Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 31.590
- Поени од реакции
- 53.108

Не памтам искрено што пишав у еуфорија дека кончено во СИНГЛ, стелт, имаме претставник на најеминентното тениско натпреварување во историјата, ама само да потенцирам дека ова не е никако наш успех, на Македонија, нема што ние да се китиме со туѓи перја, ова е нејзин личен успех, и толку, она претставува земја која апсолутно курот ја боли за тенисот генерално гледано, и народ кој имаше интерес за овој спорт од саат време денес, за 2-3 дена ќе се заборави дека Лина постои, како и сите други млади таленти кои со оглед дека доаѓаат од тениски затуцана земја, имаат огромна потреба од пари и спонзори, и за лични тренинзи и за билдање на искуство на турнири во странство.
Инаку додека денес Лина играше, тениската федерација имала прес со Калин и не знам таму уште кој, супер тајминг за одржување на прес.
Ова памтам го кажав, во вакви услови да успееш да влезеш во главен ждреб на Вимблдон, малкумина во земјава се свесни всушност каков успех претставува ова кој слободно можам да кажам дека стои рамо до рамо со најголемите спортски успеси што ги имала Македонија, зашто ова е индивидуален спорт, цел товар, цел притисок, цела мука, паѓа директно на грбот на еден човек, личност која во конкрентиов случај имаше точно 0 поддршка од сопствената земја, што не е случај со фудбалери или кошаркари или ракометари.
Уште еднаш, браво за ова, нејзиното име треба да стои запечатено со златни букви во нашата скромна спортска историја, без разлика што нејзиниот настап денес беше краток, никогаш не смее да се занемари овој нејзин успех иако сум убеден дека тоа ќе биде случај, ама нека, пред фактите и боговите молчат на крајот од денот.
