Premier League - Season 2017/2018

#МукиАут


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Верувајте не е лесно после 20 и кусур години , да се сетиш на детали. Тогаш утакмиците идеа на лажиче и се вршеше селекција која ке се дава . Гигс го забележав сериозно некаде 92-3 , пред тоа беше ептен млад а и Фергусон го пушташе дозирано.По мене најдобра година му е 99 може и 96 , но и пред и по тоа имаше јаки утакмици.
Покрај неговиот талент имаше и среќа да му се паднат многу јаки соиграчи , кои одвлекуваа внимание на себа почнувајки од Кантона , Кин , Кол , Јорк. Уште му се погоди созревањето на генерацијата со Бекам, Сколс, Бат, Невил.
Гигс во никој случај не треба да се гледа во денешно светло на играчи глобтротери и гладијатори . Тоа беа сосема други рамки на фудбал и однесување. Фергусон ги гледаше како свои деца , не даваше да трпат никаков притисок од страна .
Јасно е ова дека ги гледал ко свои деца, се приметуваше дури и во поновото доба, не смееше новинар да пише ништо против играч на МЈ, немам видено менаџер во денешно време така да манипулира со новинари како Фергусон, Мурињо е гола вода во тој смисол само штета што Мадриѓани и Челзијаши дури сега го увидоа тоа. Што и да памтиш пишувај на темава, баш интересно е.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Се извинувам вака што се убацувам малце покасно ама ме интересира кој и каде го има наречено Мората флоп па што замараат толку Челзињава на секој негов гол? xD
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
А како е Лукаку подобар од Мората? :D
Физичка сила, брзина, прием на топка, градење на топката со играч на грб па и асистенции. Во сите овие категории Лукаку е Ферари за Мората.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Ја основните категории само ги кажав, доволни се тие
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Па шо знам, во која категорија сакаш да се споредуваат. Голови ? Асистенции ?
Ќе ми споредуваш цели кариери?

Моментално гледајќи ги еве во овие шест натпревари, не знам како некој озбилно би земал да каже дека едниот е подобар од другиот.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Цитирај го Ставро чим така. Ти кажа он зошто Лукаку е подобар од Мората гледајќи ги во досегашната сезона.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.251
Физичка сила, брзина, прием на топка, градење на топката со играч на грб па и асистенции. Во сите овие категории Лукаку е Ферари за Мората.
Смешен си.. Лукаку го има еден од најлошите приеми на топка дури и интернет меме стана.. Исто и пас играта му е ужасна..
Брзина, незнам колку си гледал Мората во Јуве ама зачудувачка брзина и експлозивност има.. И јас имав впечаток дека е спор од времето во Реал како младинец ама во Јуве ко го видов се шокирав.. 2015 мислам беше против Баерн ко играа партали го направи Алаба


Мората ми има остаено впечаток како играч за големи утакмици пред се та сезона со Јуве ко стигнаа финале.. Лукаку баш спротивното.. Со Евертон ги газеше малите екипи.. Со топ 6 го снемваше..

Мората е играч шо би се вклопил во секаков стил на игра..За Лукаку не можам да го кажам истото
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Физичка сила, брзина, прием на топка, градење на топката со играч на грб па и асистенции. Во сите овие категории Лукаку е Ферари за Мората.
Секако, Мората не е ни пола од Лукаку. Не знам како не ми беше јасно ова до сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom