сум сигурен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom