- Член од
- 1 јули 2008
- Мислења
- 2.070
- Поени од реакции
- 2.194
- Возраст
- 34
И јас ја гледам сеуште. Идејата беше на жена ми баш заради романтичниот дел што го спомнаСе сеќавате дека на некој начин популаризирав некои релативно постари серии тука кои некако беа overlooked, па помнам колку ми се заблагодаруваа за Yellowstone (и придружните серии), а после и за Slow Horses. Па ајде да пробаме уште еднаш. Да му верувате на чичо Златко што ви кажува!
Outlander - мислам дека е серија која многу неправедно ја имате исфрлено од радарот. Искрено не знам дали освен јас и @MAJA 345 некој друг од тука ја има гледано, зашто никој не коментира во темата. Ама сега, кога речиси се ближи кон крајот (уште 3 епизоди останаа од последната, 8 сезона), сфаќам дека е една од сериите кои немаа пад. Константно добра е, од почеток, до крај. Е сега, верувам дека тоа што ве одвраќа најмногу е делот „романса“, ама не е само романса. Outlander наједноставно кажано е романтична историска драма со елементи на научна-фантастика (патување низ времето). Во таа мера, loosely е мешавина на, рецимо Dark, Boardwalk Empire или Downton Abbey и Sex and the City. Значи од сите овие има по нешто. Ако сакате серија од која ќе научите многу за историски случувања во Шкотска, Англија и САД во 18 век, ќе се изнагледате секс ии ќе уживате во фантастичните елементи - дајте и шанса. Ова е серија што се бинџа, затоа немајте гајле што е речиси пред сам крај.
P.S. Дисклејмер: има една не многу значајна линија во приказната која вклучува лик кој е хомосексуалец, ама мислам дека не е направено да делува како пропаганден материјал. Самата серија е екранизација на романите на Дијана Габалдон во кои исто така го има тој лик, па ете ако обвинувате дека некој е woke, Габалдон обвинете ја. Како споредба - нешто во стил на Ренли Баратеон во GoT е приказната со овој лик (само што нема геј секс сцени, таму имаше). Црнци има многу малку, а и таму кај што ги има, се во незначајни епизодни улоги или како статисти.
Дајте и шанса! Верувајте ми!
таа се откажа после неколку епизоди... јас не
Одлична серија, најмногу ми се допаѓа заради историските аспекти и глетките од Шкотска и Америка од тоа време, и како се живеело таму. И патувањето низ времето е супер претставено, колку и да е нереално. Се на се, супер приказна и ми го задржа вниманието 8 сезони.

и ќе уживате во фантастичните елементи - дајте и шанса. Ова е серија што се бинџа, затоа немајте гајле што е речиси пред сам крај.
