Влегувам у новиве автобуси и нешто ми фали, а не знам што. Те се вртам, те се трткам, се прашувам да не е седиштето... Ама не бе, седиштето супер, мекано, можда само за нозе малку простор има.
Си велам, да не е до прозорците што не се отвараат, ама гледаш бога ти, нема гајле, клима фршти.
Си велам, да не е дека има помалку простор за стоење, ама и таму се заебувам- просторот кај шо се скаличкиве на олд скул ЈСП бусоите, овдека е спљоштен и може да се стои и таму.
Си велам, да не е до шоферот, ама и шофериве ги реновирале, саде костумосани чичковци со озбилни сурати, небаре менаџери и банкари се, а не современи кочијаши.
И одеднаш ми текнува, словенската антитеза дијалектички блеснува у синтеза силно и јасно-
Во новите автобуси се осеќам ко човек, а не ко стока, и тоа страшно ме курчи! Јас како и секој Балканец со ронка самопочит мрзам кога нема по што да серам, зашто тоа значи дека морам сеа и јас да се фатам за работа и нешто да направам, а не само да забушавам и да бидувам Чичко Кумплунг.