Здраво дечки. Имам добиено указ за државјанство, број 144/2023. Закажав термин во јануари, во 12 часот, но бидејќи ќе одам со автобус од Скопје, во 7 сабајле, нема да стигнам навреме во Министерството за правда да го подигнам указот. И затоа не го потврдив терминот кој ми стигна за мејл. Рокот беше до вчера. Сега сакам да закажам на истиот ден термин, само некој саат подоцна, но системот не ми дава. Дали можам да се обратам на мејл некаде, бидејќи потврда немам на мејл да ја испринтам, а нов термин не можам да закажам. Ви благодарам многу.