Македонски филмови

Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Стигнаа и вести од конкурсот за малцински ко-продукции на Србија. Од три македонски проекти (Вечерен акт, Осветлен (Срѓан Јаниќијевиќ) и долгометражниот анимиран Јон Вардар (Гоце Цветановски), ниеден не е поддржан.

Е сега, не дека Србите се експерти, или сè што ќе кажат е точно, ама последниве години имаат успех со филмовите кои ги поддржале со малцинска сума. Годинава со еден литвански филм се во главна конкуренција на Кан, со поддршката на Кристи Пију (Малмкрог) беа во конкуренција на Берлинале, лани или полани со германски филм од некоја анонимна типка мислам дека беа во главна конкуренција на Берлинале, така што судејќи по коментариве, тешко дека ќе видиме добар филм од овие три.

Она што ми се свиѓа кај Србите е што ги објавуваат сите пријавени и даваат објаснување за секој филм.

За „Вечерен акт“, еден од коментарите е дека сценаристот не успеал да го адаптира сценарио на кинематографскиот јазик што се користи во 2020 година. Инаку ова да ти бил некој детски хрватски роман од 1981 г. По мене тешко дека би се снимил филмов, освен ако не повлече шефот некоја врска во Хрватска.

За „Јон Вардар“, викаат дека е клишеизиран. Веќе видено и неавтентично.

За „Осветлен“, самото сценарио не било највешто напишано и потребно било уште работа на структурата и самите односи меѓу ликовите. Сценарист е Кокаланов, така што не ме изненадува ова.

Ги ставив и целосните коментари извадени од соопштението за поддршка, ако некој го интересира.

П.С. Баш се чудев ко слушнав утрово дека Гоце е режисер на „Денот на жената“, а на конкурсот беше Саша. Ете што била работата. Изгледа периодов правеле кастинзи за филмов и снимањето го планираат за крај на септември, почеток на октомври.
Автоматски споено мислење:

@Zlatikevichius земав да направам листа на LB на филмови кои добиле малцинска поддршка од Македонија и го најдов „Враќање“ на конкурсот од 2010 г. Филмот имаше премиера 2018 г. Алал вера.

Сите останатите филмови од тој конкурс се излезени до 2014 година, освен овој што е 2018г. и „Гласно“ проектот на Лешниковска кој никогаш не ни излезе.

„Можеби“ добива 20 милиончичи во 2016-та, па таму 2025 г. ваљда може да го очекуваме филмот.
Инаку не само србите и сите нормални земји имаат објаснување за секој филм како вид на рецензија, кај нас крстајци ниту авторите добиваат ниту се објавува, а па хоштаплерот кажува на прес дека не сакаат да ги објават рецензентите на филмовите оти ќе се напраеле проблеми притисоци корупција и нз што, абе која корупција до гуша во г***a е заглавен од проценти од филмови земеање... Додека не се пишува и објавува се јавно и транспарентно за секој филм и сите одбијани, краток опис зошто што и како ништо не прајме. ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА на сите кои одлучуваат, оти парите не се од џеб што ги дава агенцијата нити на мајка му, државни пари државен конкурс е и транспарентност мора да биде целосна. Во барање на податоци од јавен карактер добиваш едно ливче и на крајот читаш реченица напишана сосила што не кореспондира со твојот проект, нешто што ти кажува дека никој не го ни отворил проектот или кажано е да не се ни гледа ни чита од почеток, а ќе лупнеш 150 евра за апликацијата во вода...

а за Гоце,тој е и продуцент нормално на Македонска Крепост, и негов е целосно проектот, ама сценариото е очајно а Гоце го има и Јон Вардар што не му е готов и нема да биде уште 2-3 год, така да, да не боди очи ќе го шитне проекто на некој чисто за да исперат пари една група на луѓе.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не би рекол дека сите земји го имаат тоа. Ќе кажам за земјите од регионот само.

Ги разгледав последните неколку конкурси на Хрватите, имаат само појаснување за избраните проекти, не и за одбиените. Дури ги немаат и наведено имињата и авторите на тие проекти што се одбиени.

Босанците немаат функционален сајт за да објават какви било резултати. Албанците и Косоварите исто.

Црногорците на последниот конкурс ги имаат објавено одбиените имиња, ама образложение има само за тие што добиле средства.

Словенците ги објавуваат само филмовите кои добиле и објаснување само за добиените филмови.

Али се сложувам деја треба да има и кај нас образложение зошто одредени проекти се прифатени и да има поголема транспарентност.

Инаку најдов филм, косовскиот „Летечкиот циркус“, кој низ објави по медиуми е претставен како малцинска ко-продукција со Македонија, го имаат наведено и на сајтот на филмскиот фонд, го нема на ниеден конкурс. Како?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Инаку не само србите и сите нормални земји имаат објаснување за секој филм како вид на рецензија, кај нас крстајци ниту авторите добиваат ниту се објавува, а па хоштаплерот кажува на прес дека не сакаат да ги објават рецензентите на филмовите оти ќе се напраеле проблеми притисоци корупција и нз што, абе која корупција до гуша во г***a е заглавен од проценти од филмови земеање... Додека не се пишува и објавува се јавно и транспарентно за секој филм и сите одбијани, краток опис зошто што и како ништо не прајме. ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА на сите кои одлучуваат, оти парите не се од џеб што ги дава агенцијата нити на мајка му, државни пари државен конкурс е и транспарентност мора да биде целосна. Во барање на податоци од јавен карактер добиваш едно ливче и на крајот читаш реченица напишана сосила што не кореспондира со твојот проект, нешто што ти кажува дека никој не го ни отворил проектот или кажано е да не се ни гледа ни чита од почеток, а ќе лупнеш 150 евра за апликацијата во вода...

а за Гоце,тој е и продуцент нормално на Македонска Крепост, и негов е целосно проектот, ама сценариото е очајно а Гоце го има и Јон Вардар што не му е готов и нема да биде уште 2-3 год, така да, да не боди очи ќе го шитне проекто на некој чисто за да исперат пари една група на луѓе.
АФРМ поддржуваат проекти по сценарио на Сашо Кокаланов и Борјан Јовановски... од пред скоро, овие двајца ги нарекуваат сценаристи во државава :pos: :pos: :pos: И после ќе дојде членот од минатата страница и ќе ни каже кои ни се национални гордости.
Ко Медо од џеб да дава пари, недај боже да мислиме дека тоа се државни средства.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
На Теона да и се забрани пристап до било што поврзано со филмска уметност! Јас толку имам да кажам.
И на Лабина да и се забрани да „глуми“.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Ми стигаат нотификации од темава, сум заборавил зошто :coffee:

Кога сум тука веќе, пред десетина дена го гледав филмот ,,Господ постои, името и е Петрунија".

Генерално гледано, филмови гледам онака, кога имам вишок време, далеку сум од можности да анализирам или пак да оценувам нечиј квалитет.

Но, искрено ништо, ама баш ништо во овој филм не ми се допадна. Кога го читав описот, ме привлече, изгледаше како да има нешто да понуди. Знам дека ова се македонски филмови, со мал буџет и се тоа, но очекував нешто подобро.

Приказната ми беше океј, ама во ниеден момент филмот не ја пренесе суштината. Новинарката беше многу лош додаток, целото тоа новинарско ала вести стил снимање беа несоодветни. Главниот лик онака, на почетокот ми се допадна многу, ама потоа во полициската станица беше многу неубедлива и површна.

Најлошо сепак ми беше целата таа нелогичност на апсењето/приведувањето во станицата. Добив впечаток дека некој многу лошо се обидел да го ископира Кафка, на крајно несоодветен начин.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Милчо има специфичен фетиш во своите филмови да става секс сцени во кои има некој воајер, па женската го приметува воајерот и го гледа во очи и се смее шизофренички и продолжува појако да се кова. Мислам, знам дека жениве се генерално ментални и тоа ги пали но, сепак...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@џимеј
1. Ако Северна Македонија си игра кинематографија што да кажеме за Црна Гора, БиХ а и Србија не се поарни со своите националистички големо-српски филмови или глупави комедии. Манчевски, Митевска (и Столе Попов можеби) ни се најрелевантни режисери со најмногу меѓународни награди. Покрај филмовите на Милчо и Теона ги имаме Медена земја, Исцелител, Балкан-кан, Види ја ти неа... Општо земено хејтањето на Теона е поради тоа што филмовите не и се во согласност со македонскиот прост и конзервативен менталитет и начин на живеење. Вистината е болна. Прикажаното во Кога денот немаше име за Смилковоско е сосема можна и веројатноа верзија. Само што кај нас се создаде приказ дека тие деца беа ангели господови. Јас жалам за нивните животи и барам најстрога казна но идолизирање не прифаќам. За Манчевски Ви смета тоа што е полн со себе и нарцисоиден ама веројатно со право.

2. Не велам само јас дека се национална гордост туку тоа општо познат факт. Номинација за оскар, Златен лав, Берлинале, Венеција, Шангај нивните филмови се секогаш прикажани и дигаат прашина. За жал ние немаме други режисери кои постигнале поголем успех освен сега Медена земја.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.646
Ми стигаат нотификации од темава, сум заборавил зошто :coffee:
Да те потсетам...

По повод денешното прикажување на Викенд на Мртовци на МТВ, редно време е да го прашам по 43268 пат @Mondonico .... го гледаше ли филмот бре? :sakasuste:
И го гледаше ли филмот душо заборавена? :sakasuste:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.965
Поени од реакции
17.772
Пак ли со политика бе друже, аман не пропушташ ни една критика.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
а и Србија не се поарни со своите националистички големо-српски филмови или глупави комедии.
Рече и остана жив. Србија за Македонија е Холивуд. Да за Македонија, не за Северна.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.608
Прикажаното во Кога денот немаше име за Смилковоско е сосема можна и веројатноа верзија. Само што кај нас се создаде приказ дека тие деца беа ангели господови. Јас жалам за нивните животи и барам најстрога казна но идолизирање не прифаќам.
Друже, ти ги имаш помешано брзините. Филмот Кога денот немаше име е игран филм, не документарец, за да нуди веројатна или неверојатна верзија на настани. Играните филмови се фикција, измислица на авторот. Нема што да разглобуваме дали било така или не. Дополнително, уште на почетокот од филмот Теона се оградува од случајот кај Смилковско. Вели: "Се случи тоа и тоа, по што македонската јавност остана поделена. 4 момчиња беа убиени. Филмов не е за нив." Настанот можеби служел како инспирација, но не е преточен во филм. Значи, батали го Смилковско. Дали нештото прикажано во игран филм е веројатна или неверојатна верзија на вистински настан не е никакво мерило за квалитетот на филмот.

Сега, да се апстрахираме од Смилковско, и да го разгледаме филмот, ние, затуцаните, со прости и конзервативни ставови, ко што не викаш, ти, прогресивниот. Што толку, од филмски аспект ти се допадна во филмот? Освен кинематографијата, која навистина е солидна, на моменти одлична, и музиката, јас добив очобол од се друго. Глумата е ужасна. Сценариото нула - не се придвижува од мртва точка. Да земеш да нафрлаш милион пцовки од скопски сленг и да додадеш уште милион измислени, само за да докажеш некаква поента која самиот којзнае дали ја разбираш не е пишување сценарио, а уште помалку има допирна точка од уметност. Ете, земи го сценариото на еден Џган, на пример - исто, има милион пцовки, но тие се вметнати во целина која има почеток, заплет, кулминација и расплет. А не "песничка" наречена: "Ај да пцуеме 2 саати, онака, без смисла". Ликовите се ужасни. Еден добро напишан лик нема. Ни ги знаеме мотивите кои ги водат, ни ни се фокусира на некој од нив за да ни направи да го сакаме, мразиме, сожалуваме, било што да му правиме, само да имаме некакви емоции кон него. Не. Кон сите ликови сме индиферентни до таа мера, што буквално никому не би можело да му биде гајле за ни еден од нив. Да земела рандом наркоман и да го пуштела 2 саати да се фикса, ќе беше поинтересно од било кое од децава прикажани тука. Глумата - очај! И немој да ми кажеш дека не биле актери. И Мартин Ѓоргоски од Џган не е актер, па детето искина. Со очите глумеше, бесот дури и во очите му се читаше. Овие... не знам како да ги наречам... Катарина Ивановска во Трето полувреме одглуми подобро од било кој од нив. И последно: поентата. Јас стварно не сфатив која беше поентата на филмот? Што сакаше да ни покаже Теончето? Зема 4 тотално нереални и неизградени ликови и ги стави во 2 - 3 тотално нереални ситуации. Тоа може да функционира, да, ама во sci-fi филм, а тука, колку што ме држи меморијата од синоќа, Марсовци на крај не се појавија.

Значи да резимираме: настрана од Смилковско, од филмски аспект ова не само што е екстремно лош филм, туку еден од трите најлоши филмови некогаш снимени кај нас.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
@џимеј
1. Ако Северна Македонија си игра кинематографија што да кажеме за Црна Гора, БиХ а и Србија не се поарни со своите националистички големо-српски филмови или глупави комедии. Манчевски, Митевска (и Столе Попов можеби) ни се најрелевантни режисери со најмногу меѓународни награди. Покрај филмовите на Милчо и Теона ги имаме Медена земја, Исцелител, Балкан-кан, Види ја ти неа... Општо земено хејтањето на Теона е поради тоа што филмовите не и се во согласност со македонскиот прост и конзервативен менталитет и начин на живеење. Вистината е болна. Прикажаното во Кога денот немаше име за Смилковоско е сосема можна и веројатноа верзија. Само што кај нас се создаде приказ дека тие деца беа ангели господови. Јас жалам за нивните животи и барам најстрога казна но идолизирање не прифаќам. За Манчевски Ви смета тоа што е полн со себе и нарцисоиден ама веројатно со право.

2. Не велам само јас дека се национална гордост туку тоа општо познат факт. Номинација за оскар, Златен лав, Берлинале, Венеција, Шангај нивните филмови се секогаш прикажани и дигаат прашина. За жал ние немаме други режисери кои постигнале поголем успех освен сега Медена земја.
Кој е тука со прост менталитет? Мене еве не ми се допаѓа, може да ти предавам општо за култура, а и за филмови на тебе и на таквите безрбетници, што мислат со туѓа глава. Филмовите се крш, приказна со сила, украдена од настан и изменета на полошо, осакатена, сценографија 0, дијалози пролив да те фати, кадрите исто за никаде, едно осветлување бар да погодеа, пост-продукција исто срање. Ќе пцујат сите, ќе извади некоја глумица цицка и мисли уметност е. Објективно филмовите и се крш. Само што јас имам изгледано илјадници филмови, а тебе од НВО-то ти рекле дека филмовите на Теона се топ.

А ова за смилковско не е можна верзија, да истражела и да било така, па да причажела. Демек еве овие ги пцуеле и затоа ги утепале... Децава може не биле светци, ама па до толку ѓубриња сигурно не биле, а дури и да биле не заслужувале да умрат на 18 години. Стави се на место на родителите, терористи да ти го утепаат детето и после некоја хипи-караконџула ванаби режисер да прави филм во кој детето ти заслужило да умре.

Ги научиле три збора да вреѓаат, и цело време фашист, заостанат, прост.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom