Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Music is freedom that relentlessly exists
Freedom of speech
Freedom of thought
Freedom of creativity
Freedom of imagination
Music is ever soothingly healing
A bombardment of on-going expression of feelings
Music is a tool of unity
Always bringing people together as family
Hence be described as a mentor of spirituality
Music is magic
Performing its tricks
With sweet instrumental tones and lyrics
Music is emotionally captivating
Music is positively distracting
Music is a form of beautiful art
Passed on as a message on a public stage
Music is as powerful as water
Flowing in and out of generations
Trapped ever so often only by its own enormous power
Music is an angel
Singing out from the skies as she flies
Music is love
Music is the food of all moods
Music is perfect and it is good for you
Откровение - музикта е многу моќна. Помага при дефинирање на идентитетот, ја олеснува комуникацијата,некои велат дека влијае на нашето расположение, чувства, однесување (уствари се сложувам де). Музиката се користела и за бодрење пред битка, за успивање на бејби створења, за почеток на додворувањето и како пропратна ствар на разно разни церемонии и битни дешавки во текот на животот. Да не не? Така е,шо!Музиката се користи и во медицината. Знае да пенетрира у човек и ко седатив, па во некои болници ја користат и како средство за смирување на пациентите пред операција, за подобрување на здравјето, за намалување на стресот, а башка шо е најефтината интервенција која ја намалува хируршката, акутната и хроничната болка.. Старите луѓе (кои постојат како наше богатство) може да си ја подобрат својата меморија слушајќи песни од својата младост. Па тек ако запеат...
Без Америте ништо, па ај да ги споменам и нив. Имено, неодамна читав дека у Америка ( со онакво Р ви текнува) во декември 1982 г. било спроведено истражување во една стоковна куќа, кое покажало дека брзата и ненаметлива музика која се слушала во позадината го забрзувала шопингот. Колку повеќе купувачите се шуткале низ стоковната, толку продажбата била поголема. Звучниците биле наштимани така да кај купувачите се создавало благо чувство на задоволство, а истите за тоа не биле ни најмалку свесни. После купувањето биле запрашани: “ Дали ја слушавте музиката додека купувавте? ”33% не биле сигурни дека ја слушале, а 28% дека не ја слушале. Идеш до заклучок дека човек има несвесна потреба да го усклади ритамот на работата со ритамот на музиката која ја слуша.
У истата продавница бил направен и следниов експеримент. Во песните биле ставани кратки пораки у стилот: “ Ти си чесен. Ти не сакаш да крадеш,чесните луѓе не крадат.И затоа што си чесен нема да направиш злочин и нема да крадеш, затоа што тоа не го прават добрите луѓе. ”
Да бе да, смејте се вие и ја си викав ебате глупите Американци, ама уствари резултатите од овие подсвесни монтирани пораки, покажале дека кражбата опаднала за 80%.
Значи музиката не потикнува, не менува, дури и ги усмерува нашите желби. Колку само држави у свет имаат забрана за одреден тип на музика, ехеј. Гитарата може да биде помоќна и од бомба. Музиката може да влијае на нашите ставови, одлуки, претпоставки, однесување...
Да, однесувањето... Е више ко сум кај него у последно време многу ме курчи (а и ради тоа ја отворив темата) потребата за припадност у одреден стил на музика.
Имам едно девојче у мојов живот и стварно многу ја поштувам ( уствари ви кажував за неа у темата за Ник Кејв) и стварно е мадафака за музика. Али често ко сум у нејзино присуство, смешно ми паѓа потребата на некои луѓе да и покажат колку се андерграунд.
Вистинита дешавка. Се возиме у кола. Дечково 37 -8 години. Ја упознава и одма:
- “Знаеш дека јас сум рокерче”.
Она:“Ок поштувам, ако се осеќаш како таков”.
- “Чекаj и вика да ти пуштам нешо”. И пушта и целиот таков со дебилна насмевка и клапната вилица,кажи ама се добри? Многу ги сакам Фејт но мор.
- Абе не се ова Фејт но мор – другарка ми.
- Како бе не се? Ја нонстоп ги слушам. Поклон ми е цедево, види овде пишува Фејтномор. Со нив станав рокер.
Мислам у реду е. Му подарил некој цеде, пишело Фејтномор со ружен плав фломастер и они се и опа рокер.
Истата другарка, друго дете ко ја упознаваше, одкако претходно се имаше изнаслушано за нејзиниот автентичен вкус на музика, облече маичка Металика (иако у живот не ги беше слушнал) само за да ја импресионира.
Не ми ја јасна таа потреба, ама стварно?
Музиката е огледало на нашиот живот, али зарем сеуште постојат луѓе кои се дефинираат како рокери? Посебно да истакнам нели ве нервира таа потреба на луѓето, еве да се рокери. Ако сум рокер автоматски сум фраер? Или некој човек ќе порасне у моиве очи ако е рокер? А и колку изумрена категорија ми е таа “ Јас сум рокер ”. Зарем постојат уште такви луѓе кои така се ограничуваат.
Еве мојата потреба за музика е ненаситна, али шо музика ќе слушам у моментов зависи од интензитетот на чувства, од (не)сјебаноста на денот, од фреквенцијата на расположението, од гласот на певецот... Никогаш не сум ја имал таа потреба да изразам припадност кон одреден стил на музика. Затоа и секогаш го употребувам терминот квази, ако се деси да изразам таква припадност.
Се фура надалеку и тоа дека обожавателите на рок и рап, се со различни карактеристики од оние шо слушаат поп и фолк. Зашто бе брате да се стегаш, ако слушаш фолк? Зарем не е подебилно да се правиш дека слушаш рок, а не е така? Или да ги тероризираш своите уши со дет метал само за да импресионираш некого?
Жално нели?
Најјаки ми се оние кои ми лајкаат безвеза некоја песна од Редиохед на фејсбук, а у живот не се слушнале за нив (камо ли па да слушнале некоја песна од нив).
Мизерии..
Шо викате вие? Се ограничувате вака? Ја баш пред некој ден дискутирав и со Лубрикант на оваа тема и се согласивме дека некако е без везе целата таа бурлеска “ Јас сум рокер ”. А може да ги опфатиме и предрасудите кои се шибаат ако слушаш одредена група, пејач (ви текнува- џанкер,вагабонт, насилник,геј и слично слични етикети).
Бујрум...
* Јас сум рокер = Јас сум рапер, металец,панкер, турбофолкер... Ок?