Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Ок, Арсенал освои титула, тоа е што е, честито до искрените навивачи на Арсенал, а знам ги има многу на форумов што долго време патеа и се нервираа, така да ова се вашите 5 минути уживајте, се надевам нема да биде ова само титула за една сезона и после ќе потонете, дај боже и ЛШ да освоите, да го осетите чарот и на таа титула. До ретките, бледи и лити типчиња, кој ве ебе АРСЕНАЛ НА КУРО НИКАД ПОВЕЌЕ ДА НЕ ОСВОИТЕ ТИТУЛА ПОСЛЕДНА ДА ВИ Е!!! :kuracc:

За нас останатите сепак не завршува тука животот, имаме уште една надеж, а тоа е дека Тотенхем има шанси да испаднат во последно коло. Така да стискајте палци момци. :love:
 
Последно уредено:
Сега си вика Артета, ако земав титула со ваква игра, зашто би ја менувал?

Неее, нема да смени ништо во играта, ама играчите ќе се опуштат сега.
Не е само до Артета, укочено играа последниве месеци, идеа само да завршат работа без разлика како ќе биде.

Мој тип е дека многу послободно ќе играме наредна година, ама ќе видиме, финалето прво.
 
Арсенал има празен простор да доминира неколку сезони, конкуренцијата е очајна.

Сити сега се во Јунајтед фаза, сите трансфери утнати, дадена голема сума за нив. Сега треба да се отарасуваат од нив, а тоа е најтешко. Пеп си фаќа патот, а реално го вадеше максимумот од овој тим овие две сезони. Има да потонат сега беа него.

Јунајтед си е Јунајтед, погрешни потези влечат цело време. Сега ќе му дадат договор на Керик кој реално е океј тренер ама не е за големи дострели. Наредна сезона пак може да искочат проблемите на виделина и пак бркање и нов тренер. Веќе видено.

Челзи одличен потег со Алонсо ама треба огромен ременот на задна линија, голман и крила. Не верувам на резултати одма.

Ливерпул, огромна енигма. Ако не се вклопат играчиве и наредна сезона има огромен проблем. Им требаат нови стопери и крила.
 
Прво, честитки на фановите на Арсенал, со оглед на конкуренцијата, заслужена титула.

Генерално, екипа како екипа, можда повеќето нема да се согласат, една од најслабите екипи што во последно време освоила ЕПЛ, од фудбалска гледна точка.

Артета ја потпре цела екипа на одбраната, што им е најсилна алка, и кои што влечеја конци и напред и назад.

Титула си освоија со Зубименди, Мерино, Тросард.. Сака што го немаше цела сезона, Џокереш кој што немаше бројки како Халанд, Агуеро, Дрогба... но успеа Артета се ова да го склопи и да истера до титула.. што не е потфат за потценување во секој случај.


Ако не се случи нешто спектакуларно следна сезона, очекувам пак Арсенал да е главен фаворит, а надежно да нема голема разлика во поени до крај, па да гледаме пак трка за титула до 37/38 коло.
 
Честитки само на братот @FilipMKD007 :smirce:
Од старт веруваше во титула и прецизно си го истипува крајот на ПЛ
Се надевам и во ЛШ ќе се израдуваш
 
Мислам имам пишано претходно дека долги години Арсенал ми беше омилен клуб, на страна нели моето навивање за Интер, особено во Венгер ерата каде цело време Арсенал играше убав и атрактивен фудбал и нон стоп вадеше добри играчи. Не дека сега не ми е драго, ама најискрено последниве 6-7 месеци мислам дека не постои човек што уживаше во нивната игра, али на страна се, тотално заслужена титула, издржаа кога најмалце очекувавме, а тоа е после поразот во директниот дуел со Сити каде реално сите очекувавме да чоукнат Арсенал и да се дораспаднат. Напротив, издржаа машки, добија убер тежок меч против Вест Хем на гости кој гребе за опстанок и пар други заебани мечеви, а Сити од друга страна се избламираа со Евертон и вчера со Борнмут.

Се надевам дека ова ќе е тригерот што ќе ги пушти од стегите под кои играат 70-80% од сезоната и дека од следната ќе почнат пак да играат атрактивен фудбал како што доликува на клубот. А и согласно последните дешавки во ПЛ, одењето на Пеп, мислам дека ќе се изразит фаворит за повторно освојување, освен ако не ги задеси некоја катаклизма со трансфери што не би требало да е случај зашо се финансиски стабилни.

Честито Топџии! Сега веќе не сте ретки, лити и бледи типчиња. :ROFLMAO:
 
Znaci u nedela imame Pep i Salah farewell, znaci titulata na Arsenal pagja u tret plan. :D
 
Милев брат остај го СЛ што пецка, и Салах и Пеп имаат многу придонесено во лигата и баш ми е мило што со нив делиме спотлајт во ист ден. Нека се памти денот по сите 3 работи. Пеп особено сакам да го испочитувам, бидејќи никогаш нема збор речено за Арсенал ниту потпаднато на новинарските притисоци и провокации во врска со Арсенал/Артета. Многу е посличен со Фергусон по тоа прашање отколку со Мурињо. После натпреварот вчера прво што изјави е дека играчите и навивачите на Арсенал ја заслужија титулата и честита во име на Сити. Господин човек, се најдобро понатака и голема благодарност на тоа што влијаел Артета да се оформи како тренер.
 
Бреј што фан база низ Африка…
 
Јас сум можеби единствениот фан на Артета на форумов.

Искраено не се сложувам со тебе, мислам дека Артета ќе успее да го дигне квалитетот на тимот, ми се свиѓа пред се проектот со млади талентирани играчи, Вајт и Габриел централно, Тирни лево, Локонга везњак, ЕСР, Сака и Мартинели офанзивно. Само добар млад шпиц некако ми фали. Не верувам Артета да е крив заради бледите изданија на Оба и Лаказет.
Со оглед на целата ситуација, без Европа мислам дека најпаметно е да се форсира подмладување, и така и така без ЛШ многу тешко се носат класа играчи, зашто да се фрлаат пари на веќе испукани пушки или да се истураат торби пари на плати, боље нека се искористат ЕСР, Сака и Мартинели до максимум, Локонга може ќе блесне и ќе се добие добар партнер за Парти, Вајт исто. Идеално би ми било
Честито титула топчиња.
Нека се множат.
Требаше време ама вредеше чекањето на Артета.
 
Back
На врв Bottom