Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Поубаво ќе и беше оваа седмица наместо во Рим челинџерот на земјена подлога да беше пријавена за челинџер турнирот на тврда подлога во Истанбул.
И Палермо следната седмица е на земјена подлога, а веројатно и турнирот во Маспаломас е на земјена подлога.

Подобро ќе беше да играше турнири на тврда подлога со цел подобро да се подготвуваше за квалификациите за УС опен кои ќе бидат за нешто повеќе од 1 месец, за некои 40 денови.
 
Нејасно како Лина успеа да обезбеди учество на Вимблдон. Пак почна серија на порази и пред квалификациите имаше серија на порази. Не сум оптимист дека некогаш ќе се доближи до топ 100.
 
Нејасно како Лина успеа да обезбеди учество на Вимблдон. Пак почна серија на порази и пред квалификациите имаше серија на порази. Не сум оптимист дека некогаш ќе се доближи до топ 100.

Пишав на претходна страница дека требаше наместо челенџер турнири на земјена подлога да одбереше челенџер турнири на бетон за загревање за квалификациите за УС опен за 1 месец.
Ама ете ,, мојата Лина " не ме послуша. ;)
Ајде ако биде моја може ќе ме послуша за следна година во ова време да игра на турнири на тврда подлога.
Минатата седмица имаше челенџер на бетон во Истанбул, оваа седмица има челенџер на бетон во Прага.
Ама тоа е, таа одбра да игра челенџери на земјена подлога во Рим и Палермо во Италија. Потоа ќе игра и на турнир на земјена подлога во Маспаломас, ова како да се подготвува за квалификации за Ролан Гарос. :(
Можеби и е финансиски поефтино да е повеќе време во Италија отколку да патува во Истанбул и Прага, тоа не знам.
Ама пример играчи кои според рејтинг се сигурни учесници на слемовите можат да имаат луксуз и да овој период играат турнири на земјена подлога како Димитров и Циципас ама оние кои ќе играат квалификации за УС опен е логички да сега играат челенџер турнири на тврда подлога.
 
 
 
Back
На врв Bottom