Јас сум рокерче

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Music is freedom that relentlessly exists​
Freedom of speech​
Freedom of thought​
Freedom of creativity​
Freedom of imagination​
Music is ever soothingly healing​
A bombardment of on-going expression of feelings​
Music is a tool of unity​
Always bringing people together as family​
Hence be described as a mentor of spirituality​
Music is magic​
Performing its tricks​
With sweet instrumental tones and lyrics​
Music is emotionally captivating​
Music is positively distracting​
Music is a form of beautiful art​
Passed on as a message on a public stage​
Music is as powerful as water​
Flowing in and out of generations​
Trapped ever so often only by its own enormous power​
Music is an angel​
Singing out from the skies as she flies​
Music is love​
Music is the food of all moods​
Music is perfect and it is good for you​
Откровение - музикта е многу моќна. Помага при дефинирање на идентитетот, ја олеснува комуникацијата,некои велат дека влијае на нашето расположение, чувства, однесување (уствари се сложувам де). Музиката се користела и за бодрење пред битка, за успивање на бејби створења, за почеток на додворувањето и како пропратна ствар на разно разни церемонии и битни дешавки во текот на животот. Да не не? Така е,шо!

Музиката се користи и во медицината. Знае да пенетрира у човек и ко седатив, па во некои болници ја користат и како средство за смирување на пациентите пред операција, за подобрување на здравјето, за намалување на стресот, а башка шо е најефтината интервенција која ја намалува хируршката, акутната и хроничната болка.. Старите луѓе (кои постојат како наше богатство) може да си ја подобрат својата меморија слушајќи песни од својата младост. Па тек ако запеат...

Без Америте ништо, па ај да ги споменам и нив. Имено, неодамна читав дека у Америка ( со онакво Р ви текнува) во декември 1982 г. било спроведено истражување во една стоковна куќа, кое покажало дека брзата и ненаметлива музика која се слушала во позадината го забрзувала шопингот. Колку повеќе купувачите се шуткале низ стоковната, толку продажбата била поголема. Звучниците биле наштимани така да кај купувачите се создавало благо чувство на задоволство, а истите за тоа не биле ни најмалку свесни. После купувањето биле запрашани: “ Дали ја слушавте музиката додека купувавте? ”33% не биле сигурни дека ја слушале, а 28% дека не ја слушале. Идеш до заклучок дека човек има несвесна потреба да го усклади ритамот на работата со ритамот на музиката која ја слуша.

У истата продавница бил направен и следниов експеримент. Во песните биле ставани кратки пораки у стилот: “ Ти си чесен. Ти не сакаш да крадеш,чесните луѓе не крадат.И затоа што си чесен нема да направиш злочин и нема да крадеш, затоа што тоа не го прават добрите луѓе. ”
Да бе да, смејте се вие и ја си викав ебате глупите Американци, ама уствари резултатите од овие подсвесни монтирани пораки, покажале дека кражбата опаднала за 80%.

Значи музиката не потикнува, не менува, дури и ги усмерува нашите желби. Колку само држави у свет имаат забрана за одреден тип на музика, ехеј. Гитарата може да биде помоќна и од бомба. Музиката може да влијае на нашите ставови, одлуки, претпоставки, однесување...

Да, однесувањето... Е више ко сум кај него у последно време многу ме курчи (а и ради тоа ја отворив темата) потребата за припадност у одреден стил на музика.

Имам едно девојче у мојов живот и стварно многу ја поштувам ( уствари ви кажував за неа у темата за Ник Кејв) и стварно е мадафака за музика. Али често ко сум у нејзино присуство, смешно ми паѓа потребата на некои луѓе да и покажат колку се андерграунд.

Вистинита дешавка. Се возиме у кола. Дечково 37 -8 години. Ја упознава и одма:

- “Знаеш дека јас сум рокерче”.

Она:“Ок поштувам, ако се осеќаш како таков”.

- “Чекаj и вика да ти пуштам нешо”. И пушта и целиот таков со дебилна насмевка и клапната вилица,кажи ама се добри? Многу ги сакам Фејт но мор.

- Абе не се ова Фејт но мор – другарка ми.

- Како бе не се? Ја нонстоп ги слушам. Поклон ми е цедево, види овде пишува Фејтномор. Со нив станав рокер.

Мислам у реду е. Му подарил некој цеде, пишело Фејтномор со ружен плав фломастер и они се и опа рокер.

Истата другарка, друго дете ко ја упознаваше, одкако претходно се имаше изнаслушано за нејзиниот автентичен вкус на музика, облече маичка Металика (иако у живот не ги беше слушнал) само за да ја импресионира.

Не ми ја јасна таа потреба, ама стварно?

Музиката е огледало на нашиот живот, али зарем сеуште постојат луѓе кои се дефинираат како рокери? Посебно да истакнам нели ве нервира таа потреба на луѓето, еве да се рокери. Ако сум рокер автоматски сум фраер? Или некој човек ќе порасне у моиве очи ако е рокер? А и колку изумрена категорија ми е таа “ Јас сум рокер ”. Зарем постојат уште такви луѓе кои така се ограничуваат.

Еве мојата потреба за музика е ненаситна, али шо музика ќе слушам у моментов зависи од интензитетот на чувства, од (не)сјебаноста на денот, од фреквенцијата на расположението, од гласот на певецот... Никогаш не сум ја имал таа потреба да изразам припадност кон одреден стил на музика. Затоа и секогаш го употребувам терминот квази, ако се деси да изразам таква припадност.

Се фура надалеку и тоа дека обожавателите на рок и рап, се со различни карактеристики од оние шо слушаат поп и фолк. Зашто бе брате да се стегаш, ако слушаш фолк? Зарем не е подебилно да се правиш дека слушаш рок, а не е така? Или да ги тероризираш своите уши со дет метал само за да импресионираш некого?

Жално нели?

Најјаки ми се оние кои ми лајкаат безвеза некоја песна од Редиохед на фејсбук, а у живот не се слушнале за нив (камо ли па да слушнале некоја песна од нив).

Мизерии..

Шо викате вие? Се ограничувате вака? Ја баш пред некој ден дискутирав и со Лубрикант на оваа тема и се согласивме дека некако е без везе целата таа бурлеска “ Јас сум рокер ”. А може да ги опфатиме и предрасудите кои се шибаат ако слушаш одредена група, пејач (ви текнува- џанкер,вагабонт, насилник,геј и слично слични етикети).

Бујрум...

* Јас сум рокер = Јас сум рапер, металец,панкер, турбофолкер... Ок?
 
V

Vollstandig

Гостин
Музиката е огледало на нашиот живот, али зарем сеуште постојат луѓе кои се дефинираат како рокери? Посебно да истакнам нели ве нервира таа потреба на луѓето, еве да се рокери. Ако сум рокер автоматски сум фраер? Или некој човек ќе порасне у моиве очи ако е рокер? А и колку изумрена категорија ми е таа “ Јас сум рокер ”. Зарем постојат уште такви луѓе кои така се ограничуваат.
Луѓе што се класифицирале на рокери,панкери,џезери, и ред останати работи, постојат и постоеле.Музиката не е клучен фактор, туку потребата да се биде припадник на одредена група.Не мора да значи дека би било само музичкиот жанр, може да е исто и припадност на политичка партија, одредена националност,религија...битно длабоко е вкоренета тука потребата да се “изрази човек“ како припадник на нешто. А ете, рокери избрале оти им се виделе фраери во филмојте, пошто бубаљицата на крај завршува без женска, оти рокерот му ја ќарил.

Хеви метал движења

Постојат неколку движења на телото што се универзални во метал културата, вклучувајќи ги 'удирањето со глава' (англиски: headbanging), 'шуткањето' (англиски: moshing или понекогаш pitting), какои разни гестикулации со рака како познатите ѓаволови рогови (популаризирани од легендарниот хеви метал вокалист Рони Џејмс Дио во неговото време соBlack Sabbath и неговата соло група Dio). скокањето во публиката, воздушната гитара и сурфањето по публиката често се практицираат, иако воздушната гитара се користи поретко денес. Често метал фановите се прилично вокални во врска со нивните музички избори, и често го извикуваат името на нивниот избран бенд додека ги покажуваат 'ѓаволовите рогови', вообичаено извикувајќи нешто како „Slayer“ или слично.
Луѓето што слушаат метал музика, се нарекуваат металци. Обично следат различни стилови и жанрови, но во глобала се изјаснуваат стиловите што се популарни. Металците се поделени на позери и „вистински„ металци.Обично го мразат целиот свет и окупурани се со нивната музика, а мразењето на останатиот дел на младината е врз основната поделба -не слушаат музика слична на нив. Исто така постојат препирања и меѓу самите металци, кој слушал “помека“ или “комерцијална“ музика, нарекувајќи се едни со други позери, фејкери и други англиски погрдни термини, за нив. Воглавно животот дел од нив го поминуваат слушајќи музика, одделувајќи се од опшеството и декларирајќи се како несфатени, одење по “андерграунд“ или отворени клубови без пари за намештај и уредување на местото па декларирајќи го како андерграунд клуб, кој за чудо на истите им се допаѓа. Вообичаено, го трошат времето на свирки,почесто со лошо озвучување,но понекогаш и се организираат концерти со познати имиња кои доаѓаат претежно во белград, па почнуваат со штедење 9 месеци пред да почни настапапот на бендот, за одење. Некогаш, по некоја грешка се случува да се појави и некој метал бенд во македонија, но дали од суеверие или било што, сите тие истите го нарекуваат бендот позерски и мал број на луѓе се појавуваат на свирката, што е причината за уште помало појавување на метал бендови во македонија.
Може да се забележат и друг тип на металци кои себе си се нарекуваат андерграунд, кои вообичаено се отпадот од опшеството, живеејќи “олд скул“ или како хипстери негирајќи ја целата модерна технологија, дружење и останати трендови,и го поминуваат животот во паркови, пијанејќи се, исполнето со голем број на глупости, по обичај пцуење против влада, одредена група на луѓе што не слушаат музика како нив,по жени нарекувајќи ги шмизли и други погрдни зборови, затоа што им маваат корпа. Обично остануваат таквите неженети и постануваат болни умови со крајно перверзни мисли слушајќи ги нивните неартикулисани бендови од стилот на “Anal Bleeding, Anal Disaster,Disgorge“ и други анал бендови.
Обично,самите металци се чувствуваат како посебни ликови во опшеството, и често пати како многу важен дел од опшеството, што е погрешно поради нивната егоцентричност на отстапување од опшеството и неспособноста за вклопување во истото.
Верувања и религија
Дел од нив се задржуваат на традиционалното верување пренесено од нивните родители, како во обичај ислам или христијанство. Но поголем дел отстапуваат од тоа, кое е “ИН“ помеѓу металците, и нарекувајќи се сатанисти.Често пати можат да се забележат и карактеристични знаци за нив, испишувајќи 666 , пентаграми, латинско-сатански бендови, како графити, натписи, никнејмови, итн. Обично, имаат прочитано неколку зборови за сатанизам, почитуваат будизам, се нарекуваат атеисти, го исцртуваат адолесцентскиот сатанизам, па испаѓаат на некој начин и атео-будисти, при што самите не можат да се одлучат во која категорија на верници или неверници спаѓаат.
Појава на нови металци
Најчесто, металци се појавуваат во пубертетскиот период, од 14 па се до 20 години.Има случаеви кои уште од помали се сториле металци, али се е до тоа колку им бил влијателен постариот брат/сестра или блиска роднина. Можат често пати да се забелеат со коса “грмушка“ која е во фаза на растење, упорната желба за брада, носењето на етикетирани рекламни маици (подвижни билборди) со разни бендови и мајкојебачки пораки на нив,и се разбира тука доаѓа и посебниот стил како отпадници од опшеството и истакнувајќи се како одредена група. Дел од нив, остануваат во истиот филм, долго време, се до својата 30-та година пронаоѓајќи ја љубовта на животот, па настанува промената на стилот или кај народот позната е изреката “Се стори човек,порасна“. Дел од нив остануваат на истиот стил долго време, по обичај неженети,и поминувајќи го животот со новите генерации кои станале металци и дигање на сопственото его пред нив, како искусен конзумирач на алкохол во паркови и други затемнети места.
Карактеристики
Вообичаено, кога претставник на групацијата металци, се сретне со друг нормален човек од опшеството, металецот се осеќа како изгубен, некогаш со потсмев кон другиот, или пак како отпадник, непокаувајќи се баш во јавноста и глумејќи повлечена личност. Обично презираат свадби,крштевки, и други веселби, славење на празници или било што а највеќе локали, места, луѓе што слушаат поинаква музика од хеви металот.
И како што вели народната поговорка, секое чудо за 3 дена, така и кај овие групи, најчесто се појавуваат нови, и заминуваат по одреден период, со смирувањето на тостестеротнот кај машките, додека кај женските припаднички обично завршува со брак со Х особа и целата приказна завршува тука.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас слушам што ми се слуша и одбивам да се ставам во дефиниции или рамки. Уствари тоа што постојано имаме потреба како луѓе да се ставаме во одредени рамки и дефиниции е тоа што не заебува секогаш.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Секој музички правец сосебе носи и одредена култура на однесување и секој човек си има свој омилен музички правец и нормално би бил склон своето однесување да го прилагоди кон однесувањето кое го „налага“ музичкиот правец.
Овие што ти ги опишуваш се обични позери кои со цел да фатат некоја женска би слушале се од Аца Лукас до некој андерграуд ХЦ дет метал бенд.Тие немаат никаква врска со никаков музички правец и слушаат музика од претеризам,а не од задоволство.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
се ограничувате затоа што карактерот не ви е изграден и сакате да припаѓате во некоја група, круг.
Да, ама тоа е карактеристично за пубертетлии, за се` уште недооформени личности. Станува чудно кога вакво однесување ќе се забележи кај доста постари, да не речам возрасни лица, кои би требало да бидат веќе зрели.
Има и луѓе со изграден (музички) вкус, кои претпочитаат одредени правци во уметноста пред други и во сообразност со тоа си имаат и изградено посебен стил на живеење кој им одговара, ама темава не е за нив :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.103
Поени од реакции
5.756
У истата продавница бил направен и следниов експеримент. Во песните биле ставани кратки пораки у стилот: “ Ти си чесен. Ти не сакаш да крадеш,чесните луѓе не крадат.И затоа што си чесен нема да направиш злочин и нема да крадеш, затоа што тоа не го прават добрите луѓе. ”
Да бе да, смејте се вие и ја си викав ебате глупите Американци, ама уствари резултатите од овие подсвесни монтирани пораки, покажале дека кражбата опаднала за 80%.
Аман со овие квази статистики од плацебо ефекти...

Он-топик: Никако не можам да ги сфатам рокерите/металците/раперите/шабанците што мислат дека заради тоа што се декларираат како такви се најбоље. У реалност обично се глупи.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Чекај ти Psyside може да кажеш дека се осеќаш ко рокер?Зарем не е помалку смешна таквата изјава за припадност?Зарем тоа не е наметната ствар? Зарем денес постојат уште такви категории? Зарем и самата музика не се прелева ту на една, ту на друга страна?
 

DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Музиката и звуците се насекаде околу нас.Ги има во природата,меѓу луѓето итн.
Ние сме тие кои ги поставуваме рамките и ограничувањата.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Квалитетот неможе да се одразува само во еден стил. Тоа е ограничување.
Аха тоа е друго, не го прочитав делот, еден стил во претходниот пост, мислев дека зборуваш општо дека луѓето кои имаат одредени критериуми и не слушаат секаква музика се ограничени.

Иначе и тоа до негде не држи, ако некој израснал со одреден стил на музика, и таа најмногу му прија нема причина да се критикува неговиот вкус и евентуалната "ограниченост" никој неможе да знае дали таа иста личност нема позитивно да реагира на стилската промена нели...но пак ќе кажам, тоа не значи дека е ограничен него само преферира одреден стил, е сега ако истиот тој одлучно одбива да проба да слуша нешто друго, тоа е веќе случајот на кој ти целиш.


Чекај ти Psyside може да кажеш дека се осеќаш ко рокер?Зарем не е помалку смешна таквата изјава за припадност?Зарем тоа не е наметната ствар? Зарем денес постојат уште такви категории? Зарем и самата музика не се прелева ту на една, ту на друга страна?
Не, јас слушам многу разни стилови на музика, но претпочитам уникатна, револуционерна и пред се музика која има силна порака - емотивен мотив, и се разбира длабоки текстови, тоа го преферирам.

Не сум фан на копи пејст стилот кој се почесто се практикува.
 

DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Kolku imate vie be? 12 godini?

Jas imam 14 godini i slusam VISTINSKA muzika kao Aerosmith, Queen i The Rolling Stones. Vie ste samo del od ovaja sugava generacija sto go podrzuva denesnoto sranje od muzika.

(Lajknete go postov ako ste del od ostanatite 4% Makedonski tinejdzeri koi sto ne popustija na rap i pop muzika. VISTINSKA muzika.)
Дефинирај невистинска музика,одма.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Forrest Gump - ете истиот муабет од некни.

Мое мислење дека класификацијата само во еден стил, раперче, рочерке , трансер, нема да му успеј на никој и нема далеку да стасаат со тоа што ќе мислат дека само тоа и ништо друго нема да слушаат. Еве да бидам искрен и јас кога бев мал и недораснат имав мислење дека ќе бидам само во еден жанр класифициран и дека ништо настрана нема да слушнам. Дури и кога ќе ме прашаа што ќе прават на свадба, јас му велев никако шабанска музика или народна, само тоа што јас го сакам. Но како што реков, тогаш бев недораснат и мал. Но одамна е подруга работата околку ова мислење. Нема човек што нема да слушни нешто настрана од она што рекол дека ќе го слуша до крајот на животот. Замислете одите со друштво некаде в кафана и што ќе правите? Ќе му речите на келнеро пушти ми Metallicа, Iron Maiden или Слаткар,Тони Зен нешто? Или недајбоже в кафана да ти пуштат Astral Project. Се знае каква музика се слуша каде. Јас би рекол дека недораснатите мозоци се класифицираат само во еден стил, а тоа се особено некои групи на дечишта, иначе другото е све надвор од мода. Во мојот период кога бев помал, се имаше големи групи на поединечнки жанрови кои се собираа во посебни кафичи и се мразеа едни со други, но сеа е сосема поинакво. Сеа има помали групи така кои се собираат и се класифицираат во такви некои рокерски групи (99% дечишта), кои на фејзбук ми пишуваат статуси од типот на сатанизам и атеизам, а на 31 август истите ќе ги видиш дотерани како од мајка родени во цркви со свеќа во раката пошо ги натерале од дома да запалат свеќа за успех и среќа во учењето. Ма немој тие класификации ве молам. Како што реков мене ми изгледа тоа недорасната работа и надвор од мода.

п.с. До сите класифицирани дечишта овде помали од 15 години, не ги трошете едни од најубавите години во животот за да навлезите во некои идиотски жанрови и да се задржите само на тоа. Ќе си го потрошите времето залудно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom