@Lurtz за колку време ти стигаат нарачките од Тему? Досега немам купувано ништо од таму, а сакам да порачам некои ситници. Вреди да се купува?
Btw, ова со ДДВ-то мислам го сменија да се однесува на сите нарачки, само за царина имаше разлика под/над сума. Не сум сигурен, побарај по интернетов.
Една нарачка сега август, ја нарачав на 10 август, ми стигна 18ти или 19ти.
Вторава изгледа немале доволно авиони

.
На 12 септември ја нарачав, сега гледам 22 септември departed from the airport ама на којзнае кој аеродром, не иде директно Скопје.
Последната рута кога ќе биде Arrived and prepared to go through customs, тогаш веќе за некој ден треба да ми стигне пред врата, зависи од истоварот и царината.
И 15-20 дена се пристојни за од нарачка до кај нас. Моите чекале и по скоро месец, зависи од гужви, нарачки и летови.
За ддв видов, донеле одлука ама пак и со ддв поефтино ме фаќа неголи од овде да ги земам. А многу производи и ги нема. Моите нарачуваа и порано па ај и мене ми требаше нешто.
За исплатливост
Август пример нарачав 8 тагчиња rewritable 125 kHz (за отклучуваче на тач безбедносна надворешна врата) 100 денари (овде се у wizard системи најефтините еднаш запишливи 25-30 денари.
Handheld Copier RFID Reader Rewriter Smart ID Card Duplicator заедно со 3 тагчиња гратис (што ги кодира тие тагчиња на 125 kHz) за 590 денари. Овде нема таков дупликатор за тие пари.
Тагчиња на 13.56 MHz (имаат 2 различни фреквенции, или 125 kHz или 13.56 MHz) 6 парчиња за 148 денари.
Со дискаунт ми излезе (над 600 денари free shipping) 1137 денари. Овде може да сонувам за такви цени.
Последново домашна метеостаница (температура, влага надво и внатре и часовник) 194 денари
Earbuds bluetooth слушалки со кутивче полнач C кабел за 350 денари
8 парчиња heelpads (меки влошки за патики кај што се кинат кај петицата) за 46 денари
Led лампа за велосипед со доста јако светло USB полнење за 260 денари.
Се за 768 денари. Сосе 18% пак се исплати, 908 денари.
Само не би нарачувал техника или комјутерски компоненти. Некако не сум сигурен. И внимавај на ривјуата да се што повеќе и што подобри.
П.С. ако нарачувате онлајн, обично на мобилната апликација на банката има лимит кој може да го подесите.
За секој случај.
Со среќа нарачките.