Едно кратко резиме, да не бидам монотон со моите постови.
Телекабел има солидна (ОК) понуда на ТВ канали, но постојат неколку "моменти" во понудата кои требаат да се решат, подобрат или да се понудат за да биде се по мене совршено, а тоа е следно:
1. да се зголеми бројот на HD канали, истите веќе постојат, но само се downscale (SK1, HRT1, RTS Svet, N1, Al Jazeera..) Oд апсолутно нејасни причини се прави downscale, па сите имаме FHD и 4K телевизори, а дали 2% од претплатниците ги имаат старите MPEG2 ресивери. Ако е поради нив заменете им ги. Некоректно е од ТК моменталната состојба.
2. EPG - Електронски програмски водич, недостига на голем број канали
.
3. Да се понуди со доплата филмски пакет (Cinestar Premiere, HBO...)
4. Балкан пакетот да се збогати, со сегашната понуда од 99 денари (1/4 од стандардната претплата) е скап и неконкурентен, јас лично ќе го откажам (Nova HR ја исклучивте).
5. Квалитетот на сликата на: Телма, Собраниски канал, CN, Vavoom, Jimjam, E!, Diva, Alsat, N1 да се подобри. Има dot crawl ефект на каналите поради аналогниот пренос од ресивер преку RCA кабел до A/V modulator. Не можете овие канали да ги пренесете како останатите?
Да не се повторувам, но ова што го бараме не е SF, или некоја скапа инвестиција, односно нешто тешко за сработување од страна на голем кабелски оператор.
Ви благодарам на разбирање, знам дека се повторувам со постовите, но сакам да дадам придонес во подобрувањето на понудата и тоа со реални барања.
Поздрав кајганџии