Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 26: @Mud - Македонците не заслужуваат самостојна држава)

Македонците не заслужуваат самостојна држава!

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Nova tema: Abortusot treba da se zabrani, da bide dozvolen samo vo slucaj ako e zagrozen zivotot na majkata ili pak bebeto e zacnato pri storeno krivicno delo. Vo bilo koj drug ostanat slucaj da se zabrani i strogo da se kaznat doktorite koi ke izvrsat abortus, odnosno zatvorska kazna i odzemanje na licenca za doktor, kako i zatvorska kazna na majkata koja ke dozvoli abortus....
470641089_10170425332480483_493885589022060519_n.png



За тие што не сфаќаат истиов закон и тоа од збор до збор пред скоро 10 год беше донесен во Полска.
Автоматски споено мислење:

Од литературни зборови само родум и простум не ми се сфиѓаф.
А што ќе кажеш за ничкум ?
 
Последно уредено:
Nova tema: Abortusot treba da se zabrani, da bide dozvolen samo vo slucaj ako e zagrozen zivotot na majkata ili pak bebeto e zacnato pri storeno krivicno delo. Vo bilo koj drug ostanat slucaj da se zabrani i strogo da se kaznat doktorite koi ke izvrsat abortus, odnosno zatvorska kazna i odzemanje na licenca za doktor, kako i zatvorska kazna na majkata koja ke dozvoli abortus....
Така ќе се реши и демографското прашање. Само убивањето на неродените бебиња, во ваквата општествена поставеност, за жал, е нормализирано.

А нема ни политички интерес да се реши ова горчливо прашање, па нека молат луѓето да се враќаат од странство, нека даваат пари за седмо дете, нека даваат еднократна финансиска помош, нека фрлаат пари во ветер за мерки и ефекти кои нема да дадат никаков резултат.
 
Predlagam @Lester Freamon da ja predlozi slednata tema.
Имам еден куп контроверзни идеи, но оваа мислам дека е најрелевантна за тука, и се надевам дека нема да остане само како идеја, туку некој нормален и паметен ќе ја прочита и ќе проба да ја воведе.

Да се откажеме од аплицирањето во ЕУ, да си останеме во НАТО и да станеме даночен и бизнис рај?

Инспирацијата за даночен рај доаѓа од држави кои со вакви политики се трансформираа на подобро (Сингапур, Естонија, Ирска), но и од логиката дека не постои фирма, ниту човек во светот што сака да плаќа даноци. Небитно од каде се, небитно на идеологија, раса или вера, сите ги мразат даноците.

Бидејќи за се друго очигледно не не бива, а плус немаме ни население, зошто да си губиме време, нерви и ресурси за да не примат во некаква унија која и самата едвај функционира? Зошто целиот развој да ни зависи од нешто што очигледно не е во наши раце? Плус, со ова, би ги затвориле сите геополитички глупости за кои се преговараше последните 30 години. Едноставно, не се замараме ниту со Бугари, ниту со Грци, нека си џавкаат, нека се закануваат со вето, или со што им душа сака, ние си тераме свое.

ЕУ апликацијата ја ставаме на страна. Не мора формално да се откажеме ако тоа би повлекло пенали или слично – доволно е да имаме само мал тим од најнеспособните луѓе кои ќе им го губат времето на Европјаните.

НАТО си останува, и за оваа идеја е клучен. Со тоа што чичо Сем е со нас, имаме гаранција, па инвеститорите не се плашат да донесат капитал.

За да ја направиме Македонија даночен и бизнис рај, мислам дека треба да се фокусираме на неколку клучни точки.

Прво, целосна приватизација и дигитализација на административните процеси. Се што не е поврзано со суверенитет, безбедност и судство оди во приватен сектор, а цела документација и се што е од страна на процеси се унифицира и дигитализира. Нема повеќе влечкање со месеци и мито, нема читање на истиот закон на 100 начини во зависност од институцијата, општината и слично, нема нејаснотии на одговорности помеѓу институции. Фирмите кои ќе ги преземат вработените ќе се платени по завршена работа, што значи го решаваме и делот на продуктивноста, и на намалување на трошоци. Колку повеќе и побрзо се сработи, толку повеќе ќар за фирмите, а тие ќе им најдат чаре на вработените за да работат. На овој начин администрацијата се намалува, продуктивноста расте, а бројот на потребни луѓе за истиот резултат ќе биде многу помал од сега, и плус би наредил да ги ротираат вработените од една на друга локација (унифициран систем) со што нема да имаат простор за да пуштат корени и индиректно ќе се намали корупцијата (и се намалуваат манипулациите со избори, помалку партиски војници).

Второ, изградба на платежна и финансиска инфраструктура. Итни интеграции со Tier 1 банки, внес на сите големи странски платежни системи, изградба на домашни системи слични на Stripe со ниски трансакциски трошоци, крипто плаќања. Како дополнување на ова, стабилизација на документацијата и регулативата: даночните стапки и клучните правила да бидат замрзнати со закон најмалку 15–20 години, без ад-хок промени, со цел сигурност и простор за долгорочно планирање и олеснување на интеграциите. Регулативата мора да биде едноставна, стабилна и без политичко мешање, со преведувачи достапни во секоја клучна институција за да се обезбеди висок ниво на услуга за инвеститорите.

Трето, маркетинг и дијаспора. Сите ресурси што ќе се заштедат со намалување на активностите кон ЕУ и слични проекти да се реинвестираат во маркетинг за да стигне информацијата до оние што имаат потреба од ваков сервис. Дијаспората ќе биде активирана како продавачи и маркетери, со бонуси за секој успешен привлечен инвеститор. Веќе ги имаат контактите, дел од нив работат со такви фирми, па се зголемува шансата за успех.

Што се однесува до даночната политика, некои прости и брзи промени (сигурно има попаметни начини, ова само го нафрлам): на паричен капитал од странство кој само се процесира во Македонија и ја напушта државата - ќе се плаќа данок 10%, но ако се инвестира во локални бизниси, недвижности или други реални активности што придонесуваат за економијата, данокот е нула. За големи инвестиции, државата ќе обезбеди земјиште за градење со право на користење 30 години, без дополнителни надоместоци и со брза проектна документација, но со услов градбата да се заврши и бизнисот да стане активен во рок од 2 до 5 години (јасна регулатива што значи активен бизнис и редовни проверки ако има нешто сомнително). За високо профитабилни индустрии, или индустрии кои ќе не стават на мапата за уште поатрактивна локација, би ставил и екстра бенефити.

Дополнително, воведување на брзи визи за странски работници кои ќе може да работат во инвестициите. За да се осигура дека нема да го рушат пазарот, да се воведе систем по кој ќе се одредува и минималната плата за таа индустрија и за специфичната позиција, кога ќе се внесе во агенција, да се провери дали платата му е според националниот стандард во таа индустрија и сениоритет, ако е помал, се бара корекција.

ДДВ да се намали од 18% на 5% за сите производи што моментално се оданочуваат со 18%, што ќе го стимулира прометот и потрошувачката, а државата ќе добива преку волумен, не преку колење како сега.

Добивката кај фирмите целосно се укинува. Државата добива данок само од персонален данок, или 10% ако парите се вадат надвор.

Платата се менува како бруто, и задолжително стои и на огласи како бруто, а секој си одредува колку и каде ќе допринесува, со некоја си фиксна минимална сума. Ако смета дека му е паметно да плаќа минимална сума за пензија, и да ги користи парите сега, нема проблем. Исто пензискиот фонд би го реструктуирал по примерот на Австралија, ако не ги исполнуваш условите не те следува државна пензија, а парите се третираат како менаџиран фонд.

Изградба на клучна инфраструктура со јавни-приватни партнерства, наместо да се задолжуваме за да изградиме одреден инфраструктурен проект, се наоѓаат модели со кои се инвестира комбинирано. Пример кој би го започнал завчера е железница, ако немаме идеја, кадар и пари за да ја подобриме и изградиме, нека ја модернизира некој од надвор. Понатаму тука влегуваат оптички интернет до секоја објект во државата, аеродроми во повеќе градови, гасни централи, автопати и тн.

Правилата против криминал и перење пари ќе останат строги. Ова не значи дека ќе станеме дестинација за картели или нелегален капитал, туку целта е Македонија да стане хаб за мултинационални корпорации и приватни лица кои легално ќе ги оптимизираат своите даноци преку нас, со директен економски бенефит за државата.
 
Јас сум ЗА. Веќе триесет години трошиме енергија и време на нешто што не дава резултати. Само преговори, извинувања и исполнување на туѓи желби. Мислам дека на сите ни е јасно дека нашиот напредок не зависи само од нас туку од неиои туѓи вета и политики на други држави.
Треба да престанеме да се однесуваме како жртви на политиката и да си ја превземиме судбината во свои раце. Колку би било убаво да престанеме да бидеме последното тркало во Европа и да си направиме сами силна економија тука.
Е сега, дали е сето ова изводливо кај нас со овој менталитет и овој систем, искрено не знам, ама вреди да се проба нешто ново бидејќи ова старово очигледно не функционира.
 
Јас сум ЗА. Веќе триесет години трошиме енергија и време на нешто што не дава резултати. Само преговори, извинувања и исполнување на туѓи желби. Мислам дека на сите ни е јасно дека нашиот напредок не зависи само од нас туку од неиои туѓи вета и политики на други држави.
Треба да престанеме да се однесуваме како жртви на политиката и да си ја превземиме судбината во свои раце. Колку би било убаво да престанеме да бидеме последното тркало во Европа и да си направиме сами силна економија тука.
Е сега, дали е сето ова изводливо кај нас со овој менталитет и овој систем, искрено не знам, ама вреди да се проба нешто ново бидејќи ова старово очигледно не функционира.
е па имаше пред 2 дена мислам, председателката спомнала да се концентрираме на европеизација, а формалното зачленување да не го форсираме....ама одма се јави еден ќутук ох МНР дека единствен пат за Северџанија е само влез во ЕУ.... А познато е дека Исланд ја врати Апликацијата уште ПООДАМНО, ама кога сака може да аплицира и влезе по Скратена програма !!!! Јасно е дека Блгарија која некаде 1896 во парламентот издвоила 500.000 француски франци (наполеони) за спонзорирање на угледни македонци да се изјаснат како блгари, не се одкажува од таа шема ни денес, освен тоа пла ќе а луѓе од цел свет. за негирање на мкд идентитет и јазик и перманентна булгаризација.....
 
Значи буквално 5 документи требаше да прегледаат од едно министерство, дали се во ред и да дадат согласност, 20 дена во архива им седеше, 80 дена подоцна, на согласноста 9 души потпишани прегледал, одобрил, напишал, изработил ми го дадоа.
И ако не им се јавиш нема ни да те известат дека е готово.
И сеа треба да се занимавам со амбасади оти виза нема да се издаде, а на човекот ќе му поминат 90 дена во државата, стан да откажувам...
Ќе ти речат зошто не си чекал...ако те чека 666 месеци нема да дојде кај тебе славице

Не е дека 5 милиони документи требаше да прегледаат, не за еу, за нигде сме
 
Јас сум ЗА. Веќе триесет години трошиме енергија и време на нешто што не дава резултати. Само преговори, извинувања и исполнување на туѓи желби. Мислам дека на сите ни е јасно дека нашиот напредок не зависи само од нас туку од неиои туѓи вета и политики на други држави.
Треба да престанеме да се однесуваме како жртви на политиката и да си ја превземиме судбината во свои раце. Колку би било убаво да престанеме да бидеме последното тркало во Европа и да си направиме сами силна економија тука.
Е сега, дали е сето ова изводливо кај нас со овој менталитет и овој систем, искрено не знам, ама вреди да се проба нешто ново бидејќи ова старово очигледно не функционира.

Македонците се преубав народ.
А сум видел многу други. Толку повеќе имам право да го тврдам погоре напишаното.
 
Македонците се преубав народ.
А сум видел многу други. Толку повеќе имам право да го тврдам погоре напишаното.
Убавината ја имаме, време е да го вклучиме и мозокот. Како викаат…не добива убавиот, туку паметниот. :D
 
Добро, даночниот рај се манифестира врз база на местото на регистрација/фиктивното седиште, кое не мора да резултира со реални работни места. Но од друга страна, веќе има активни политики за сузбивање на овие даночни раеви.

Воздржан поради нато. Не сум за членство во овој воен сојуз. Идејата зад креирање на истиот е контратежа на Железната завеса, каде по завршетокот на студената војна, требаше за згасне и оваа воена унија, затоа што згазна и целта зад нејзинот формирање. Сега е инструмент, алатка, за креирање на нови блоковски поделби.

Сметам дека секоја држава треба да си ја креира својата економска политика, пред се заштита на сопственото производство и трговија, дали преку антидампинг мерки, контрола на увозот, поставување на стандарди или субвенции на производство. Но дел од политиките треба да се универзални, стимулирање на трговија, трговската размена со цел обострана благодет.

И да, треба приватизација на рудниците, пред се оние на злато, и истото да биде дел од државната резерва.

Инаку, Македонија има поволна бизнис клима, ниски даноци, лесна регистрација на трговство друштво, па и ниски плати во однос на државите во Европа, мал број на регулативи, а тука се и вкалкулираните даночни придобивки за инвестирање во ТИРЗ зоните (едно време имаше целосно даночно ослободување првите 5 години). Поради други причини постои демотивација и незаинтересираност за инвестирање во оваа држава.

Македонија одамна требаше да ја напушти преговарачката маса, ама ќе загуби и дел од финансискиот колач (читај ИПАРД) кој е од голема корист, пред се, за земјоделците со поголемите посеви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom