Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.633
- Поени од реакции
- 31.842
Темава
Да почнам од некаде, јас сум рокерче да, оти сум да подобразложам. Како мал имав касетофон, имав братучед колекционер на рок касети кој купуваше и правеше копии за целото негово друшство кај мене на касетофонот бидејќи имаше таква опција, па оставаше една и за мене. Така со касетофонот се живееше до кај 98-99та некаде, потоа купивме системче со цедиња па преминавме на тие тркалезните. Тогаш немаше интернети, си купувавме цедиња од музички продавници, собираш пример 200 денари без да знаат твоите, некогаш мора да кажиш но не се исповедаш постојано, одиш и си купуваш цеде од рок бенд за кој си слушнал дека вреди. Некогаш ќе те поткради продавачот бидејќи те видел мал лигуш за 50 денари, али то е то, цедето го сакаш повеќе од 250 денари. Дури подоцна пристигнаа компјутерите на кои си правевме копии и тргна лесно работата. Со интернетот после неколку години стана многу полесно, албумот за помалку од 5 минути го имаш внатре. Така оди приказната околу музиката, сега нешто друго.
Во меѓувреме јас сум слушал филмска музика коja знае да биде страшно добра, Yann Tiersen на пример, Ludovico Einaudi, Clint Mansell, John Murphy и така натака да не бројам се страшни композитори. Сум слушал и класика која содржи силни емоции во себе, сум слушал и пуштал воедно од компилации chill out музиче, во средно едно време околу половина година интересно ми беше psy trance и goa, но како што кажав околу половина година, слушав и метал поактивно, сакав силна дисторзија. Сум чепкал низ правците, воедно стандарт го практикував добриот рок и оној новиот и стариот, јас немам предрасуди се што ме интересирало сум го прочепкал сум му давал по 2 пати шанса на некои работи, но после двата ако не влезат, очигледно ете нешто не опалило доволно. Јас не сум манџија, сум седел в студентски и сум пиел со децата дури на звучниците трештел Аца, Цеца и нивна багра, но друштвото и муабетите ми биле многу многу побитни и помоќни, па така музиката не ти менува расположение.
Но ако напрам во проценти, некако вака би одело 80 проценти рок (тука влегуваат сите можни правци почнувајќи од панк (post, oldskull, street и тн) њу вејв дарк вејв колд вејв, пост рок, неофолк, би вметнал тука и џез осовено фјужн и некогаш смут), а 20 проценти во горе споменатото од кои класична и филмска 15, а 5 метал и транс.
Јас секогаш сум си нослел кошулчиња, дел од нив биле кремски (тегет боја, бела боја за под палто, сако) дел биле похардкорски, карирани, сум носел нормални фармерки неискинати без костури и слично. По стилот да ме види човек како што се оценува кај нас би рекол овој е тој вистински позер кој демек слуша музика ради филм оти не се облекува и не живее како што му налага музиката, но јас сум сигурен дека тој ,,позер" поминал и видел, ислушал и спуштал морници од кожата на песни кои се далеку од нивните хоризонти и ограничени умови. И не жалам што сум чепнал на страна во музиката, сум пробал сум видел, но да не се лажиме, квалиетот денешно време обично лежи во се што содржи жичан инструмент кој се користи на правилен начин од рацете на некој кој знае да свири со него. Но секогаш има НО, македонската традиционална музика е страшна, воедно поквалитетна од многу срања со кои се труја младината во денешно време, за кои ич не ми е гајле бидејќи тоа е нивни живот, а во песнава која ја постирам има кларинет кој за некое чудо не е жичан инструмент, но мајсторот знае како да го користи. Имаме ние силна традиционала музика која самите не си ја почуваме, а тоа е најтрагичното, со супер музичари, пејачи, страшни вокалишта. И сега ако некој ме праша како се чувствувам јас, одговорот е јасен и лесен, ЈАС СУМ РОКЕРЧЕ (80 проценти и повеќе се доволно за да одлучат како се доживувам и што сум), но да сум ограничен .....далеку сум од тоа, за добрата музика има секогаш време и простор), а ако некој сака да му образложам во повеќе од една реченица што сум, тогаш ќе мора да ме ислуша до крај отприлика колку што трае постов па и повеќе