- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Братче следниот пат, најади се пржен компир со кајгана јајца и почни да си пуфкаш, гајле да не ти е ако почнаат да викаат. ЗнамВчера како што сум се изнервирал,мислам дека никогаш нема,ама како викаат,никогаш не вели никогаш.
Се качуем у двокатна двојка кај соборна,кога стапнувам во автобус што да видам и мириснам,лешови го зафатиле цел автобус,смрдат на полуумрено,среќа јас што дуксер носев,го ставив преку нос и така најдов слободно место,седнав.За две станици се качуваат нова тура “средношколци“,една средношколка со бастунче во рака,одвај се движи по улица,шоферот ја чекаше буквално цели 5 минути да го стигне автобусот.Ај се качи што се качи,му отиде одма на шоферот и почна да се расправа зошто НЕ ОТИШОЛ СО АВТОБУСОТ ПОНАЗАД ЗА ДА НЕ СЕ МАЧЕЛА ВАМПИРКАТА БЕ ?!?!?!
Каде бееее,кадееееее со тој памет,да не сакаш и во раце да те дигне и со сокче да те понуди.
После тоа,следна станица се качуе уште една таква средношколка,ама овој пат имаше “дебата“ за нестанување од место.
Немаше каде да седне,се фати за предната врата и не се мрда од таму,закована како статуа.Шоферот и вика тргни се,вратат свирка или што ти јас знам,не можам да тргнам,оваа инает невиден,не,не се тргам од тука,нека ми стане некој да седнам
И стана еден постар човек преполн со кеси од пазарење,во една од кесите имаше свежа риба,смрди труе корне.
Абе смрт за возење низ автобуси е вторник и петок,следен пат со гас маска ќе влезам,со заштитно оддело од радијација и со нончаки ќе влезам,штом тие може со бастуни да влагаат,јас така ќе влезам,а ништо чудно да има и исфрлања од автобус.Ова е веќе претеризам што го прават.
Јас стандард на никого не станувам во автобус во вторник и петок од чист инает,преку глава ми се.
Стари стари,ама кога станува збор за карање,фаќање место во автобус тогаш им доаѓа некоја фантомска сила налик Хулк и тогаш се најјаки.
во дупла 57 една саботина, некој пуфна во вториот дел од автобусот и оп на следна станица, празно. Со вакви пензионери тоа е лекот. Полоша смрдеа од јајца и нема, само не биди толку душмански настроен, да не го носиш некој на душа