Троја со сите критики што ги истрпи своевремено е уште еден од филмовите за кој сме гледале добар филм а не сме биле свесни за тоа, од костимографија, до кастинг до глума. Друг таков филм е Александар а попознат пример ти е Приквелите на Војна на Ѕвездите.
И нема што многу да се коментира, оваа интерпретација ќе има исто толку со Одисеја како што Оркански Височини на Емералд Фенел имаше. Приказна шмиказна, четџпт ќе направи сумарација и гледај мечеви тепачки , јади пуканки итн. Филм за ерата на анти интелектуализамот во која живееме.
Оние што го фалат филмот ги разбирам, едноставно сакаат да се дел од хајпот на нешто, сакаат да го поддржат нивниот омилен режисер, имаат убави сеќавања со бетмен и интерстелар и сакаат пак така да се почувствуваат и критиките не допираат до нив, и нема што многу да се направи, филмот е за нив се надевам ќе уживаат.
Порационални се критиките одколку пофалбите моментално но премногу се мрзливи. Нарекувајќи го само "воук" е глупо и мрзливо. Критичарите ако сакаат да бидат сериозни и да допрат до некого треба поискрени критики да даваат. Кој ќе сфати ќе сфати, другите си се слепи од хајпот и тоа е тоа.