Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Разбирам дека се работи за книги и културна дејност, разбирам емпатија и солидарност, ама треба и да се има предвид дека тоа е фирма што работи профитабилно. И дека не е сѐ вина на инфраструктурата и општината или градот. Ниту пак се тие должни со наши пари да покриваат пропусти во работењето на приватни фирми.

Книгите се чувани на несоодветно место и во несоодветни услови. И самиот Жарко во некое од интервјуата кажа, барем така го разбрав, дека и порано им се слевало вода во магацинот, што е за очекување со оглед дека е во подрум под нивото на главна улицата. Кој е сега виновен што не се сфатиле сериозно овие предупредувања?

Осигурување имале/немале? Ако не, чиј пропуст е? Ако да, може и не е толку страшно како што се прикажува.

Да, штетата е навистина голема, материјална, не е неколку стотини илјади евра, но е надоместива. Не е дека трајно се изгубени уникатни ракописи. Тиражи на книги се, прашање е само на време и средства наново да се отпечатат. А и не треба сите да се печатат, како што секој издавач има наслови што не се продаваат, така и тука сигурно има голем број примероци што само фаќале прашина низ годините.

Страшно е тоа што се случи, особено за љубителите на книги, а најмногу за сопствениците и посакувам од ова да излезат што побрзо и што посилни и со уште повеќе изданија и секако поодговорен однос кон сопствениот капитал. А може на крај и да објават извештај за собраните средства од донациите.

Ете, пишав што пишав, сега пукајте.
 
Разбирам дека се работи за книги и културна дејност, разбирам емпатија и солидарност, ама треба и да се има предвид дека тоа е фирма што работи профитабилно. И дека не е сѐ вина на инфраструктурата и општината или градот. Ниту пак се тие должни со наши пари да покриваат пропусти во работењето на приватни фирми.
Се согласувам со скоро се, освен со ова. Не мора да значи дека е нечија вина тоа што се случи за да добијат обештетување. Земјоделците кога ќе се случи природна непогода, истата не е заради вина на државата или општината, па секогаш се обештетени. Зошто за културата да се применуваат поинакви правила? Чија и да е вината.
 
Mислам дека се согласувам со Мунгус за ова... Помош од држава треба да има, ама во друг вид. Можат да субвенционираат некои трошоци, како за принтање, за такви трошкови, да има државна печатница која нема да работи за профит. И/или да направат еден голем магацин надвор од градот, со соодветни услови, за повеќе издавачи. Едноставно да ја промовираат браншата и печатењето и издавањето книги. Тоа би била помош со умисла и со цел. Со резултати.

Но не и да обештетуваат во сите ситуации лоши одлуки на приватни сопственици.
На пример, во кој универзум е добра идеја магацин за книги да биде во подрум? Извесно таму имаат проблеми со влага преку цела година а посебно во зима. И... Дали сега ќе се преселат или ќе се надеваат на добро време отсега натаму?

Патем истото важи и за земјоделците. Сум за субвенционирање (делумно) за осигурување, пред да се случи несреќа и штета, но и за целосно обештетување. Треба да постојат норми... На земјоделците повеќе им треба организиран - државно организиран - откуп, отколку дифолт субвенции (кои идат само кај некои луѓе, и често кај такви што не ни произведуваат). Државата треба да има агенција која ќе огранизира откуп и извоз на ниво на цела територија, и ќе работи без профит. Итн, итн.

Се разбираме ваљда.
 
Се согласувам со скоро се, освен со ова. Не мора да значи дека е нечија вина тоа што се случи за да добијат обештетување. Земјоделците кога ќе се случи природна непогода, истата не е заради вина на државата или општината, па секогаш се обештетени. Зошто за културата да се применуваат поинакви правила? Чија и да е вината.
Земјоделците немаат избор каде да садат, нивата е таму каде што е. А мислам и дека регулирани се културите што можат да ги одгледуваат, друга ситуација е таму.

Но, фирмите имаат избор каде да ја складираат робата, ако била во магацин на повисоко немало да се поплави. А и не е дека само за културата е различно, еден куп фирми биле дали поплавени дали им изгореле погони, магацини или нешто трето, па не добиле ни донации ни помош, се снаоѓале сами.

Е сега ако поплавата е по вина на општината заради неисчистени шахти или не знам што, тогаш треба да си добијат обештетување, не само тие туку сите оштетени. Ама не може да се очекува за вкупната вредност со оглед дека тој простор не е за таква намена.
 
Како немаат избор? И тие може да (за)купат друга нива како што Жарко можел да (за)купи друг магацински простор. Исто е.

И никој не рече дека треба да им се исплати вкупната вредност, ама 50 000 денари се смешки во боја.
 
Лоша аналогија. Не е дека ниви има да одбираш од десетици, посебно ако имаш своја нива.

Добра аналогија би било одлуката земјоделецот дали да се заштити или да не плаќа осигурување... И не, газдата на книжарницата нема баш некои аргументи за чување книги во подрум. Дури и ако не се поплави.
 
Како немаат избор? И тие може да (за)купат друга нива како што Жарко можел да (за)купи друг магацински простор. Исто е.

И никој не рече дека треба да им се исплати вкупната вредност, ама 50 000 денари се смешки во боја.
Сите ниви се на земја под отворено небо, не? Не се по трговски центри, во подруми, на шести спрат итн.

А колку што разбрав, тие 50000 се помош а не обесштетување.
 
Се согласувам со moongooses, не може да се спореди непогода на отворено небо кај земјоделците, кој што и немаат многу начини да се заштитат од ран мраз или град кога се развиени плодовите, со поплавен магацин кој што бил одбран на лоша локација.
 
Јас се согласувам со moongooses, морал да го води поодговорно тој дел, јас како автор што издавам кај него на крај памет не ми паѓаше дека можело да му се случи вакво нешто, мада да земајќи во предвид некои други работи што ги знам и не ме чуди најискрено од оваа гледна точка. Нека извадат поука сега од ова, и тоа е тоа, не е убаво и да се кука постојано и да се виктимизира, јасно е дека канализациите се проблем, ама на никој друг не му се поплави магацинот, можеби не се до толку спикани некаде сепак другите издавачи. А верувајте ми и тоа како имаат да се покријат од добивка, издавачите ЦЕЛО ВРЕМЕ работат со туѓи пари, и тоа сите не само тој (или авторот си плаќа печатење или државата со конкурсот на министерство покрива ова е во 9 од 10 случаи така). Срце ме боли за книгиве реално и мои книги се во неповрат отидени, ама пак ќе речам - од главата си патиме.
 
И дека не е сѐ вина на инфраструктурата и општината или градот. Ниту пак се тие должни со наши пари да покриваат пропусти во работењето на приватни фирми.

Книгите се чувани на несоодветно место и во несоодветни услови. И самиот Жарко во некое од интервјуата кажа, барем така го разбрав, дека и порано им се слевало вода во магацинот, што е за очекување со оглед дека е во подрум под нивото на главна улицата. Кој е сега виновен што не се сфатиле сериозно овие предупредувања?

Осигурување имале/немале? Ако не, чиј пропуст е? Ако да, може и не е толку страшно како што се прикажува.
За црвеното не се слагам. У 21 век 2026 анно домини кој треба да биде крив ако редовно плаќаш данок а немаш проточна канализација ?
За зеленото се слагам. Ако не е осигуран нема што да бара оштети. А за донации секако кој колку може и колку сака може да помогне.
 
Сосема поразлично е, @Darling . Винчини немале стока која ја спремале во период од 27 години.
Различно е, ама околностите беа многу поужасни за винчини. Нив погонот за производство им отиде, заедно со магацините и стотици луѓе беа во неизвесност за своите работи од кои и зависат животите.
И да во такви моменти знаеме да си помогнеме, затоа верувам дека и Антолог за бргу ќе се врати и ќе го премести магацинот на побезбедна локација.
 
Еве за март 1984, кои книги биле најпродавани во Скопје, а интересно е што може да се спореди и со другите главни градови на републиките и двете покраини.

Штета што нема за повеќе месеци/години, но и вака кажува доста. Социолошки, културолошки...

Инаку, "Чизмаши" тогаш има добиено НИН-ова награда, која секогаш имала големо влијание за популаризирање на некој роман.

HNcRvXzWcAA2vDI

Edit од модератор:
Преместено во соодветна тема.
 
Поголеми Југословени од Македонците немало.
8/10 книги на српски. Чудно само како Зборникот на Миладиновци и Сердарот биле популарни во 1984 и зар не се пишувале и читале македонски романи.
 
Back
На врв Bottom