ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
2,5 не сум али 2 сум. Еднаш иам влезено во двокатен одма на следната станица се симнав. Вкочанување на врат е заебана работа.
Јебига малцинство сте вие по 2 метра :icon_lol: ке си седите на долен спрат..или у другите бусеви.
 
Член од
22 април 2009
Мислења
24
Поени од реакции
11
http://www.bezpardon.mk/nema-vek-e-gaga-vozen-e-za-penzionerite/
Нема веќе гага возење за пензионерите
Град Скопје конечно реши да ги слушне поплаките на граѓаните за неверојатните гужви што се репризираат секој вторник и петок. Средношколци, студенти, вработени, сите се жалеа од пензионерите и нивната потреба за слободно столче во автобусите на ЈСП. Тие, навидум стари и болни, сакаат да седнат, а учениците уморни и поспани одбиваат да станат, и така до бескрај.
Град Скопје донесе нов предлог, да се воведе годишен возен билет за сите возрасни лица, за мажи над 64 години и жени над 62 години, кој ќе чини 1200 денари, а ќе може да се користи секој ден во неделата за сите градски и селски линии. Тие билетот ќе можат да го плаќаат на две рати, по 600 денари во текот на годината.
Од вработените во ЈСП дознаваме дека ова може да биде навистина добро решение за поплаките кои секојдвено ги добиваат, а и автобусите нема толку да доцнат бидејќи ќе се намалат гужвите.
Секако ова е само предлог на Град Скопје, треба да почекаме истиот да биде изгласан и да стапи во сила.
Но, не сите пензионерите се согласуваат со овој прелог .
За 70-годишниот Драгослав Митревски ова е добра идеја и вели: “Секој ден да имаме право, за да нема гужви“. Дој додава и дека не е ни скапа цената на годишниот билет, а и дека лекарите не закажуваат прегледи само во вторник и петок.
За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.
Ни останува само да посакаме што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи некогаш метежот е навистина неподнослив.
Ивана Јариќ
БезПардон.Мк
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Море да не испадне после уште некој ден гага да им дадат па да го кркаме поише.... Додека не се усвои предлогот не се радувам. :D
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Некогаш ако сакам да се насмеам квалитетно, ја читам темава :D А ова новава одлука со пензионерите, можда е и позаебана, да не испаднит секој ден да е гужва.Ама гледајќи по навиките на пензионериве, ќе се намалат:)

И нешто за поскапувањето на цените и правдање со цените на нафтата.
Дали овие користат нафта од Кувајт или од Македонија?
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&id=36727
Меѓуградски
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&id=35607
Локален
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
1200 den годишна за секој ден па ти види сеа :ROFLMAO:
"Скапо" им е нив да даваат толку пари за слободна. ;)
А и не верувам дека има пензионер што ќе се вози секој ден и да ја има таа слободна...
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Со ова не се решаваат гужвите, него ГеЈСП ќе си лапне париче од тие што ќе сакаат да си купат годишен билет. Треба сега пензионерите да се побунат и да бараат бус или комбе кој ќе ги превезува само нив. Е со тоа ќе се намали гужвата. Ем ќе си имаат место за седење, ем нема да нервираат.

Ама нема да им одговара на ГеЈСП.

И како тоа ги слушнаа поплаките дека пензионерските денови се неподносливи, а не ги слушнаа поплаките за браќата што не плаќаат !?

Смешни се колку се проѕирни.
 
I

Iblis

Гостин
"Скапо" им е нив да даваат толку пари за слободна. ;)
А и не верувам дека има пензионер што ќе се вози секој ден и да ја има таа слободна...
На две годишни рати ;)
ОК шала на страна овде секоја логика потфрла од една страна некои ќе им биде скапа картата + ќе се исзврши дисперзија ако може да одат секој ден, а од друга страна пак, оние кои ги користат како средство за "тепање ден" ќе можат почесто да го косристат, праксата ќе покаже во овој случај што ќе надвладее.
ЕДИТ:
И на Таруно муабетот држи вода.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286
http://www.bezpardon.mk/nema-vek-e-gaga-vozen-e-za-penzionerite/
Нема веќе гага возење за пензионерите
Град Скопје конечно реши да ги слушне поплаките на граѓаните за неверојатните гужви што се репризираат секој вторник и петок. Средношколци, студенти, вработени, сите се жалеа од пензионерите и нивната потреба за слободно столче во автобусите на ЈСП. Тие, навидум стари и болни, сакаат да седнат, а учениците уморни и поспани одбиваат да станат, и така до бескрај.
Град Скопје донесе нов предлог, да се воведе годишен возен билет за сите возрасни лица, за мажи над 64 години и жени над 62 години, кој ќе чини 1200 денари, а ќе може да се користи секој ден во неделата за сите градски и селски линии. Тие билетот ќе можат да го плаќаат на две рати, по 600 денари во текот на годината.
Од вработените во ЈСП дознаваме дека ова може да биде навистина добро решение за поплаките кои секојдвено ги добиваат, а и автобусите нема толку да доцнат бидејќи ќе се намалат гужвите.
Секако ова е само предлог на Град Скопје, треба да почекаме истиот да биде изгласан и да стапи во сила.
Но, не сите пензионерите се согласуваат со овој прелог .
За 70-годишниот Драгослав Митревски ова е добра идеја и вели: “Секој ден да имаме право, за да нема гужви“. Дој додава и дека не е ни скапа цената на годишниот билет, а и дека лекарите не закажуваат прегледи само во вторник и петок.
За пензионерката Снежана Лазаревска, ова е непочитување кон пензионерите и додава: “Конечно ни дадоа нешто без пари и тоа ни го земаа“. Според неа, ако сакаат да ги намалат гужвите, пензионерите секој ден треба да се возат бесплатно.
Ни останува само да посакаме што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи некогаш метежот е навистина неподнослив.
Ивана Јариќ
БезПардон.Мк
Поубава информација не сум слушнал долго време.Значи дека моите молитви се ислушани:).Вампириве не се издржуваа веќе.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Вие сте луди ако стварно мислите дека нема да се возат секој ден... Абе секој ден да им се даде слободно секој ебан дена има да се возат, ништо не прават само се возат...

Нели има и виц:

Што пејат пенионерите у автобус у петок и вторник?

Kad se vozimo sve je tako dobro
Kad se vozimo nezurimo nigde samo kruzimo
Samo nam je bitno da se vozimo i nista nije vazno
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Контролорите и патниците се обвинуваат меѓу себе
Задоволството на граѓаните од новите автобуси на ЈСП го расипаа „старите навики“ на некои контролори, кои се однесуваат некултурно, со висок тон, па дури и насилнички
Патниците што секој ден се возат со автобус на линијата двојка велат дека постојано гледаат вербални расправии помеѓу патници и контролори.
- Неодамна се случи инцидент со една моја другарка. Бидејќи влезе од задната врата, сакаше да оди напред кај возачот да си купи карта, но еден од контролорите ја застана и почна да и се обраќа со висок тон и да ја држи за рака. Воопшто не сакаше да ја ислуша, туку почна да вика и да се заканува дека ако не плати казна, ќе ја носи во станица. Сите што го видовме тоа почнавме да се буниме дека не смее контролор да се однесува некултурно и да покажува сила на кого било, а камоли на девојчиња - вели Татјана Ѓорѓиевска, редовна патничка во двојка.
Од ЈСП објаснуваат дека доколку некој се пожали од однесувањето на контролата, случајот прво се испитува.
- Во согласност со предвидениот правилник за работен ред и дисциплина се проверува случајот и доколку некој од контролорите е навистина виновен, се преземаат дисциплински мерки и се пропишуваат казни - велат надлежните во ЈСП.
Во моментов во Јавното сообраќајно претпријатие има вработено околу 65 контролори, кои за да бидат на таа функција треба да имаат завршено најмалку средно образование.
- Според најновите измени во Законот за превоз на патници во патниот сообраќај, контролорите добиваат посебни задачи, од нивниот прием до извршување на работните обврски, и во моментот тие се применуваат. Контролата ги покрива сите линии, и градски и приградски, по однапред направен распоред во три смени. Инциденти може да се случат на сите линии, нема посебно одредени линии каде што има повеќе или помалку, само зависи за каков вид инцидент станува збор - велат од ЈСП.
Од ЈСП кажуваат дека и контролорите често знаат да се пожалат на несовесното однесување на одредени граѓани.
Автор: Ма.Т.

ПС:Дечките од Владата се малку пишман за двокатните, ама ништо јавно.Се мислат за некакво можно преформулирање на договорот со Јутонг.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Цените на нафтата паднаа поради состојбите во еврозоната

Цените на нафтата на светските пазари во понеделникот забележаа пад поради загриженоста на инвеститорите дека европскиот договор за еврозоната можеби нема да биде доволен за надминување на должничката криза или да го поддржи растот во зоната на примена на единствената европска валута.

Барел сирова нафта на лондонскиот пазар падна за 1,57 долари на 107,05 долари. На американскиот пазар, цената на барелот сирова нафта се симна за 1,52 долари на 97,89 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта OPEK, пак, во понеделникот соопшти дека цената барел од референтната кошничка нејзина нафта во петокот изнесувала 10,745 долари, што значи дека во однос на четвртокот се намалила за 1,53 долари.

извор: предна страна на кајгана :)
--------

И сега ГеЈСП ќе ја намали ли пак цената на билетите !? Жими таквото.
 
D

D_NazGUL

Оф мори мајко пак ќе рипа кај нас цената на деривативе. :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom