Coca Cola
Пашламарка
- Член од
- 4 јануари 2009
- Мислења
- 887
- Поени од реакции
- 1.427
APOCALYPTICA ЌЕ СВИРИ ВО СКОПЈЕ ДВА ИПОЛ ЧАСА!
Огромно задоволство ни е да ве информираме дека нашиот план за концертот на АPOCALYPTICA „Plays Metallica by four cellos” да биде најпосетен на европската турнеја, полека но сигурно се претвора во реалност.
Имено, според досегашната продажба, сигурно е дека на концертот ќе присустваат минимум 5000 посетители желни за урбан и квалитетен настан, во комбинација со спектакуларна свирка каква што АPOCALYPTICA секогаш знае да направи.
Дека тоа ни беше и намерата, го докажавме со цените на влезници за овој голем настан, кои се навистина прифатливи за сите генерации:
400 денари ПАРТЕР
600 денари ФАН ПИТ
600 денари SILVER SEATS
800 денари GOLDEN SEATS
1000 денари ВИП
На оваа турнеја, АPOCALYPTICA нема support band поради тоа што концертот ќе трае околу 2 ипол часа.
Продукцијата ќе биде спектакуларна и нема сомнеж дека ова е централен светски настан оваа пролет во Европа и must see event!
Поевтина карта за fucking Apocalyptica не знам дали има на овие простори. Гледав реклама во Србија најевтината карта е околу 2000 динари значи 1000 денари. Не знам како им се исплаќа на Авалон за 400 и 600 денари да ги донесат, можеби очекуваат голема посетеност, иако во меѓувреме се наредија цеца, аца, вики, драгана и слични гадурии што македонската публика ги обожава.
Но како и да е, ќе присуствувате ли? Дечките ќе рокаат само Металика овој пат, вклучувајќи го и Антеро (mr. Cool) повторно по некои 10ина години. Оригинален состав. \m/