Ако не се зезаш, тогаш фино би било од време на време да пишеш за некои епски натпревари од ПЛ па и Премиершип што ги паметиш, па и интересни работи секако. Освен пишан збор по интернетов тешко е на торент да се најдат дури и документарци.
Верувајте не е лесно после 20 и кусур години , да се сетиш на детали. Тогаш утакмиците идеа на лажиче и се вршеше селекција која ке се дава . Гигс го забележав сериозно некаде 92-3 , пред тоа беше ептен млад а и Фергусон го пушташе дозирано.По мене најдобра година му е 99 може и 96 , но и пред и по тоа имаше јаки утакмици.
Покрај неговиот талент имаше и среќа да му се паднат многу јаки соиграчи , кои одвлекуваа внимание на себа почнувајки од Кантона , Кин , Кол , Јорк. Уште му се погоди созревањето на генерацијата со Бекам, Сколс, Бат, Невил.
Гигс во никој случај не треба да се гледа во денешно светло на играчи глобтротери и гладијатори . Тоа беа сосема други рамки на фудбал и однесување. Фергусон ги гледаше како свои деца , не даваше да трпат никаков притисок од страна .