ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера како што сум се изнервирал,мислам дека никогаш нема,ама како викаат,никогаш не вели никогаш.

Се качуем у двокатна двојка кај соборна,кога стапнувам во автобус што да видам и мириснам,лешови го зафатиле цел автобус,смрдат на полуумрено,среќа јас што дуксер носев,го ставив преку нос и така најдов слободно место,седнав.За две станици се качуваат нова тура “средношколци“,една средношколка со бастунче во рака,одвај се движи по улица,шоферот ја чекаше буквално цели 5 минути да го стигне автобусот.Ај се качи што се качи,му отиде одма на шоферот и почна да се расправа зошто НЕ ОТИШОЛ СО АВТОБУСОТ ПОНАЗАД ЗА ДА НЕ СЕ МАЧЕЛА ВАМПИРКАТА БЕ ?!?!?! :eek:
Каде бееее,кадееееее со тој памет,да не сакаш и во раце да те дигне и со сокче да те понуди.
После тоа,следна станица се качуе уште една таква средношколка,ама овој пат имаше “дебата“ за нестанување од место.
Немаше каде да седне,се фати за предната врата и не се мрда од таму,закована како статуа.Шоферот и вика тргни се,вратат свирка или што ти јас знам,не можам да тргнам,оваа инает невиден,не,не се тргам од тука,нека ми стане некој да седнам :pos:
И стана еден постар човек преполн со кеси од пазарење,во една од кесите имаше свежа риба,смрди труе корне.
Абе смрт за возење низ автобуси е вторник и петок,следен пат со гас маска ќе влезам,со заштитно оддело од радијација и со нончаки ќе влезам,штом тие може со бастуни да влагаат,јас така ќе влезам,а ништо чудно да има и исфрлања од автобус.Ова е веќе претеризам што го прават.
Јас стандард на никого не станувам во автобус во вторник и петок од чист инает,преку глава ми се.

Стари стари,ама кога станува збор за карање,фаќање место во автобус тогаш им доаѓа некоја фантомска сила налик Хулк и тогаш се најјаки. :facepalm:
Братче следниот пат, најади се пржен компир со кајгана јајца и почни да си пуфкаш, гајле да не ти е ако почнаат да викаат. Знам
во дупла 57 една саботина, некој пуфна во вториот дел од автобусот и оп на следна станица, празно. Со вакви пензионери тоа е лекот. Полоша смрдеа од јајца и нема, само не биди толку душмански настроен, да не го носиш некој на душа :D
 
Братче следниот пат, најади се пржен компир со кајгана јајца и почни да си пуфкаш, гајле да не ти е ако почнаат да викаат. Знам
во дупла 57 една саботина, некој пуфна во вториот дел од автобусот и оп на следна станица, празно. Со вакви пензионери тоа е лекот. Полоша смрдеа од јајца и нема, само не биди толку душмански настроен, да не го носиш некој на душа :D

Или да почнам да прскам со RAID па да паѓаат како комарци :pos:
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 12:52 ---
Ме нервира што се многу тесни, само за кинези. За регуларен превоз вакви автобуси не се. Само дуплите и саносите. ЈСП многу утнаа со овие набавки. А утре е петок :facepalm:

Ае не ме потсетувај,само кога ќе се сетам дека треба до Аеродром да идам,ми се темни и ми се повраќа...
 
Или да почнам да прскам со RAID па да паѓаат како комарци :pos:
Тоа е убав мирис, ова ти е удри и се расчистува побрзо отколку што си рекол пиксла. Башка ќе го колнат шоферот да застане за побрзо да испаднат
 
Не знам зшто се бунат што некои од патниците не плаќаат карта, посебно студентите. Нормално дека нема да платам со таков стандард, турканици, гужви, па уште и вторник и петок бесплатно за пензионери кои си се возикаат навака натака без причина, и со сите давачки на факултет, бараат 1050 денари месечни за слободна. Епа не вадам бе, за инат, и 10 пати нека ми влезе контрола. Цел ден се малтретирам на факултет, па сеа уште на времево на 40 степени, и да им платам карта без да знам дали по пат накај дома ќе се онесвестам, епа не ! Нека проверат контролорите прво дали патниците се во граница на дозволеното, а не да пуштаат 300 души внатре, па после нека дојде да ми побара карта! Башка што ни возниот ред не се почитува, 15ка може да се чека и по 2 саати, посебно по кога најмногу се брзаш, катастрофа ! И да, еднаш кога немав карта контролорот почна да ми се издерава, да можеше уште малце и шамари ќе летаа. Извини шефе, твоја работа е да провериш дали патникот има карта, доколку нема, да му напишеш казна доколку не ти плати на лице место, никој не ти дава за право да вреѓаш и омаловажуваш!
 
Плаќал некој - неплаќал некој....
Абре не се потресувајте толку за такви работи.
Влезете во еден од автобусите на ЈСП, што сообраќаат кон Кандахар или Карачи и ќе видите како тоа е елегантно решено од страна на АлКаеда - едноставно никој не плаќа и готово (освен вас, секако, но вие сте само каур...).
 
Дали е вистина тоа што слушнав дека имало денес во 22 тепачка со ножеви?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom