Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не е за оправдување дивеење за време трка ама не беше ама ич неработен ден. Носев член од фамилија со кола, затоа што автобус не му беше опција, здравствено, ама мораше на работа. Па вртевме кругови за да стигнеме што поблиску, затоа некогаш мора и со кола. Епа од 600+ илјади рачунајте, све живо е пореметено...Тоа дека њујорчани трчале низ град, нема значење за нас со надземен транспортен систем и цели 3 булевари кои истовремено се блокирани. Среќа блокадата за назад ме фати solely, кај ситимол па можев да чекам цели 25 минути да се извлечкаат ојле дојле кои одвј влечат нозе, пријавени као ќе трчаат. Луѓе трчаа ама на автобуска, преку улица, да не задоцнат на автобус. Што ако некому во колона кај чекавме, се слошеше, имаше напад и слично? Или Брза помош, од каде ќе поминеше?
Исто важи за други вакви акции среде град.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.984
Кај нас не постојат ниту работно време,ниту неработни денови.Нема човек што работи приватно,а кој нема работни обврски и преку викенд.Само организација фали,не мора да биде градот парализиран како што беше вчера.Инаку дај боже што повеќе вакви настани да се одржуваат валда ке допре до свеста на луѓето кои палат автомобил за од Лептокарија да стигнат до Ситимол[DOUBLEPOST=1557038673][/DOUBLEPOST]Ако има некој кој никогаш не работи преку викендите,и има строго утврдено работно време алал нека му е
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Со ваквите настани барем може да се види колку некои се надвор од контрола кога ќе има затворени улици и ќе мора да оди по други или пешки.
Тие се надвор од контрола на летен дожд, а не пак на ова.

Си пишува кои се затворени и тоа е, си планирате од каде ќе возите, а не сите се фатиле по таа една лента што е слободна. Подобро ќе кружам плус 10км, отколку да чекам пола саат во гужва.

Може на 100 коли навистина да им се брза поради здравствени причини, ама на 20.000 бе
И текнало до Рамстор да оди немој после 2 саат ќе затвори, крај на светот е. Друг требало да оди во теретана. Снемала бензин чекајки, нервен слом, затоа што ја чекала некоја муштерика за шминкање. :pos:

Во сабота па и не толку се на работа, а па во вторник :pos:

За споредба некаде уште во четврток почнуваат да се затвараат улиците во центарот, од петок до сабота вечер сите улици затворени и сите коли ги тргаат што останале паркирани, сите катни гаражи и паркинзи се затворени. Каде ти останала колата таму е, нема вадење од гаража и возење тој период кога е маратонот и според тоа секој си планира.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.984
Со ваквите настани барем може да се види колку некои се надвор од контрола кога ќе има затворени улици и ќе мора да оди по други или пешки.
Тие се надвор од контрола на летен дожд, а не пак на ова.

Си пишува кои се затворени и тоа е, си планирате од каде ќе возите, а не сите се фатиле по таа една лента што е слободна. Подобро ќе кружам плус 10км, отколку да чекам пола саат во гужва.

Може на 100 коли навистина да им се брза поради здравствени причини, ама на 20.000 бе
И текнало до Рамстор да оди немој после 2 саат ќе затвори, крај на светот е. Друг требало да оди во теретана. Снемала бензин чекајки, нервен слом, затоа што ја чекала некоја муштерика за шминкање. :pos:

Во сабота па и не толку се на работа, а па во вторник :pos:

За споредба некаде уште во четврток почнуваат да се затвараат улиците во центарот, од петок до сабота вечер сите улици затворени и сите коли ги тргаат што останале паркирани, сите катни гаражи и паркинзи се затворени. Каде ти останала колата таму е, нема вадење од гаража и возење тој период кога е маратонот и според тоа секој си планира.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Понеделникот цигани претовариле коњ кај канал 5, паднал од изнемоштеност 1 час блокиран сообраќај,вторник пукнала цевка од водовод блокирано од ситимол до карпош 3 бензинската.Среда на раскрсницата кај мавровка ги носеле диво насеље на суд блокирано пола саат,четврток доаѓала делегација од косово цело визбегово блокирано,у петок 20 души им текнало од х причина кај влада да протестираат.Ваков произволен став како твојот може да има човек кој си ја наредил одамна па си трга сеир со останатите,или ако не живее тука у оваа вукојебина
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И ти на сите тие места имаше итна работа. :( Јас да сум повеќе вакви настани ќе ви организирам со блокирање улици, па да се научите на ред.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Имаш луѓе излезени со кола со реален здравствен проблем, неодложна работа - 1% (кои btw полицијата ГИ пропушта).

Имаш луѓе излезени со кола, одат на кафе, у мол, у Дебар маало, на детски роденден - 98,99999999% - у голем дел безобразни, свират и не им се чека....

И го имаш Анон - со вишок време за тресење глупости у темава колку да се најде у муабет.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како што јас на седми ќе возам 40 километри со точак зошто имам неодложен состанок, можат и повеќето. Еден ден е во годината.

Не се проблем луѓето со навистина неодложни обврски, проблем се тие кои што го контаминираат сообраќајот за без врска. Маратонот е на фиксна дата секој прв викенд од мај освен ако не се падне први/втори, веќе 15 години трае ова, не е од вчера. Не ми се верува, мислам дека ние сме прва земја каде што народот се буни за петчасовно викендашко блокирање на улици.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Само кај нас може секоја година да се вергла истиот муабет и истите гужви да се праат. Со години се одржува маратонот, се знае датум/период кога е, најавен е скоро цела година унапред... знаеш како е, кои улици се блокирано и упорно се пикаш со кола у сред дешавка. Епа дреми заглавен пизда му материна.

Па и коментари од типот „нека се трча на кеј, таму на никој не му смета” :facepalm: Толку ни е културата.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Имаш луѓе излезени со кола со реален здравствен проблем, неодложна работа - 1% (кои btw полицијата ГИ пропушта).

Имаш луѓе излезени со кола, одат на кафе, у мол, у Дебар маало, на детски роденден - 98,99999999% - у голем дел безобразни, свират и не им се чека....

И го имаш Анон - со вишок време за тресење глупости у темава колку да се најде у муабет.
Која глупост ја треснав јас? Пууу страшен батхртизам човече. Има креми, земи си, аман. Се гледа и од тоа дека се жалиш за камениот мост, требало тебе да ти го дадат, ќе си го средел :D јас со вишок време и тресење глупости (вишок време можеби), ама ти пропаднат самобендисан комплексаш... форумски експерти има многу ама за на твое ниво, еднаш се раѓа.

Никој никаде не ги одбрани овие што ги збориш. Само си ги вртиш муабетите за да ти одговара. Има име за тоа, се вика спинување.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Фала Анон!
Многу ми значи потврда од форумски и универзумски авторитет од твој калибар.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Каков топик за дискусија. :rolleyes: На тие што трчаат им сметаат возачите кои нестрпливо сакаат да начекаат два метри да нема тркач па да се провлечат и поминат, макар полицаецот да не им дозволил, во стилот нема со нас да се замара има работа тука. На тие што возат им смета тоа што не може да си стигнат од точка А до точка Б коа си наумиле поради некои што им текнало да трчаат. Се надевам дека на истите им сметаат и партиски митинзи на политичките партии и отсечените улици за време на истите, секако ако не се самите дел од нив. И сега, што е решението? Да се откаже единствениот настан во 365 дена каде што народот може да се рекреира, каде што од најмал до најголем, болни и здрави сите трчаат, каде што може да се претставиме во убаво светло на странците кои доаѓаат или да почекаме и да се снајдеме за тие 5 часа? Да отпатуваме со велосипед, да го чекаме автобусот на станицата што е на другиот булевар ако нашиот е блокиран, да испешачиме до дестинацијата и да тргнеме порано, да тргнеме саат време порано од дома наместо предвиденото време САМО ЕДЕН ДЕН? Не зборуваме за итни случаеви. Јас лично од мене да тргнам, имам положено за кола, но ниту еднаш не сум се качил во кола за каде и да треба да одам, користам велосипед, автобус, или одам пеш, едноставно сакам да живеам во општество каде што автомобилите ќе ги има само на автопат за превоз меѓу градови/држави, а во градскиот сообраќај ќе нема присуство на автомобили, секој да поседува кола, но да ја користи само во ситуации од типот стара жена во болница не и е добро, жената се пораѓа итн, а за веродостојноста на дестинацијата на возачот на возилото, да се даде потврда од болницата или објектот дали навистина човекот таму пристигнал, за злоупотреба т.е. ако отишол на кафе или на шопинг за матура, да следува казна. Да не забегувам оф топик, ова нема никогаш да се случи тука, ама ете ако сакам да видам промена, да тргнам од себе, културата е таква каква што е нема бегање јасно ми е тоа.
Тие што одат на кафе или шопинг со кола за време на маратонот, следна година наместо кафето и вие трчајте, и ќе немате нервози од типот колона будали што трчаат ме спречува да стигнам на време. Нема да свирите, нема да се туфкате, нема да газите луѓе, ќе си трчате.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
Тек сега најдов време да пишам. Јас сум супер задоволен годинава од резултатот. Трета година по ред трчам 42км и конечно турнав под 4 часа, што ми беше таргет уште кога решив да трчам маратон пред 3 години. Времето ми е 3 часа и 58 минути.
Годинава за разлика од претходните две имав нешто пообемен тренинг, т.е. имав 15 трчања за разлика од претходните две години каде имав по 10 трчања. Да не ни е толку канцероген воздухот зимно време, би имал многу повеќе тренинзи пред маратонов. Едноставно тек во Март месец воздухот е прифатлив за трчање, два месеци фул за спремање маратон е можно али сметам дека за добра припрема потребни се минимум 3 месеци.
2017та времето ми беше 4 часа и 10 минути, а 2018 истрчав за 4 часа и 16 минути.
Значителен фактор беа и временските услови кои мислам дека беа идеални, на моменти имаше малце посилен ветер од тоа што ми одговара, ама тоа беше во кратки периоди. Претходната година беа едни од најтешките услови, сонцето не испржи, претходната вечер врнеше, тежок спарен воздух за дишење, имав многу кризи. Годинава немав ниедна криза настапив со 5 кила повеќе на мене од претходната година, па пак многу подобар резултат остварен на крајот. Тренингот и временските услови се најважни за добар резултат. Нормално патиките и тежината си играат многу важна улога.
Годинава малце експериментирав и со јадењето пред трка, не многу паметно баш тогаш да се експериментира али јебига :) Баш со @Krk1 зборевме за ова пред некој ден. Со храната мислам ја погодив работата зашто не осетив губење на сила во ниеден момент, а се случуваше претходно да осеќам празнина и глад во стомакот дур трчам. Три дена пред трка се полнев со јаглехидрати (ориз, варен компир, банани), а 2 ипол часа пред трката оброкот ми беше: две парчиња обичен бел леб намачкан со маргарин и мед, две банани, еден ред темно чоколадо и голема шолја кафе. Убаво би било сите да пишете кој е вашиот план за храна пред трките па да пробуваме повеќе работи, мене оваа до сега најдобитна комбинација ми беше. Од возбуда за тркава не склопив око, заспав во 5 ипол сабајле а станав во 6, среќа не се одрази многу на трката тоа, адреналинот напумпан скроз. Мада и претходни години тешко спијам пред трка, по 3 саати макс.
Мислам дека 42ката ќе ја паузирам одредено време зашто таргетот го постигнав а имам и други физички активности, сепак телото не ми е за маратони во моментов а нејќам да слабеам многу зашто теретаната ми е примарна активност. Продолжувам со трки на 10 и 21км, али не се знае, обично преку ноќ ми иде мотивација за некои работи, па можe и некоја 42ка ќе се деси.
Мора да се потрудат повеќе за пакетите, ми текнува на пакетот од 2017та колку повеќе работи имаше во ќесата, имав ставено и слика од сите работи што содржеше, греота е наместо побогато и поопремено да е, тие како проаѓа време се победен да го прават пакетот, едно пакетче магнезиум ставиле, катастрофа. Маицата од поглед на квалитет на материјалот мислам дека треба да се пофали.
За крај, најнеомилената тема ми е ова со гневните наши возачи. Сте опфатиле од двете страни генерално што и како е ситуација. Сигурно и во поголемите метрополи каде Маратонот има многу поголема традиција има незадоволни и мрчатори, проблемот кај нас е што ние на метар квадратен сме шампиони на ова поле.
Честитки до сите, па разменувајте искуства за тренинзите, исхраната, опремата и останати работи.

Јас оваа година негде после првите тренинзи се подновив со оваа патика:

59295415_621302091669786_6224259200839581696_n-1.jpg

Nike Lunarglide 8


Ги имав пробано еднаш пред година и нешто и делуваа предобри, немав пробано подобра патика до тогаш, ама беа 6 илјади и кусур. Годинава ги начекав во sportvision за 3400 денари, ги пробав пак и одма ги купив. Првпат купувам најк, фан сум на асикс али не сум имал подобра патика за трчање од оваа. Пред овие трчав со асикс гел контенд 4 и задоволен сум и од нив, али разликата е во класи со најков, океј тој модел на асикс не е во иста класа со овој на најк, ова е во горна класа на најк, а немам пробано асикс од горната класа. Пример асиксот има појако платно и малце покрути се, а најков имаат пристап горе да се како чорапа да облекуваш лесни и меки а доле имаат убава потпора на ѓонот. Само еден помал плускавец имам од тркава, а претходните години имав помодрени палци после толкави трки. Со овие патики не осетив никакви проблеми на стапалата и зглобовите ни после трка ни за време на тренинзите а цело време на асфалт трчам. Така да најкот ми легнаа мене, но се е индивидуално и како стапалото ќе ги прифати патиките.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom